Како можам да проверам ДУП на земјиште? Преку страната, не можам да се снајдам со тие стручните термини, за да го најдам тоа што ми треба.
Таму накај Марков Манастир плацовите се изгор. Мој прв предлог е Марков (ако имаш пари) или Кучково, каде можеш да најдеш и за 25 евра за м2. @NAJROBI
Епа сеа.. шта је лепо... Нас не ни е близу марков.. поточно ни е на неколку км пред манастирот и порано беше рај божји. Сега и џамија направија и нема рај, ни мир ни спокој .. Ми нудат да ја купат викендицава, ама мајка ми не сака.. Татко ми(сега мајка ми де) има(ше) плац пред манастирот... се мислев и јас да си направам таму 40тина м2, а оваа да им ја продадеме .. ем е 140м2 ем не можам да ја одржавам мајка ми па ич не може После си викам - пропала инвестиција.. и некако се оладив и од таа идеја
Јас не сакам да правам каде што има Албанци, сакам тивко место , кај што ќе ги полнам батериите, а не да се расправам.
Епа тоа ми е муабетот за Марков... Убаво е таму..нема збор.Инфраструктура развиена. Арно ама...цените на м2 се изгор. Имаш Волково нешто до 35 евра, и Кучково. Ако седнеш и направиш есап, 25 ерва за м2 во Кучково, плус ЕВН да ти донесе бандера, плус Водовод да ти донесе цефка, плус багер да ти израмни земјиште, и нема баш 25 евра да ти излезат, ама сепак ке е поефтино од Марков. Соње си ѕирнал ? Важно е и да има по некој автбус до таму, па макар и ретка линија, за секој случај
Епа секаде ќе има албанци До пред 3 години и кај нас немаше ниеден а сега 70% ги продадоа викендиците на браќата..и за 1 год никна и џамијата И кај и да направиш викендица биди спремен дека за 5-10год тие ќе се нацртаат баш таму .. Едноставно треба да научиме да живееме со нив како што тие научија да живеат меѓу нас.. Ама ние сме племе невидено.. Ама околу марков нема албанци.. ни џамии.. Ако сакаш толку мирно место, дојди накај берово.. ќе ти шитнам плац на планина.. ниту комшии ќе имаш ниту возила.. а уште помалку па албанци
Јас сум почнал да правам математики, само карабина ќе ме чини околу 85 евра м2, бруто површина во која не во која цена не влегува кровот и рамнењето на земјата, а каде се комуналиите, проектот, расправа со мајстори. Ќе имам 2 години расправии, пред да почнам да уживам, ама сакам по мој проект викендица и за мои потреби, наместо да купам направена, на која ќе и треба реновирање и преправања за мој вкус.
Си размислил за : 1. Купување плац од 400 м2 2. довод на струја и вода 3.правење на сКептичка јама 4.платформа од 40м2 5. КЕН.....15000 евра (на рати). ...бап-бап...за еден ден имаш куќичка со една спална, сврзани дневна-кујна-трпезарија, веце (со санитарии) и напред трем за маса и 4 столици...
За мој вкус е премногу урбанизирано за викендица.. За ова дискутиравме лани со еден другар.. Боље е да платиш изведувач за платформа и клуч на рака за 40м2 отколку КЕН-от.. Ги гледавме баш со него, плус посетивме една..ама не е тоа тоа..барем за мене. Јас сакав како бунгалови да се на еден плац до колибата ама њет.. Јас на пример си сакам куќа ..онака - права куќа.. А за тие пари истото ќе го добие..
Си сакам по мој вкус. Имам нешто замислено во глава и така да сум решен тоа да го направам. Сакам сите услови да ги имам. А сакам и малку луксуз. Ама сакам блиску Скопје да е. На максимум 30 мин возење.
ААаааааа имаш парички Се шалам. Јас размислував како она погоре напишаното. Мајстори и градежни работи значат - едно есапиш, 10 непланирани излагаат. Имаш во КЕН и луксуз, т.е. не епанел гладба туку обложени се со дрво однадвор, не се ни познава дека е плехче....ама си чини и тоа.
Ќе земам кредит. Сакам тоа заш другите работи ми се решени од стан до кола. Сега ми фали викендица. И сакам малку полуксузно
Здраво нова сум во Форумот, ве следев некое време па сега се решавам да прашам за искуство на некој доколку има со од темата точка 8 8. Кога ќе биде готово викај геодет. И он зима пари. Мери куќа и после тоа добиваш имотен лист. Исто и општината зима пари тука. Имено имаме изградено куќа карабина во околина на Ск пред 4 години (од планираната цена испадна +30% непланиран трошок, како информација, поради услови на терен и измени во граба), и за која одлучивме да ја пријавиме во катастар. Ни кажаа дека може и во такава сотојба да се пријави, односно без прозори и врати, како карабина, дали е точно?. Од оригиналниот план кој беше пријавен во општината имаме одстапки поради состојбата на терен, односно испадна некој m2. Сега сме во преговори со проектантот за да го промени планот па наново да го пријавиме во општината. Дали некој има искуство со ваква ситуација и кои се следни чекори за пријава во катастар? Треба ли потоа геодет, која би била цена за негова услуга, или нешто друго плус, и што е потребно од документи за во катастар ? Благодарам