Сакам добар задник и добри гради. За гради од прилика како на Скарлет Јохансон, а за задник не знам која да посочам.
Интересни ми се темиве.. ако одиме според природата големи гради е убава глетка да , но кој ги преферира ? Кој сака да цица бебињата нели ? А задник ,задникот и колковите се плодноста на жената , кој сака да оплоди ? Маж Без навреди , мое мислење
Јеј супер, уште една објектификувачка тема на женски форум. Мора да имате или гради или задник, за некој да одбере што му се свиѓа поише, и нормално да си добиете вредност според тоа. И да си напраите комплекси ако ги немате. Па уште и форми на цицки ќе бирале, па колку кренат задник, па ќе си мерите кој што колку имал. Одвратно. Најискрено, одвратно.
Е како да не одвратно. Секој си има вкус де. Тоа е исто како да кажеш дека е одвратно тоа што некој сака сини очи а не црни. Ако тоа е одвратно не треба воопшто да гледаме на изглед туку кој со кој стигне.
Боите на очите не се сексуализирани, и не се прават милијарди долари годишно од комплексите на женските поради нив. И да, најчистата верзија на привлечност е онаа која е изолирана од сексуалноста и изгледот, така што нема ништо лошо. Баш и потешко ќе беше да се најде партнер ако не се гледаше изгледот. Вкус и све тоа е скроз океј, сѐ дури не ни е комплетно преплавено општеството од сексуалност, сѐ дури нема девојчиња кои се комплексираат и депресираат поради својот изглед, сѐ дури не се диктираат трендовите за што е генерално сметано за изглед од канцерогената поп култура, која патем го храни капитализмот со создавање на комплекси, особено на жените.
@Sejfullai и да сакав не можев подобро да објаснам. Буквално се' што имам да кажам на темава си кажала. И ниту едното ниту другото не е толку важно како што се прикажува. Знам дека ви звучи како клише, ама кога луѓе блескаат со харизма и со шарм, и гради и задници и стомачни и бицепси одат во заборав А сосема друг проблем е што преку создавањето на комплекси се држи на нозе една цела индустрија. Мене не ми менува ништо ако некоја решила да се искасапи само зашто не ги исполнува т.н. стандарди за убавина, но тоа е зашто јас сум зрела, возрасна личност и одамна си се имам прифатено таква каква што сум (ни гради ни задник) Но, на младите девојчиња со кревка психа, и тоа како може да влијае сево ова...
Се согласувам со Сефи и Проминент, многу објектифирацка тема. Али ај да се изјаснам.. бирам машки задник. Цврст, топчест, може и влакна на него не е битно. Битно кога ќе фатиш да се проталаса и да се чуе едно пау! А пупки тврди и мали. Толку. Момци, inbox closed. Видимо се у пролазу.
@prominent @Nigredo Odor баш ми е мило што се согласуваме. Неверојатно е колку денови, ноќи, секојдневни неколку години бев окупирана со тоа како изгледам. Не грижа за себе, туку тортурирање на своето тело за да го направам да изгледа така што би се вклопил во некој глуп калап што го имав замислено. Ги имав пробано скоро сите препарати кои Интернетот велеше дека ќе ми ги зголеми градите. И ништо не делуваше, а јас минимум пола саат дневно зјапав во огледало, посакувајќи нешто да се имаше сменето. И тоа само резултираше во опсесија, во време отидено у неповрат кое дефинитвно можев да го искористам на нешто попаметно. Ама ете, толку ми чукаше, јас се замарав за нешто што не беше ни во моја контрола. За на крај само едноставно да се помирам со фактот, да видам убавина во градите такви какви што ми се, и природно пораснаа. Многу ќе се радував пред 4 години. Сега апсолутно ништо не ми значи, ниту пак менува. Би сакала 14 годишното девојче кое бев тогаш да знаеше дека изгледот нема толкава важност како што мојот мозок му даваше. Би сакала да се запишев на балет, наместо да седам дома бидејќи мислев дека сум премногу дебела. Би сакала да одев на плажа повеќе. Ако некое девојче со менталитет како јас пред неколку години го чита ова бидејќи дошла тука со тоа што пишала “како да ги зголемам градите”, би сакала да ѝ посочам не е битно. Ама стварно, апсолутно, целосно, комплетно не е битно. Немој да јадеш, или не јадеш нешто водена од тоа како таа храна ќе придонесе за твојот изглед. Носи си облека која ти е удобна, а не облека со која ќе го скриеш стомакот, градник кој ќе направи илузија дека имаш големи гради, фармерки кои ќе направат илузија дека имаш кренат, цврст задник. Немој да вежбаш заради изгледот. Вежбај за здравјето на твоето срце. Затоа што вежбањето придонесува во ослободувањето на серотонин и допамин, хормоните на среќа. Вежбај затоа што со тоа ќе имаш поздрава кожа. Вежбај за да имаш подобар метаболизам. Вежбај за да имаш повеќе кондиција, за побрзо да можеш да трчаш во случај да ти бега автобус, или можеби кога доцниш некаде. Ама не вежбај само за да те собере одреден број на фармерки, кој патем е различен во зависност од која конфекција ги шие. Многу работи се земаат за фактор кога станува збор за човековата атрактивност. За некои луѓе, градите и задникот се последен фактор. Затоа, работете на тоа како ги перцепирате работите, како ја интерпретирате реалноста, како и колку можете да аргументирате, на кој начин се изразувате, во која филозофија се пронаоѓате, како раководите со своите финансии... а не на тоа да се вкопите во калап на општеството, кој низ историјата се менува постојано. Бидете горди што сте продукт на толку долг процес на еволуција, на тоа што носите гени измешани од огромен ланец на луѓе.
@Sejfullai, мене ми требаше многу време за да го засакам моето слабо тело. Не сум створена за да имам облини, едноставно конструкцијата на телото не ми е таква, метаболизмот ми работи побрзо отколку што јас можам да изедам за да остане нешто на мене Јас не сум ги пробала триковите од Интернет за растење на градите, иако кога бев тинејџерка млада и луда, признавам дека бев блиску и до тоа. Слушав секакви коментари, а и сега одвреме навреме луѓе се дрзнуваат да ми пуштат некоја невкусна закачка за килажата. Јадеш ли ти нешто? Скелет, анорексична (повеќето не ни знаат што всушност е анорексијата, ама ај). Сум пишувала за ова многу пати и на други теми. Непријатно ми е и мене кога ќе влезам да си барам фармерки, а немаат доволно мал број за мене. Или кога и продавачката ќе ми каже во лице, девојче не ти стојат, слабичка си многу за овој модел итн. Како што верувам дека им е непријатно и на оние што се на другата крајност. Емотивна сум, знаат да ме погодат некои коментари ама како што заклучивме, изгледот е нешто споредно ако на прв план се другите човечки квалитети. Посебно па кога станува збор за привлечноста, ме привлекувале личности што не се вклопувале ни најмалку во стандардниот калап за убавина и атрактивност. Токму тоа ме натера да сфатам дека навистина, beauty is in the eye of the beholder
Не се замарај ... тоа е само твоето тело и тоа се е нормално да не си стандард, бидејќи стандард и не постои, сите сме си посебни на свој начин... Некој е убав, но само убав Некој е слаб, но само со килажа Некој низок, но само во сантиметри Се е тоа дел од нас... запомни ние бираме што ќе бидеме...
Излеговте малку оф топик треба уште да работите на себеси викате сте се прифатиле такви какви што сте ама според тоа што пишувате не е така. И јас не бев задоволна од моето тело на 17-18 години бев прво дебела ми се потсмеваа па после страдав и од булимија имав 50 кила Сето тоа се среди почнав да вежбам еве веќе 4 години и имам преубаво тело тенка половина и оформен газ и бутови Тоа не го правам за да се вклопам во некој калап како што кажавте туку лично за самата себе. Нема ништо поубаво од тоа да си самоуверен и да ти е пријатно во своја кожа Викате не вежбајте за изглед туку за здравје не е така првично за изглед се вежба
Да бе да. За изглед. Може супер да изгледаш, а да имаш заболување. Слаб, дебел, висок, низок итн., најубаво ќе изгледаш кога ќе се прифатиш каков си.
Е да де тоа е најубаво ама ако можеш нешто да промениш зошто да не Сепак не верувам дека некоја сака газ палачинка да има Не можеме така да гледаме и Стив Џобс беше милионер па умре
@thequeen95 Али тоа “го праам за себе” е илузија. Дали ако општеството промоцираше на пример, дебелина, дебел стомак, бутови, задник, раце, а тоа беше општо прифатено, посакувано и поддржано, ти ќе сметаше дека твоето тело (кое моментално се совпаѓа во она што е општествено прифатливо) е прекрасно?
Епа затоа комплекси фрчат насекаде. Што има лошо во тоа да имаш " газ палачинка" ( грда компарација бтв ) ? Каков, таков си. Да си имаш goals е едно, ама да се споредуваш со инфлуенсерките на инста и да сакаш да си како нив е сосем друго и воопшто не е во ред. Посебно тоа што сите сме свесни дека тоа што е сервирано на Инстаграм е чист фотошоп. Многу искривени слики за телото имаме денес.
@Sejfullai Веројатно не а и не можам да замислам некој тоа да го промоцира. Во природата е тоа и уште во минатото кога немало никакви реклами се знаело што е привлечно што не Имаат некои и со таков фетиш познавам се палат на дебелина Пак ќе кажам битно е самиот да се бендисуваш