@Cka , ти благодарам за темава. Навистина убави детали си забележила Некаде прочитав дека за „клуч на рака“, цената е 300-400 евра од квадрат. Дали во оваа цена спаѓа: - Рамнење на земјиштето - Поставување плоча - Кров - Врати, прозори, фасада, изолација, кошулица и сл?
Да.не може без кошулица да ти стави ламинат и плочки. Клуч на рака значи како у празен стан да влезеш
Кога јас би правел куќа, дали е тоа викендица или куќа за секојдневно живеење би ја градел од панели, еве ќе опишам и зошто. Градбата оди многу брзо, наместо стубови од бетон и арматура ќе има метални стубови, самиот панел е изолација, од надвор можеш и фасада да ставиш а можеш и со дрво да ја обложиш(исто е изолација), од внатре ставаш стиропор или тервол па гипс табли(сѐ е тоа изолација) и добиваш куќа со многу добра изолација и отпорна на земјотрес па и на пожар...се гради за месец дена со се фундамент
Хот и хот прави од дрво, јас кажувам за панели (лим изолација лим) Кентаур, Кенпанел, Горењско Фриго... Има многу фирми, ама ако малку имаш познавање од мајсторски работи можеш и сам да си ја направиш
Си бил ли во некоја таква? Колку се загрева лимот? Според мене не е доволна изолација. Сип-от со осб ми се чини дека е подобар од оваа перспектива?!
Сум бил и затоа зборам, значи у таа што бев беше вака направена Фундамент па метални стубови и изградена со панели дебелина 8 см, од внатрешната страна има стиропор па 2 табли гипс. А надвор, пошто беше у шума, врз панелите имаше заштрафени даски ко фасада, онакви фасадни даски. И според математиките излегува 40% поефтино од куќа со цигли(зборам до пред да поскапи железото, сега не знам цени)
За колку време ви беа направени куќите со клуч на рака? Дали си го одржаа зборот, ова досега што најдовме се лаж и превара. Дали е изводливо вселување за 7,8 месеци?
Моја другарка ја влечеа околу една ипол година, може и 2. Ама она отиде во странство кога почнаа да градат, па може затоа.
Има рекоа како на вас, за неколку месеци. Тука беа родителите на паров, се испорасправаа со нив. Да не беа луѓево, 6 години ќе градеа.
Една пофалба не најдов за фирмите, маж ми веќе бара поголем стан, јас уште барам, се тешам дека ќе најдам асална фирма. Има ли нешто нормално во државата, аман
Запознаен е некој темел и мртва плоча како е со цена? ке имам мајстор после да ми даде понуда па да знам да се орентирам
Имам куќа градена пред 18 год.Куќата е 60 квадрати. Треба да сменам внатрешни врати, внатрешна изолација, фасада на куќата и мебел за сите соби. Колку отприлика би ме чинело?
Внатрешни врати се од 140 евра па нагоре, изолација зависи каква од 40 евра по квадрат, за фасада ако само да ја нашприцатво во во боја 30 евра од квадрат, за мебел имаш разни цени зависи што сакаш.
Да, отприлика 10к € Сон ми е и ние да почнеме што наскоро со градење на нова куќа. Само да најдеме плац што ни одговара..