Да имам и тоа големаа ја одржува градинар имам цвекиња,дрва,клупи мегу дрвата,ено како водопат после екако река и има мост тоа ја дели на два дела,трева,со сред трева маса и столови,па едно како тераса и на неа гарнитура ева вакво....
Па, имам еден голем трвник и цвеќиња, ама немам време за да се грижам за градината па татко ми кога доаѓа ми ја средува понекогаш
Ти живееш на ранч, парк... колку хектари Ви е земјиштето? Тераса на сред градина имате со кожна гарнитура?!?! Ај стави некоја слика да видиме, да ни доловиш атмосфера.
Моментално живеам во стан, но правиме кука и за 1 година треба да се вселиме се надевам. Многу сакам голем двор, со трева целиот, цвекиња...Се надевам ке си го средам по мој вкус и ке си го одржувам, бидејки кога одам по улица и секогаш се загледувам во куките бидејки сакам среден двор
Ваква куќарка во градината ептен ми се допаѓа. Во план ни е дома да правиме една ваква, па ќе ставам слики АКО планот се реализира успешно.
Многу сакам градини. Со еден куп дрвца и убаво одржувана тревичка околу мене. По некое цвеќенце. Мераци. Би можела по цел ден да седам и да уживам. Дури не би ми било мачно ниту да и посветувам време и да ја средувам. И едно креветче-лулашка одлично ми се вклопува во целата замисла.
Ај едно прашање за посикусните градинарки . Кога се расадуваат цвекиња? И како да ставам за пушти коренче трендафил (или било кое цвеќе)? Ич не се разбирам во овие работи, а дома почнавме да го средуваме дворот, па станав сам свој градинар
Трендафилот односно резанките јас ги потрупувам со земја,значи во земја и гледам земјата да биде влажна.Само не сега од септември натаму,или на пролет.Другите цвеќиња можеш да ги ставиш во шише и само долевај вода дури не пушти коренчиња,секако треба да стои на топло но не и премногу сончево.Лијандрите се ртат со зрно пченица или јачмен втиснат во делот кој ќе ставиш да рти.Не знам за што друго те интересира,прашај ако знам ќе помогнам
Имам голема градина, цвекиња, лешник,круша,праска, кајсија,модра слива,орев, лозница абе цел овоштарник.Ама нема кој да ја среди, плус сеа гадат згради па за 1 година 2 и до нас ке стигнат за жал П.С - Очила па ти милијардерка си била бе срц блазе си ти !