Здраво луѓе, баш ми е мило што гледам вака активна тема. Некој да не имал искуство во скоро време па да може да ме просветли колку би чинело од карабина до клуч на рака за куќа од 230 м² тотал. Груба проценка...
Покрив на 4води ,приземна 120м2 , колку би чинел со ќерамида колку со метални панели ,а гледам и некакви метални ќерамиди со камен гранулат? Некој искуство да сподели? Ќерамидата воопшто не ни е ниту во план бидејќи мислиме дека ќе чини многу повеќе. Можеби и грешиме. Архитектот не убедува за скриен покрив ,но мене во тој модерен стил куќата ми изгледа како недовршена,такава без видлив покрив... Под толку мал агол вентилацијата е сигурно полоша во однос на другите покриви,а и тесниот простор ограничува доколку има потреба од некакви понатамошни поправки... Целата сум прашалници
Со ќерамиди околу 5.000-7.000 евра. Цената варира зависи и од работната рака. Треба да земиш и дрвени греди, а ќерамидите мислам една беше 34-36 денари а имаш и од 40+ ден.
Само за материјалот за покривање прашувам. Ме интересира дали навистина има заштеда доколку се стави друг материјал од ќерамида.
Какви поточно? Гледам има различни. И која им е цената на парче ли се на квадрат или помали димензии?
Плехот е поефтин од обична ќерамида, ама не и секој плех е ефтин, зависи каков сакате, оти има и пластифициран и обичен. Но сепак и за него за да се заштрафи ќе мора да ставите дрвени греди за да стои плус црна хартија како филц. Разликата меѓу плех и ќерамида е околу 25-40 евра м2 комплет материјал. Но се си има своја предност, плехот можда е поефтин но не е толку траен. За време на дожд ќе слушате тропање, ако фати невреме и град може да има оштетување за разлика од ќерамидата која е тврда и печена.
Метални ќерамиди со гранулиран камен , наводно самата облога го пригушува,намалува звукот. Ама ме нервира што никаде нема цени. Некаде и не пишува димензии дале е тоа квадрат, дали е помало...па решив тука да прашам кој има искуство. Од разговорот со архитектот кој го изработува проектот се исфрустрирав бидејќи вели поскапо е со ќерамида а колку е тоа поскапо не знае да каже. Можеби овие металните ќерамиди со гранулиран камен и да се приближно иста цена со ќерамида ама не наоѓам цени на веб страните. Е за ќерамида ќе треба и поцврста конструкција нели дека се многу потешки (претпоставувам).
Во стоваришта за градежни материјали најдобро е да прашаш и да се консултираш, ќе ти објаснат се и колку пари кошта се и шо е подобро. Мада ако цената е приблично иста и нема некоја голема разлика, се знае што е најубаво, ќерамида отлолку лим било каков.
Кровни енергетски панели. Искрено комплет во цената со карабината беше. И не би знаела да ти кажам поединечно.
Ќерамида испод 1е нема сега Умре тоа време кога беше таа цена Плус даски за ковање хартија немаш ставено
Панел лимен Лим со изолација Исти пари со ќерамидата беше Остај шо пишат другите еден нема правено кров
Значи ако добро разбирам,покривниот материјал е тука некаде со цена ,разликата во пари би била само во конструкцијата ,бидејќи ќерамидата е потешка.
Знам дека не ми реплициравте мене , но бидејќи и јас правам математики па да потпрашам. Велиш имате уште работа. А до сега сте вложиле 100к . Почнати сте со внатрешно уредување ,електрични апарати ,грејни тела ?