1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градина

Дискусија во 'Дом' започната од Ivu4, 23 мај 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Можеби има повеќе мајки и повеќе семејства, да не му судиме веднаш на девојчето, изгледа живее во паралелни светови , не може да се одлучи кој и е вистинскиот. :lol:
    Нејзината состојба е алармантна, иако ние си се смееме, ако продолжи вака не знам до каде ќе стигне.

    Туку кога зборуваме за градини, јас очајно сакам убава голема градина со трева и многу цвеќиња (морам да бидам искрена дека ги мешам имињата на цвеќињата, никогаш не знам кое како се вика, освен овие стандардниве што си ги имаме во дворчиња-трендафил,лале,зумбул..).
    Но можностите, додека живеев со моите, ни беа да имаме мал двор но благодарение на мајка ми е богами и татко ми, е преполн со цвеќиња. Во новиот дом, исто немам голема градина, но и малку простор за истата. До сега дворот си беше уредуван од свекрва ми, мене еве една година не ми текнало да се заангажирам околу тоа, ама планирам да дадам свој удел и јас да заработам нешто по куќа :lol:
    Иако сакам градина со цвеќиња, сакам и градина со зеленчук и овошје, сакам да си насадам магдонос, морков, разни зачини, малини, јагоди па ако дозволат условите и кокос и банана [​IMG] , зошто не и некоја пиперка, кромид, лук (за патлиџан немам простор)

    Кога си замислувам како би изгледала мојата градина, прво се замислувам себеси во комбинезонки, косата врзана со марама, со ножици и лопатка во рака :rofl: како нешто буричкам во земјата, садам, мирисам и тоа...

    Обожавам живот на село, во природа...
    Кога нашава земја би била развиена како Швајцарија, Франција, Австрија...,би сакала да имам куќа на село, со ранч, да чувам коњи, крави, ноеви итн...околу мене се зеленило, да имам свој дел од шума, да бидам газда и возам Jeep...аххх животен неостварен сон.

    Ај да се вратам во реалноста.
    [​IMG]
     
    На macence4, MacenceEna, Cacy и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    За џабе го избркавте девојчево кога на Водно зградите се такви со базени, рецепции и чуда. :lol:
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Никој не ја избркал, само ја прашавме од каде е, на што таа не ни одговори. Себичњак, мислеше дека ќе отидам да и се бањам во базентот или дека ќе си купам и јас стан во зградата.
    А може и додека одела накај крстот, видела нешто слично, па се изгубила у речи, хмм...[​IMG]
    А баш сакав да видам каква градина е тоа, со базент, нели темава е да споделуваме информации, слики, идеи [​IMG]
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^Се шалам јас, дека девојчево пиша во СДК дека го напушта форумов :D
    Мојата градина моментално е во жална состојба. Трева има тук там, пресушена е во сите бавчички сиротата, кучето ми ги изеде сите цвеќиња, го подгриза скоро сите трендафилчиња, ама јоргованот сега рсцветува и шири преубава миризба. Се чека посадување на нова трева, неколку грмушки, жива ограда и многу сакам магнолија. Само слушнав дека одкако ќе се насади магнолијата и требале 7 години за да почне да цвета, колку сте запознаени со ова? И некој да ми каже од каде да купам и колку чини од прилика :) Благодарам!
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Nefertitii, Magnolija и Abeja им се допаѓа ова.
  5. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    А пази ти ова:
    (тема - тајна соба), Angel-Adriana, 15 Апр 2013, 22:08 „Баш е интересно и јако и би сакала да имам и јас една, ама не за криење туку за одмарање.“ - ама знаете парти рум-ов е за забави, не е за одмарање, некој погрешно да не сфати :D Боже Господе, какви фаци! :)))
    Инаку ај доста и беше на госпожицава шо сон сонила и не се разбудува, туку да го продолжиме муабетов за градинава, немојте сега да ми ја запоставите темава, таман почнав да развивам љубов кон градинарството! :)

    Јас живеам во куќа, за жал таков ни е планот, напред има мал двор, а назад оставено простор за бавча (така е плански цело маало, тој што го проектирал вака, цел живот да биди приморан да живее во стан од 5 квадрати го преколнувам!). Ама тоа е, беља работа, на времето им била побитна бавча од двор. :(

    И сега, назад имаме пластеник со зеленчучиња, неколку дрвца низ двор со овоштија, а напред малото дворче. Имаме и куче, сета среќа не и штети на тревата, не ја копа, туку се гали од нејзе (а бе срцко е скрос!) посебно кога има сонце и е убав денот, си ја трие така милно главата од трева, душичка! :inlove:

    Порано имавме многу цвеќиња, баба ми дури ги одржуваше, а мајка ми не е голем мераклија за цветни рабоќе, само за трева, па така ни беше само тревосан и пострижен дворот. Последниве месеци мене ми се јавува некој огромен нагон за занимавање со цвеќиња, почнувам да ги сакам ама не можам да ви опишам колку. Којзнае што ми стана, а порано и ги кинев на баба ми :?:

    Во план сум да купам семиња утре (многу рано ми текна иначе), до сега читав за петуниа, вербена и сардели по интернетов, а ептен ги сакам и орхидеите, ма да мислам дека неискусен цвеќар како мене би ги умрел за брзо, затоа за нив ќе почекам. Пред 2-3 дена случајно си купив „чевличе“ народски така се вика, прв пат го гледав иначе интересно ми се виде, го купив во мала саксија, 50 денари, а класичното име му е калцеoларија. Утре одам по семки, ќе ви кажам потоа што сум направила, дај боже да треба и да сликам ако има што да се види :) :)

    http://3.bp.blogspot.com/-h4Hs1t-sPNE/U ... aria-1.jpg
     
  6. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    ^Не можам да си го едитирам постов горе, да ви се пофалам дека денес си насадив три вида на цвеќенца со семиња од кесичка ;) :inlove:

    Дел ги сместив во пластеникот за зеленчук што ни е, како расад, за да ги рассадам потоа на повеќе места, а другите во кофички в соба планирам да ги растам :) Па ќе видиме што ќе испадни, се надевам ќе успеам да направам фотографии (ако воопшто пораснат како што треба) :)

    Ме интересира дали некој има искуство со едногодишниве цвеќиња што се како петуниите на пример, што се случува ако ги рассадам на поголема површина и ја подископам земјата околу нив? Дали в година ќе ми пораснат пак на пример (под услов да се во природна средина, ама под најлон, т.е во пластеникот и да не ми замрзнат).
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Едногодишните растенија како што и им кажува нивното име се едногодишни. Што сакаш прави им и дома однеси ги, пак ќе си загинат. Единствено вербената (копривчица) може да ти преживее. Инаку бандерките (петунии) создаваат многу семе кое подоцна како самоник лесно `рти, а културно посеани бандерки никогаш не ми никнале, не знам зошто.
    Сеењето на семиња во домашни услови не ти е баш паметно. Нив им треба многу светло, а дури и да ги чуваш на прозорец, тешко дека ќе имаат доволно.
    Инаку место да сееш олку доцна си можела фино лепо да си купиш коренчиња од пазар. Нема да те кошта многу поскапо, а барем ќе си купиш онолку колку што ќе ти требаат.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    ^ Петуниите веќе почнаа да никнуваат по малку, а вчера (чепкало сум ептен) ја размрдав земјата од чашата во која имав посеано гербери и видов дека семчињата се изртени. :inlove:

    Инаку ги чувам на прозор (пошто ми е на први спрат собата и под прозорецот имам нешто како покриен простор за чување дрва, не се плашам дека ќе паднат, баш се стабилни). Тука имаат некаде 4 часа во денот директна сончева светлина, и нормално, останатиот дел од денот индиректна. Така што најверојатно им одговара. Тие што ми се под пластеник ставени, исто почнати се да излегуваат по малку, ама дека им ставив градинарска земја има никнато многу тревки што им ги корнам за да не им ја земаат силата на петуниите. На герберите и ѕвончињата изгледа им треба повеќе време од петунииве..

    Инаку пијаат вода како будали, ептен бараат вода забележав, јас немам досега чувано, само имам слушано дека имаат потреба од постојано наводнување. Башка и дека на сонце ми се ставени, уште побрзо испарува, не сакам да ги преместам пошто ми е страв да не му го закочам процесот на ртење и растење овде очигледно супер им одговара.

    За коренчињата :) мајка ми ме премоли да купам а не да садам, ама јас сакам да ги гледам како ми растат од најмалечки, така сакам да си ги чувам, ма да не дека немам уште 2-3 саксии купено деновиве :)))) додека да пораснат да си имам нешто цветно :) годинава ептен му се запнав на дворот, изгледа дека имам повеќе слободно време од вообичаено, а и дека претходниве 5-6 години заглавив да живеам во стан сега му се радувам на дворов повеќе од секогаш :) Се надевам до в лето ќе го постигнам изгледот на дворот како што ми е замислен..
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Овие дрвца се продаваа на Бит Пазар. Ама колку беа не знам. И не знам дали има сеуште, веројатно се прекапани.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  10. princess.m

    princess.m Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Не можев да најдам соодветна тема за цвеќиња па овде ќе го поставам моето прашање :D
    Дали знаете каде низ Скопје можам да најдам вакво цвеќе?

    https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... e1f75ffe73
     
  11. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Имам голем двор со трева и многу дрва, а цвеќиња полно на 6 ќошиша големи жбунови од цвеќиња, плус и на тараса имам :D
     
  12. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    јас да се пофалам дека сработив некаде 30% од планираното уредување на дворот :) малку ја уништив тревата при изведбата на некои од работите, ама ќе сеам друга.. мало ми е многу дворчето, само тоа ми е криво :( немам доволно простор за да ставам се што сакам.. јбг, за понатамошно живеење во брак ќе мора да си купиме со дм помала куќа со огромен двор :))
     
  13. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    исто и ние имаме голема градина многу ме релаксира кога си седам и си пијам nescafe ако имам прилика ке ви ја сликам
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Јас позади куќа имам еден огромен тревник. :D
    Има дрворед цреши, јаболки, нешто како овоштарник, и цвеќенца, тук таму некоја палма и зимзелени грмушки од околу, убаво е ама го изгубив меракот да седам таму.. да му ископавме еден базент подруго ќе беше. :devil: :rofl:

    [​IMG]

    Во прилог Шмугле како се рашетава.. :rofl:
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  15. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    и јас живеам во куќа со голем довор и кога се омажив имаше само трева и две мали дрвца бесе се празно,но сега се е сменето имам насадено ружи,сезонски цвекинја,калинки,вишни,посадив и жива ограда само треба време додека да порасне,елки,палми,во секое време од годината освен во зима имам цвекинја :) е голем проблем е одрзуванјето имам алергија на полен и секогас кога го средувам дворот ме фака киавица и тогас нисто не помага ни спреј ни таблети,заврсувам со дворот се тусирам и спијам
     
  16. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Ми процветаа пиперчињата на тераса :clap: :clap: :clap:
    Многу сум среќен :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На dream.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    ^ocila ај ако сакаш не стрви вака! Посебно со вторава слика, ќе си пукнам од мака шо ме фрлил штркот во Македонија :devil: :lol:

    :inlove: преубаво е ! :inlove:
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    А ако те фрлел на друго место сигурно во ваква куќа ќе завршеше.
     
    На ocila и Hipster им се допаѓа ова.
  20. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Оти да не? Имам роднини што се преселени во Австралија пред 20 години и живеат во многу слична куќа. За „жал“ такво им е општеството и имаат можност за напредување во работата, па моментално едната братучеда работи како некој си заменик директор во главното претставништво на Тојота за Австралија. Што ви е толку недостижно? Или некој мора да е селебрити па да живее во ваква куќа? Се е прашање на вкус, стил и начин да се трошат заработените пари.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.