цената за изградба на куќа во Словачка е 1100 евра/м2, дали е можно да има толкава разлика во цената? https://www.daibau.sk/ceny/novostavba
Како се оваа сезона цените за градба карабина фаза? Поточно мене ме интересира за доградба на 2 кат, има плоча само доградба на 2 спрат. Дали некој знае од прилика моментално цените како се движат? ...се надевам малку се стабилизирани во одност на лани кога беа безбожно скапи.
И уште едно прашање што ме мачи. Куќата е на 1 спрат, има поставено плоча за 2 спрат, ние сакаме да надоградиме 2 спрат или поткровје. Е сега дали дел од материјалите од постоечкиот кров можат да се искористат повторно. Инаку куќата е релативно нова изградена пред 4 години, во смисла здрави се сеуште греди, ќерамиди, изолацијата на кровот...па колкав процент од материјалите би можело повторно да се искористат?
За кровот ке искористите 80 посто се од матерјалите Видете само дали постоечкиот спрат има јачина на темели и стубови да носи уште еден кат
Градел некој последнава година? Документите ни се предадени во општина и чекаме дозвола. Планот ни е да најдеме изведувач што ќе ни изгради карабина, па потоа чекор по чекор до завршна фаза. Е сега прашањето ми е каде да најдам изведувач што би изградил карабина? Барав на нет и информациите се оскудни. Се работи за Охрид.
Здраво, се размислуваме за куќа па ме интересира дали скоро некој има правено. 1. Размислуваме да се стави уште една плоча за дигање уште еден спрат (статиката е ок), дали некој знае цена за ова од м2. 2. Цена за фасада (стирпор 8ца) од м2. 3. Гипс работи внатрешно 4. Изработка на кров м2
Ај да пробам чисто орентационо да ти приложам цени со оглед на тоа шо матерјалите и работна рака ти се изгор кров ставав пред месец сега а плоча ставав лани ова време КРОВ За кровот се зависи од желба Работна рака од квадрат ти е 12 е без ковање даски 15 со ковање на даски Матерјалите ти се некаде 35 до 50 е од квадрат Значи кров ти е некаде 42 до 65 е од кв Додуша се зависи каква керамида сакаш енгоба или обична црвена или црна капак каков дали ек ставаш хартија под капаците Плоча ти е 45 е квадрат се вкупно рака и матерјал зборувам за масивна плоча плус стави тука и стубови фасада 8ка ти е 28 е од квадрат 30 ти е десеката поскапи се стубовите горе доле стави 600 е готова кука од квадрат
Zdravo da prasam dali e vozmozno da se transformira 100m2 vo 120m2 i sto treba da napravam za da bide odobreno.Znaci na postoecka kuka noviot plan e 100m2 a jas sakam da go prosiram na 120m2 plus sakam od p+2 da ja napravam p+3 bez krov
Ако нема одобрение за рушење на објект - куќа, а таа е скоро цела бесправно срушена со остатоци од рушевини, значи веќе не е објект, со намера да изгради нова на исто место без одобрение за градба - дивоградба, Кој се може да пријави БРИШЕЊЕ на право на сопственост на срушен објект во Kатастар и како е постапката и што понатаму значи тоа?
Е па сеа зборот карабина не го разбираш изгледа Темел ѕид плоча Ако имаш друг спрат и друга плоча имаш плус квадрати И кровот е плус квадрати
Ве молам добар архитект за помодерен стил на куќа без кров со стаклен дел И од која фирма за градба сте задоволни?