Градина

Дискусија во 'Дом' започната од Ivu4, 23 мај 2011.

  1. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Се надевам не ја сместив во погрешно.. -.-...
    Еве сакам да зборуваме за градината дали во дворот имате градина и како ја одржувате(цвеќињата и тревата).
    Јас во дворот имам градина и многу ми е убавка јас не се грижам за неа но и полевам на цвекињата вода :$ :lol: Големка е и има разни цвекиња (од трендафили па до незнам што... ) и палма во сред ја немам сликано,но вие доколку имате дајте слика да ја видеме вашата :)
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    712
    Интересна тема :)
    Мене терасата дома ми е како градина,исто и дневната :lol: кога ке имам повеќе време ке сликам.... факт е тоа дека сите дома сме љубители на цвеќиња и кој ке стигне ги налева со вода и ги чисти :lol:
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Пронајдов некои идеи за уредување, но ве молам ако имате нешто, споделете.
    Навистина ми се потребни некои убаво уредени градини или некоја идеја за уредување, пример за цвеќиња и нивна комбинација :$ .
     

    Прикачени фајлови:

    • BabsonEstate-330.jpg
      BabsonEstate-330.jpg
      Големина на фајлот:
      58,3 KB
      Прегледи:
      2.952
    • blog1.jpg
      blog1.jpg
      Големина на фајлот:
      93,7 KB
      Прегледи:
      2.953
    • bridge_over_2t1d.jpg
      bridge_over_2t1d.jpg
      Големина на фајлот:
      111,7 KB
      Прегледи:
      2.949
    • garden_roses.jpg
      garden_roses.jpg
      Големина на фајлот:
      95,2 KB
      Прегледи:
      2.947
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.562
    Дома имам голем тревник и во него повеке врсти палми и разни овошќи :)
     
  5. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    174
    Ние имаме така поприлично голема градина и буквално цело време само нешто додаваме, садиме(цвеќиња, дрвца, зимзелени грмушкасти растенија :) ). Тоа ни е релаксација. Ама животинките по двор прават ршум, ама ако не се они како би вложувале повеќе и повеќе во градината :rofl:
    Мм е задолжен за тревата и нејзиното косење, потшишување на живата ограда и интересинте зимзелени дрвца( туи, борчиња).

    Јас сега почнувам да го учам цвеќарството. Претходно сум немала некоја желба за цвеќиња, ама сега неможам без ново цвеќенце низ двор.
    Омилен дел на сите им е големиот летниковец и ѕиданата скара, летно време големиот базен од кај пластичарите :inlove:

    Нас дворчето ни е нешто слично на ова

    [​IMG]

    [​IMG]

    А во план ни е да го средиме вака(за едно 3-4 години) -

    http://www.gradina.bg/uploadfiles/produ ... ukt_bg.jpg
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    814
    имам градина со цвеке и ја обожавам .......просто ме релаксира :) :)
     
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.296
  8. anastasceto

    anastasceto Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    јас имам голем двор и летото кога ке дојде сеам различни цвекинја и како градина ми е дворот
     
  9. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    :f: мојот двор го средуваа од една фирма за градинарство и го направија прекрасен заличе на градина,има голем тревник и на делови има направено како помали градини,највеќе го сакам јаворот црвен изгледа многу убаво во пролет,а во лето има виолетови цвекинја по камењата што ползат(незнам како се викаат) сега само сето тоа треба добро да се одржува :)
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.296
  11. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    Нашиот двор е прилично голем но запоставен. Знам дека одзема многу време но не и кога ви причинува задоволство и на некој начин релаксација.
    Би сакала да имам летниковец кој нуди многу практични можности за негово користење, претставува и прекрасен украс на дворот. Исто така би сакала и во негова близина да има соѕидано скара каде што би уживале со нашите најблиски.
     

    Прикачени фајлови:

    • letnikovec1.jpg
      letnikovec1.jpg
      Големина на фајлот:
      39,3 KB
      Прегледи:
      1.052
    • letnikovec3.jpg
      letnikovec3.jpg
      Големина на фајлот:
      29,1 KB
      Прегледи:
      1.049
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Уф, јас сум опекана да имам градина.
    Не знам како е тоа изводливо, кога не сакам да живеам во куќа, ама ете - сакам и градина и бавча. :D
    Логично, нема што. :lol:

    Баба и дедо имаат мало викендиче, ко печурка некоја е, поголем дел од земјата е бавча, некогаш ми е мерак повеќе да ја гледам неа, отколку цвеќињата.
    Имаме патлиџани, младо кромитче, пиперчиња и јаготки.
    Летно време одиш и си кинеш свежо, нема нешто поубаво, мераци.
    Имаме и по некое дрвце, вишна, круша, јаболко, имаме и смоква и сливи.
    Мал дел е посветен на цвеќињата, веднаш до влезот, глетката со патлиџаните е позади. :lol:
    Изборот на цвеќиња се вика - што ми дала комшивката, зашто сите коренчиња се од Рајна, Перса, Трајанка итн.

    Што се однесува до градина, би се задоволила со уредно потшишана трева и некое масиче и столче.
    Што поненатрупано, тоа подобро.
    Тук-таму по некое цвеќенце, иако сакам повеќе да е зеленило, одмор за очите.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Леле, изгорена сум за градина и бавчиче.
    :(
    Си копкаш, си го одмараш мозокот, се печеш на убавото сонце, вистинска релаксација.

    Имаме еден плац, и е празен засега, ама во план сме да насадиме некое дрвце, со време, додека се решиме да градиме нешто, веќе ќе имаме доволно високи дрвца за сенка. :D
     
    На ibanez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    Трендафилке можеш прво да почнеш со разубавување на балконот па после фати се за бавчата. :D

    Знаеме дека со поставувањето на неколку саксии со засадени цветчиња може многу да се постигне за изгледот на балконот/дворот, како и засадување на разни видови растенија- садници.


    Досега моите градинарски способности ги искажував само на фб играјќи фарма. :D
    Има толку креативни идеи по интернетов па планирам некоја да реализирам.
    Доколку имате вишок чинија која ви е распар можете многу креативно да ја искористите ->
    Слични вакви имам видено само место саксија цвеќето им беше засадено во трупче и многу штосно доаѓа.
    И прва колона, 2ра слика комшијата има и планирам да му го украдам кај и да е :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    На Crna Dama и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    [​IMG] :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Бидејќи живеам во куќа имам градина и големи балкони. Оваа година се зареков да ги разеленам балконите (градината со зелена трева, трендафили, кали и божури е под надзор на свеки, таму не е мој ресор). Вчера баш тоа правев цел ден :) . Си отидов на пазар си купив жардињери, саксии, цвеќе и зимзелени дрвца. (Онака успат да Ви кажам дека во Тинекс-денес видов се најевтини жардињери 55 ден а јас по 100ден ги платив :devil: на пазар.)
    Експириментирав па ќе видиме што ќе биде. Туку некој да не има некакво искуство со оние цвеќиња што се сеат од паковање од земјоделска аптека? Гледав преубави има цвеќиња и таму.
    Ајт ако се прифатат ќе сликам и ќе ви покажам што бидна од мојата градина :)
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Мината есен си го средивме задниот двор, во едниот агол има мала градина со многу растенија, дрвца, жбунчиња, во другиот агол е ѕиданата скара со простор окулу неа доволно за да се стави помала маса и 2/3 столчиња, за скараџијата да замези и пивне нешто.
    Во остатокот од дворот има неколку овошни дрва за сенка, а на средина фонтана. Фонтаната е од камен, како и целата површина од дворот е прекриена со ситни камења, освен делот окулу скарата, таму е цемент. Таму гледа задната тераса и на неа карши фонтаната имаме голем чадор и гарнитура (маса и фотељи) од бамбус.
    Мал рај е дворчево, уживанција е...

    Предниот двор наскоро планираме да го средиме, но само трева, грмушки рози и две зимзелени дрвца.
    Мали се дворчињата но може да изгледаат убаво само треба да се вложи труд и пари секако.

    Ај можда ќе ви поставам и слики понатака да видите каде ние уживаме.
     
  17. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
  18. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој како се викаат оние цвеќиња што ги има во ресторанчето на плоштад карши Тренд терасата ?! :wasntme:
    Многу ми се свиѓаат и сакам да купам ама не знам од каде, ваљда по земјоделскиве аптеки може да најдам.
    Слично како овие растат ..
     

    Прикачени фајлови:

  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150

    Колку што гледам на оваа втора слика такви вчера зедов од Веро во Веро центар ама само бели имаа. Ако си во можност отиди и види (1 пакетче 49ден ;) )
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    43.025
    Мислам дека се питунии (петунии) незнам точен назив, малце се поскапи од обичната петунија, и мислам дека се поситни во цветот, а стварно се преубави. (првите, вторите незнам кое цвеќе се). Ние имавме, ама не ни успеаја, се исушија за брзо време :/