Можеби таму блиску до обиколница. Тешко се наоѓа по цена од 20е на метар квадратен. Ако нема нешто на Pazar3 или Reklama5, оди на лице место распрашувај се. Јас така кога барав многу повеќе најдов на лице место, луѓе што не ги огласиле, отколку на интернет. Може ќе најдеш некој што сака да се отараси од 200 м2
Има плацеви и поефтини од тоа, но не во зона за домување. Јас видов накај Катланово и Зелениково со таа цена. Има и Волково накај Орман но во делови каде не можеш легално куќа да изградиш.
Da prasam, posle izgradbata na karabina, uste kolku pari odprilika treba da se odvojat za vnatresno (karabinata e 60m2 - prizemna kukja) ?
Дали знаете колку чини подно греење и ладење на 80 квадрати површина, од што зависи цената и да препорачате некоја фирма за тоа?
kolku bi cinelo od prilika kuc na raka 120 kvadrati kuka so lim krov na 2 sprata komplet i dali nekoj znae nekoja firma da preporaca so majstori ne priuceni decki fala
Zdravo ne znam kolku e prashanjeto za tuka. Zhiveeme vo kukja lepenka i okolu 80 i neshto kvadrati e (dolu salon, kujna i wc) i skali nagore tri sobi ima dve pogolemi i edna pomala taa nad wc-to e. E sega sakame da ja podelime na dva sprata posebni, nie gorniot da go zememe so mm, svekrva mi dole. Izmegju speatovite nema plocha kukjata e relativno stara i sakame da stavime za da gore mozhe da se sprovedat cevki za voda. Strujata e monofazna, treba kopanje skroz. Dali znae nekoj otprilika kolku koshtaat tie raboti, bashka krovot ni e za menuvanje bez plocha isto? Ili ne se isplati
Ние имаме 250 квадрати плац и куќа на катови од 160квадрати и двор за 2 коли и плус за масичка летниковец, значи зависи како ги искористиш
Здраво на сите. Ме интересира дали е зголемена реконструкција на кров? Колку е разликата помеѓу метална и дрвена конструкција? Конкретно се работи за реконструкција на кров на четири води со висина од 4,5 метри и површина на основа 195м2. Може ли некој да ми каже оквирна сума? Свесна сум дека се зависи од состојбата на лице место, но би ценела доколку имам од до инфо. Ви благодарам на информацијата.
Мислам на цената за реконструкција на кров и разликата во цената на различен вид на конструкција. Еден пропуштен збор и ништо нема смисла хахаха
Сличен кров имам у јас околу 230кв ќерамида -10.000е А панели со лим исто тука негде е цената со дрвена конструкција Со железна нема смисла да правиш отиде железото 23ден кг
Не знам дали е соодветна темава ама се надевам и овде ќе ми дадете колку толку инфо. Имам греди, нови купени, но не се искористени со години стоени дома, колку пари би коштале отприлика?
Благодарам за одговорот Алиса, 10000 за менување на целата дрвена конструкција и поставување на нова? Нас ни спомнаа цена од 14000, односно 70 по м2. Ќе бараме конкретна понуда кога ќе знаеме дали оштината ќе дозволи мала промена на кровот со оглед на тоа што испадна дека е висок 5,2 и дека може ќе мора да одиме со законски дозволената висина. Имате ли да ми препорачате изведувач кој би работел по одобрен проект? Ви благодарам
Добра идеја! Че појдам и че прашам, ми стојат во двор, а сакаат да ми ги купат, заинтересирани се, па...