Ова е за тврда градба-ѕидана или монтажна? Патем благодарам за целото инфо,верувам ќе биде од полза на заинтересираните членови
Колку од прилика кошта средување на спрат од куќа некои 100м2? Само прозори има. Ако има некоја искуство може да ми пише и фирми за материјали со пониски цени.
Не е така односно ако некој понудил цена на кров како спрат од куќа тоа НЕРЕАЛНО и чиста кражба.Околу 30-35 евра од квадрат е да ставиш квалитетни материјали и макс.15 евра од м2 работна рака. Тоа значи дека за спрат од 100м2, кровот може да биде +20%(агол и стреа) што значи да речеме 120м2 што значи би требало вкупната цена да биде од 5500-6000 односно за 100м2 спрат би требало да излезе 55-60 евра на м2 и за спратот треба да е 80 - 100 евра за м2 што значи куќа од 100 квадрати карабина е околу 15000 евра. Да не се разбереме погрешно, има планови и планови, се зависи што се бара во изградбата(тип на тераси,столбови итн...
Пошто информацијата и ја дадов јас во претходен коментар, сакам да се надоврзам. Значи тоа е муабетот на понудувачите, средната цена е таа. Даваат оглас 80евра м2 за карабина и "ти" како лаик си мислиш 100x80=8000евра. Е они ти викаат, не се 8 туку 16, пошто го рачунаат кровот како посебен спрат. И споредувајќи го со тоа што ти го кажа претходно, средна вредност доаѓа 75евра квадрат, за 100m2 спрат плус кров.
Здраво Ме интересира колку чини од прилика градба на куќа целокупно, на еден спрат, со од прилика 5-6 соби и можност за поткровје. Не се разбирам баш од овие работи па ако може помош малку. Сакам кредит да подигнам само не знам колку би ми требале. Плацот го имаме.
Okolu 400 eur/m2,so vklucen mebel i pokukjnina. Cenata varira vo zavisnost od luksuzot sto go sakas, jas kazuvam nekoj realen prosek
Здраво, сакам да прашам дали имате искуство колку чини отприлика препокривање на куќа, конкретно кровот. Мислење ве молам
Да прашам и јас исто, дали може кров на куќа да се преправа доколку е внатре веќе наместена , дали тоа ќе заштити од штетници кои од некаде влегуваат и дали знаете цена? Нешто ми спомнаа околу 2000 евра груба пресметка, ама си немам врска па прашувам.
Може да се поправи. Знам затоа што ние на старата куќа го менувавме кровот, а внатре си беше наместено се. За друго ќе си прашаш мајстори .
Зависи дали ќерамиди или оние како лим што е. Ќерамиди се поскапи и ги има по класа, моите пред две години менуваа стари ќерамиди, земаа прва класа од најдобрите ги фати околу 4 000 еу. Ич не се сеќавам баш точно по колку им одеше цената. Додека се менуваше кровот цела покуќнина си беше внатре.
Уф за цена ич не незнам, мм со еден другар што работи градежни работи го менуваа сами. Инаку се зависи од материјалите. Знам ќерамидите и гредите беа на класи. Прва класа беше најскапо.
Дали постои можност и на кој начин може да се откупи државно земјиште, до нашиот плац од едната страна е плац на физичко лице од другата државно земјиште. Сакавме уште еден плац да докупеме ама поради тоа што лицето не го продава дали постои начин да се откупи државно земјиште? Каде и да прашавме ни спомнаа за лица кои откупиле а не знаат како и на кој начин, дали имате искуство?
Подетално информирајте се во Државното правобранителство, таму ќе ве упатат како ќе може да го купите, затоа што тие се одговорни за имотот на државата, инаку, претходно проверете дали земјиштето е земјоделско или градежно, доколку е земјоделско земјиште тогаш нема да може да го купите затоа што со закон е забрането продажба на држвано земјоделско земјиште, може да се продава само државно градежно земјиште.
9.000 евра ни побараа за препокривање на куќи. Два покриви се во прашање, од кој едниот има само ѓерамиди за менување, а другиот ѓерамиди и од страна на греди само за едната страна треба да се сменат, другите се нови. Фирмава што дојде на проценка, сметала дека треба се од корен да се смени, па така и новите греди и на другата куќа скроз од нула да се започни...