Сега ми е јасно ,добро вие имате премногу тераси. Јас би имала една. Би било поскромно во секој случај. Преубава ви е куќата,со здравје да си седите
Зависи кој ти ги става и како ќе ти го постави цел систем. Поставувањето е најбитно. Има луѓе што работат дополнително (без главниот човек што го осмислува поставувањето на целиот систем) и го наплаќаат поевтино. Меѓутоа, се јавуваат доста проблеми и ако не можат да ги решат ќе го викнат овој што знае, и секако дека си наплаќа за тоа. Што значи, поевтината опција не секогаш се исплаќа. Среќно!
Пумпите се 10 000 ЕУ. Не вреди. Ќе се исплати дури за 20 години. Ставивме пелети. Стави подно низ цела куќа и пелети. Орбис имаш и од мене препорака. За 5 месеци имав куќа на два спрата клуч на рака со наше влечкање за 6 месеци се вселивме.
Размислував и јас за пелети,како поевтина варијанта. Пумпите ги гледам движат околу 2000е,што е поисплатливо. Колку трошите пелети за 1 сезона? И колку ви искочи куќата за м2 од Орбис за клуч на рака? Човекот беше многу фин,се убаво објасни,па рече и да не ти градам јас,слободно кога ќе купиш плац,јави се за совет,да дојдам да видам
Ние пред 7 години ја направивме и не може сега да се спореди со цените. Може зборуваме за различни пумпи, не знам. Знам дека тогаш за нашата куќа беше 10 000 ЕУ, ако е 2000 маж ми сега ќе отиде да купи Пелети за 140 отприлика што го грееме се тон и пол. Зависи од зимата. Ама нас куќата ни е на сонце, огромни прозори и топла е. Зависи и колку сме дома, у 5 дури палиме, оти сме цел ден на работа. 550 ЕУ квадрат е страшно поевтино од 2000 ЕУ у град. Плус мирот и дворот.
Супер е цената, на 110 кв ти е океј за мала куќа и мало дворче, само пази дека мора 3м да си оддалечена со куќата од друг плац. Да не е лоша позицијата. Убаво ти кажал Орбис, нека види плацот пред да дадеш пари. Ако мисли дека може куќа, ова ти е супер одлука, за овие пари стан не наоѓаш, а куќа е уживање.
Ќе те замолам за информација кој ви го местеше подното, и што наместивте врз него ( плочки, ламинат, паркет... ) Ние сме во фаза на градба и стигнавме до делот греење, а подното ни го препорачаа како најдобро.
Јас исто се распрашав за греење, мене па сега ми препорачаа, мулти сплит систем за греење и ладење. 1 надворешна единица и 2 до 3 внатрешни единици(клими). Ова би чинело од 100.000 до 120.000 ден, за 80м2, и во зависност од распоредот на куќата. Чекам точна понуда па ќе споделам. Инаку потрошувачката на струја би била до 3500 ден мах месечно,во најјака зима. Најдобро за да се постигне добро греење и ладење, треба да има 10ка изолација и кров 25см изолација. Инсталацијата се поставува пред фасада и пред мачкање на ѕидови внатре или ставање гипс. Се надевам дека добро објаснив
Пред малтерисување ѕид внатрешно оде инсталација струја вода П.с стави си и габаритно црево за кабел за тв Па имаш плочки лепење па собни врати па обелување па местење фина пластика т.е штекери прекидачи,па мебел и санитарии
Да,да, знам дека и вода и струја оди пред малтер, тв не имав во предвид,ама сигурно електричарот знае
Може знае ама ако чекаш на мајсторите без пола работи шо требаат ке те остават Затоа информирај се и кажувај шо сакаш да,се изработе