дали знаете доколку сакаме да ја преградиме терасата половина да ни биде како шпајз, остава мора да има градежна дозвола нешто или...
Здраво, Морам да прашам подетално. - Колку би ме коштало градежен плац до 200m2 околина на Скопје (пр. Волково, Бразда, Глуво, Горно Оризари). - Колку би ме коштале комуналии за (Волково - (Ѓорче Петров), Бразда/Глуво (Чучер Сандево), Горно Оризари (Шуто Оризари)). - Колку би ме коштало изградба на карабина (основа 50м2). подетално - Темелна плоча, Приземје и Кров ( од лим). - Колку би ме коштало внатрешно да ја завршам сам? (дали е дозволено да е однадвор карабина или според закон мора и надворешно да се заврши до крај, бидејќи НЕСАКАМ да ја завршам надворешно, секако ако е според закон. Моја фигуративна проценка е плац - 5000€ Вода, Струја и Канализација - 1500€ Геодет, Проект, Надзор - 1500€ Дополнителни документации - 1000€ Дополнителни Трошоци - 1000€ Градење Карабина (со фирма - во цената вклучени работна рака и материјали) - 10000€ Внатрешно сам ќе си ја завршам - 5000€
Можам одговор да ти дадам само за изградбата на карабина, сега брзо правевме ние. Околу 180/190 евра од квадрат не фати. Кровот ни беше од ќерамиди. Мислам мала беше разликата за лим/ќерамиди па затоа се одлучивме за ќерамиди. Многу почнаа да поскапуваат материјалите за градба… Едит: Приклучокот за струја од ЕВН плативме околу 24 000 ден, за вода незнам сеуште не сме средиле тоа.
За карабината 190 евра квадрат во таа цена спаѓа материјали, работна рака, кров, темелна плоча и карабина?
Карабина подразбира само темели, изѕидани ѕидови и кров. Дополнително на ова е врати, прозори, мачкање внатрешно, кошулица, кречење…. Во таа цена е се и материјал и работна рака.
Комуналии за пр. Волково ти се мислам 80Еур/м2 50 нека беа, не ти е преснетано. Метар квадратен да купиш плац е веќе од 20 до 35еур.
М2 за плац солидно, комуналии изгор. Кај има ефтини комуналии? Чучер Сандево, Шуто Оризари колку се комуналии?
Цена на плацеви во Волково во горниот дел (горно маало, повисока надморска површина) се движи од 45 до 55 евра квадрат. Во низинскиот дел на Волково се движи од 30 до 40 евра квадрат. Пред да купуваш одреден плац да се распрашаш во Општина, да ти дадат имотен лист, дали е во под ДУП или ГУП, да провериш во делот за урбанизам дали има нов план кој треба да се изгласа во тој дел (може да има нов план со кој низ плацот ќе минува улица) и дали е дозволена градба/надградба/доградба во тој дел. Карабина градба од мое познавање е 150 евра квадрат. Геодет мене ме чинеше 120 евра. Со лесно!
Плативме цена од 16.500 еур, и тоа по таа цена затоа што ни ја кажа првично, затоа што веќе се е поскапено, ако почекавме уште малку, моментално ќе имавме нова цена од околу 1500 еур плус. Ова од фирма е. Мајстори нема овде кои работат така а и да има од тоа што се распрашавме не работат како што треба. Уште две други фирми прашувавме за цената една ни понуди 1 000 еу помала цена ама од неа многу се жалат муштерии, друга само со лим без греди ни бараше 13 000 еур. Ние секако сакавме со ќерамиди и оваа опција испадна, не дека ни е најефтина ама од она што се нуди оваа ја избравме, сепак не се става кров секоја година. Многу пари се ама тоа е, немаме избор за жал. Избравме кога куќа да градиме кога се е поскапено, пред пола година се беше на пола цена материјали од ова. Здравје нека има
Од што зависи дали можам или неможам да направам поткровје? од кровот на куќата? значи плоча и има и кров има со ќерамиди , ама не ми е јасно само поткровни 2 спални дали може да се направат...
На две води ќе ни биде, со неколку отвори за прозорци на тавански соби. Немам кај мене документи беше околу 16 на 17,5 така нешто ситница плус минус беше.
Зависи колку ти е висината на плочата до кровот. Поради тоа ние сакавме да го подигнеме за да искористиме тавански соби, не дека ќе ни требаат нешто ама јас отсекогаш имав мерак на таванска соба дали спална соба, читална или детска. Ако не ви е многу ниско можете барем една соба да си направите со отвор за прозорци од двете страни на кровот со прозорци за поголема светлина и супер ќе биде.
баш ме занима како ке испадне голем кров на две води кога ке можиш прати ми слика во лп Ја планирам на 4
Да голем е, искрено и јас не знам како ќе испадне така сакавме ние, а и овие од фирмата така ни предложија..
Искрено не сме ни прашале како е поефтино, може да е вака да поефтино, вака сакавме од сам старт ни кажаа може. Па на повеќе води тогаш колку ќе чини 25