1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градење куќа

Дискусија во 'Дом' започната од Cka, 15 август 2018.

  1. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Постои ли уште опција во општина за откуп на општинско место?
     
  2. Ni998

    Ni998 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Некој да живее во Сопиште, или над Сопиште (соње), да каже мислење за тој дел, за градење куќа. Дали барем таму, воздухот е почист, или е како во лисиче.
     
  3. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    319
    Воздухот осетно е почист на крај на Сопиште, над општината.
     
    На Ni998 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Dora invest имаат некоја нова понуда 10евра од ден рата за куќа, некој да не има повеќе инфо?
     
  5. christi

    christi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите,
    сакам да ве прашам дали е подобро монтажна куќа или цврста градба?
    ме интересира и квалитетот на монтажните куќи кои има да сподели искуство ..
    Фала вии
     
  6. Ni998

    Ni998 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Ако правиш од нула, само цврста градба, со сендвич ѕид. Исто така, нема штедење на изолација во кровот, и добри прозори.
     
  7. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Машки
    Зависи што бараш, кај градиш и едното и другото си имаат предности и недостатоци..
     
  8. christi

    christi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Немаме искуство бидејќи живееме во зграда и сакаме да си изградиме своја куќа.
    Дечко ми има живеено во Германија, таму има многу монтажни куќи па од таму ни е и целата дилема, иако јас се сомневам во квалитетот на тие и нашиве монажни куќи во мк ....
    мислиме дека предноста е во тоа што се поефтини и што побрзо можеме да се вселиме но пак ке кажам немаме искуство и знаење затоа барам помош :)
     
  9. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Машки
    Монтажна куќа може да биде и од бетон, дрво, челик. Многу побрзо се градат, многу побрзо ќе се веселите, цената зависи од материјалот мислам дека челикот е најскап, исто така од изолација и ред други работи... За квалитет дрвото е со најмал рок на траење најтешко за одржување, челикот мана му е корозијата ама си има решение за тоа, куќи кај нас многу малку од челик се градат поради тоа што е скап си бара специјални заварувачи, најчесто се користи само за хали. Бетонот ако е како монтажно си одат посебно и столбови, греди, може и споени рамки некогаш цели, плочите се лиат генерално на лице место, недостаток е што има одреден број калпи во фабрика, односно нема можност за секакви форми ограничен си со тоа.
    Ако сакаш класична куќа како кај нас од армиран бетон подолго оди градењето, повеќе отпад, не си ограничен со форми секаква оплата се прави, врските се поцврсти, повеќе знаење и искуство се има со нив бидејќи почесто се градат.
    Мој предлог ако ти е за куќа не ти требаат непотребен трошок и не оди со челик, единствено ако не сте ептем големи љубители, немаш никаква предност, предноста на челикот е во тоа што е многу лесен и најчесто е за габаритни обијекти, кај што ти требаат помали пресеци а поголема носивост..
    За цена не сум сигурен ама мислам дека монтажните поскапи се кај нас не ме фаќај тука за збор не сум толку искусен за цени.
    Што и да избереш за куќа за семејно домување за носивост се е добро. Најдобро ти е бетон кај нас, ако ти е на еден па и два спрата можеш и ѕидарија да ја направиш.
    Ако за нешто подетално те интересира прашај можам до утре да ти кажувам. :rofl:
    Само за цени немој, а за квалитет, својства начин како се гради прашувај колку сакаш..
     
    На Cutiepie123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    9.351
    Женски хелп од некој што куќа гради. :D

    Гледаме куќа да купиме.
    Куќата е карабина на два ката, без кров.
    Колку отприлика чини кров по м2?
    Колку чини фасада надвор, и внатре до фина изработка?
     
  11. Attenzione

    Attenzione Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    Кров само работа рака ти е околу 18 евра по квадрат, за 100тина м2 со материјал околу 5000 евра
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    179.403
    Еве ти мој есап па рачунај
    Кров 225 кв 10.000е
    Фасада 10ка 30е квадрат
    Карабина е најлесно да направиш т.е наефтино
    После се парите
    Струја вода инсталација сигурно 15.000 ке фате за 2 спрата
    Прозори врати (20-25.000) па мачкање внатрешно (5- 7.000)
    Па собни врати (џависи колку имаш ама рачунај 20 по 250 најефтино да минеш
    Плочки под вц кујна
    Па тек вц
    Ова накратко
    Карабина ако земаш гледај да не ти наплатат од 250 300 е по квадрат
    А за цела готова рачунај со намештај 1000-1100 од кв
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    9.351
    Јас кров да и ставам и цела да биде мачкана и со изолација надвор, па после отом потом. Не ми е за стално живеење, али е на два ката и барем долниот сега сакаме да го средиме. Горниот кога ќе има потреба понатака постепено.
    За мебел знам, два стана средував во последните 4 години, ама беа готови веќе.
    Затоа овие градежните работи не ми е јасно како одат. Околу 120 квадрати е, значи 7000 за кров стартно да си ги сметам. :D
    Сите ми викаат будала дека сум што сакам пари и време да си губам за куќа во која не живеам... Зарем толку многу главоболки се?
    Првична идеа ми беше плац (веќе го имам) и монтажна куќа, се' да биде готово за кратко време. Ама ова сега излезе баш примамлива цена...
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    179.403
    Колку на колку е куката ?
    И која цена ти ја даваат
     
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    9.351
    Не знам точни димензии, утре во урбанизам ќе ми ја проверат цела документација.
    Според катастар, 132 м2 е куќата плус двор 289 м2. Цена е 25к.
    Со тоа што во овие 132 м2, околу 90 м2 е карабина на 2 ката, а 40 м2 е залепена од една страна постара куќа на еден кат (дневна и вц), која уствари ја користат кога си идат од странство луѓево.
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    179.403
    90 кв доле 90кв горе?
    Или се на се њ 132кв


    Ако веќе имаш плац оти не си градиш наново?
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    9.351
    П.с. И долниот кат на карабината е граден од камен само. Така си сакале...
     
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    9.351
    Да 90 горе и 90 доле.

    Зошто треба јама првично, сите куќи околу се со јами - нема канализација иако се плаќа и тоа...
    И земјен пат е околу 200 м на крај, кој знае и кога ќе се асфалтира...
    Веќе некоја година чекам, и абер нема општината, во минус е буџетот.
    А инаку плацот кај што ни е е преубаво, малку на повисоко и при крај на градот. И нема толку куќи изградено. Баш за што ни треба - да се одмориме е супер. Ама ми бактиса чекајќи да средат од општина.
     
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    179.403
    Не ти е скапа карабината
    Друг плац те разбрав дека имаш
    Зошто таму на ново не си почнеш
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    9.351
    Да, друг плац имам. Ова со јама и пат што зборам е за плацот мој. Плацот е празен, со маркица за градење според урбанистички план. Ама ме кочи многу што нема канализација, што нема пат со асфалт. Мислам дека ќе биде сето тоа дополнително поголема инвестиција

    А карабината што се продава си има се' до нејзе - вода, пат, канализација.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.