Vsusnost sakam da prasam ama neznam kade i kako Nova sum na forumov Zagrizena za mojata orhidea,za vikendot ne bev doma pa i staviv povekje voda i sega e ovenata,cvetovite i ispadnaa.Shto da pravam?Mozam nekako da ja vratam vo zivot?
Кога ќе пораснам ќе се вработам. кога ќе се вработам ќе си направам куќичка. Кога ќе имам куќичка ќе си создадам зеленило. Бипити, бапити, бум и пиф, паф, пуф.
Минатата недела посеавме трева,ама еве до денеска 8 дена и никако да никне Мм рече дека земал некоја универзална,дури и поскапо ја платил демек најдобра била. Совет некој чаре? Имате ли вакво искуство... Инаку постапката за садење е следнава: убаво ја истапка земјата со ваљак,ја посеа тревата и одозгора стави пак мал слој земја(му реков јас да не става,ама ете не ме послуша!) и ја напрска со вода.
^ треба да се стави земја одозгора сосем малку, за да не летне семето од ветрот. Кај нас исто така е садена. Е сега, има различни типови на трева - некоја се сади на есен, некоја на пролет, оти на некои семиња им е потребно да „презимат“ т.е да ги фати мразот убаво за да никнат наредната година. А некои пак се садат во рана пролет и никнуваат за некое време (овие месеци некаде). Исто има и трева која е за сенкасти места и трева за сончеви места. Кај нас ја рамневме земјата прво, после ставивме песок мал слој за да стои порамна, па ја навадивме со ситен распрскувач и посеавме, па ставивме така сосем мал слој на земја одозгора и ја навадивме пак и сама си се израмни од водата. Тревата така убаво никна некаде за недела и пол, после нагло почна да расти. Ние имаме од онаа трева што расте како на поголеми џбунчиња и ја косиме со косалка на 2 недели во лето и есен само, веќе три години ја имаме. Најубаво да појдиш и да прашаш од кај што ја купил татко ти каков тип на трева е таа и кои услови и се потребни и ако го чуваш паковањето, провери како била со рок на употреба, оти продаваат и стари семиња кои имаат поминат рок .. мене така ми продадоа семиња за цвеќиња, за жал 2те паковки ги прегледав од ко ги отворив.. па сега пазам многу кога купувам. Поздрав
Здраво на сите.Мене ме интересира дали некој има во дворот магнолија дрво па да ми каже детали за садење.И ако знае да каже каде можам да најдам да си купам .
Ние си имаме многуу разни цветови,трендафили,два големи травника и во едниот имаме фунтана и многу си го сакам дворчето
Може ли некој да ми предложи некои цвеќиња да засадам во мојата градина. Ќе одам утре во расадник па да знам што да барам. Инаку сакам некои да ми цветаат цело лето и така ниски да се а убави.
Пркосот е убаво цвеке. Расте одприлика 10 цм и цело лето цвета (разни бои цвета), зиме се сушат и пролет повторно само никнува и многу е лесно за одржување. За расадување е многу лесно, неколку ке искинеш и ќе ги насадиш и они сами после пуштаат корени, доволно е две три да насадиш после сам никнува одоколу и се шири. Јас дома имам во саксија ама една пријателка има во двор насадено и многу убаво изгледа. Еве како изгледа
Прекрасно. Благодарам RHS и јас барав предлози, за малку и ќе пишев (за одгледување во саксија). А, има потреба oд заштита (и каква) од инсекти штетници или е посилно цвеќе... како и самото негово име (пркос)? Инаку преубаво е, се вљубив од сликиве. По формата ми наликува на булка и на лале во исто време.
Нема потреба да го заштитиш од инсекти, и многу е лесна за одржување. Мене лани мајка ми ми даде и зимава што помина се исуши и ја оставив цела зима така саксијата со земја ама не очекував дека пак ке никне, и кога гледам пролета пак никна и се наполни цела саксија.
Живеам во куќа и го средивме конечно дворот и градината, јас имав преубава замисла (според мене). Арно ама, не ми се поклопија замислите со тие на мајка ми. Го унакази паркчето, не ми се излегува во двор. Нашла некои старудии кои се пред распаѓање во старата куќа на прабаба ми, не знаев дали да се смеам или да плачам кога ги донесе. Залудно ја убедував да не ги става, инает невиден е. А па мене ми вели - Кога ќе си имаш своја куќа, тогаш мести си по твој вкус, мене вака ми е убаво. И ги стави, ја потсеќале времето кога била мала и на баба ѝ. А мојата замисла беше нешто во овој стил. И изводливо беше, имавме и материјал и се. Ама тоа е, ќе ми остани идејата за мојот иден двор.
Здраво, ми треба помош околу уредувањето на градината. Немам голема градина но сакам да има цвеќиња кои цветаат поголемиот дел од годината, а може и наизменично едни да цветаат а други не и така, ама проблемот е во тоа што не знам какви цвежиња да засадам и кога е најдобро време да го сторам тоа. Акоможете да ми дадете совети би ви била многу благодарна.
Dazey, во секој случај пролетта е најприкладна за садење цвеќиња во градина, и тоа е најдобро да го направиш во втората половина на април. Избор имаш голем, а во моментов ми текнува на следниве: џунџуле, сардела, меден цвет,воденче, газанија, вербена.. Сите овие цветаат до касна есен, некои растат високо, некои се пониски (лазат), зависи каква замисла имаш такви и посади си. Еве ти и некои сликички:
Имам тревник, над него киви и баш убаво изгледа. Исто така има засадено многу цвеќиња, летниковец декориран со саксии цвеќе.