@Winter Lady 130 е број за жените кои имаат ширина на грбот. стандартните градници по пазарите одат до 115, некои модели до 120, ама 130 тие се само специјални серии. со среќа @mama89, мислев дека само јас голем проблем, ама изгледа jet to come...
А од каде си купуваш градници? И јас сум на мака само по порачка или од Лиска ама сум ограничена со избор знаеш како е
Ова прашање го обожам, бидејќи само јас си знам. Ретко си купувам градници, ем заради цената, ем заради тоа што ретко наоѓам во Мкд. 70 евриња кога ќе дадеш за градник, а патките на нозете ти се 1200 денари, е тоа е тоа Лиска имаа минимајзери, ама некако моделите не ми одговараат, и се откажав од нив. Сега сум на Triumph единствено овие ги знам во мкд, ама Скопје се. Јас сум лоцирана во мало гратче, кај нас нема за мене Esprit(овие од Словенија ги најдов), Freya(oд Usa ги порачав), Suwen(директ од Истанбул) и си ги чувам како очите, бидејќи навистина не знам што да правам следно. Male ми препорачи да одам во Xintima во Скопје. Ако имаш прилика провери таму, јас на наредна прилика во Скопје секако ќе одам. Очајна сум за нов градник
А се ми е јасно јас сум Ф од Германија и од Турција нарачувам а од Лиска само 2 вида ми се ок. Следно одење за Скопје ќе барам од овие што ми ги препорача се надевам дека ќе ги најдам и јас не сум од Скопје. Сознанија за локации?
Имаат одлично видео, и ги објаснуваат локациите. Ама лиска многу им падна квалитетот. 2006 земав еден модел Умбре или така нешто се викаше, одеше до F. Прекрасен модел. Потоа го прекинаа и само минимајзери имаат Сега сум G/H и минимајзерите им се слаби. За месец дена ми си кинат железињата. Е толку пари да давам и пак да ги шијам, нема смисла.
Мноооогу ти благодарам за информациите, инаку го приметив и јас истото со лискините градници башка што избор за помали имаат боли глава а ние како греотки со најсмотаните бабински мораме да се задоволиме и после толку дадени пари ги шиеме. Инаку за одржавање јас ги менам секој ден за да им се врати ластикот во првобитна форма са не попушти брзо и да не се развлекува. Фала уште еднаш за инфото ако успеам да отидам пред тебе ќе те известам што и како има.
На сите ми се вадат рамките,ги мразам тие поголемите потполнети,нема некој градник од кој не ми се извадиле железата,понекогаш дури тоа додека се скине ме боцка на градата ,кој од кој понеквалитетен ми се.А не ги купувам некои многу евтини,мислам нормална цена за еден градник. Ме нервираат кога излегувам надвор,па сакам не сакам,морам да носам.Кога се враќам од некаде,ги соблекувам.Купувам со корпи,значи поевтини марки,а за бои бела,црна,розова,плава,посветли нијанси.
Ама маче,ништо не е задолжителна,а правилата може да се прекршат. Не ми се баш мали градите и па глупо ми е да одам така.Ги купувам поевтини марки,па толку им е и квалитетот.Инаку да имав мали гради ќе си купев беби дол со корпи и ич немаше да ми биде гајле.
Бејби дол со корпи ? де постирај го да видам. Знаеш и јас така мислев како тебе, дека имам големи гради и дека од бејбидолот де спортските градници ке ми се спуштени градите и мал ќе ми е, нема да ми биде удобно.Ама од лани почнав да носам некогаш.Зависи како, повеќе по дома си носам, ама и не се приметува и да отидеш до некаде.Купи си. Јас носам градник 105-110.А од овие XL.
Од каде купуваш градници. Ај кажете некое чаре а да не е Лиска... Не друго туку многу бабински ми се овие големите броеви
Кога ми беа помали носев таков.Е слика не можам да ти најдам. За да носам пак бејбидол,се сомневам дека ќе ми ги држи,дека пак се движиш,дури понекогаш и на градниците може да се откопча некоја рамка,па...Ќе купам барем кога сум дома да го носам,не знам дали ќе се познава,малку е незгодно при излегување(може да те оцрта).
Ај вака да си прашам за помош, каде да најдам убави и квалитетни спортски градници? И како одат броевите? Обичен градник можам 80B.
Јас голема мака си имам со ова. Смрт ми е ко ќе треба да купувам. Во обемот сум буквално најситна и ми е точна најмалата големина, но градите ми се големи за најмалите корпи. Ако ми се точни корпите назад ме бери уште еднаш да се пикнам, ако ми е точен назад напред слабо. И ексик. Во последно ги шијам назад. Земам во корпите точни и баба ми ми ги подшива. И тоа е тоа.
И јас сум иста ситуација - имам многу тесен обем и 75Б ми е идеален, но корпите ми се тесни. Најверојатно следен пат ќе треба да пробам 75Ц, иако мислам дека тие корпи ќе ми бидат...широки.
Јас пак имам средни накај мали и понекогаш не носам Незнам колку си возрасна, но кога си млада се поцврсти градите па дури и поголемите изгледаат Ок во маичка без прслук