Не си единствена. Јас отсекогаш си имав мали и цврсти гради и ми се случуваше да шетам без градник а откако почнав да вежбам скроз ми се изгубија, па сега и да сакам немам потреба да носам. А и поудобно ми е вака.
Нема каде да бегаат, ама на жештиниве не би ти препорачала да носиш ваков... Иначе многу е удобен само напред цицките како шпиц изгледаат.. Имам ист ваков, целиот е од чипка, не е удобен толку ама поубава форма дава...
Женски, каде да најдам прслук за мали гради што може без прерамки да се носи (значи со таа силиконската трака што го држи обемот), а да не ги прави како топки градите? Имам и од НББ и од Екстреме Интимо земено 2 такви, најмалата корпа за тие ми рекоа дека е корпа Б (а јас носам А) и толку смешно изгледаат зошто корпата е ептен тврда и отскокнува како рид.
На тезга на бит пазар провери, има голем избор, можеби ќе најдеш.. Јас нарачувам од интернет бидејќи тука неможам да најдам градник кој ми одговара ни од продавница ни од тезга... http://www.brasnthings.com/
Јас мака си мачам кога се градници во прашање. Имам големи гради, 95D корпа, а во обем ми требаат помали, па секогаш или корпите ми доаѓаат мали па градите ми „претекуваат“, или се корпите големи па има место за уште еден пар гради да се напика, или градникот во обем ми е голем па воопшто не е затегнат, па де фишбаните излегуваат и ме бодат, хаос. Купувам од пазар од тезга, и обично ми држат по месец-два пред да се опуштат ластиците па морам да барам нови. И никогаш не можам да најдам некои убави, за големи гради изборот е сведен на бели, крем или црни вреќи и ништо повеќе. И гледам многу девојки како се жалат дека би сакале поголеми гради, а јас толку ги мразам што озбилно размислувам за операција за нивно смалување.
Знам какви проблеми имаш... со истите се соочувам, јас 32DD (70F) носам.... Не би ти препорачала операција за смалување на гради, викаат дека е опасно и се добива рак... биди горда на тоа што го имаш..
Медицинско лице сум, знам со кои опасности би се соочила, тоа за ракот е само мит. Знам дека треба да го сакаме она што ни го дала мајка природа, па сепак, ми ја намалуваат самодовербата и се чувствувам непријатно во своја кожа. Да не зборуваме плус околу проблемиве што не можеме нормални и убави градници да си најдеме (спортски пак не станува ни збор)...
Мајками сакаше да прави операција за смалување на гради ама не ја направи пошто сите и викаа рак се добивало ко демек... Ама сепак мислам дека мајка природа не дала такви и такви да си се прифатиме... знам дека ти е непријатно, истите проблеми ги имам, неможам еден градник како што треба да најдам.. ама тоа е..
Кој има користено вакви градници ако може да каже искуство? Дали стојат цврсто залепени, колку време се користат? И дали барем малку ги подигаат градите?
Јас имам многу лошо искуство. Земав пред месец дена ваков градник за на свадба, носев фустан со отворен грб. Од играње градите ми се испотија и силиконот се одлепи. Значи на минимална влажност се одлепуваат. Ги извадив и без градник бев повеќе од пола свадба. За џабе фрлени 600 денари.
Градник на овој пекол? Неможам гаќите што ги носам да ги трпам не градник да ставам. А и онака нема што да скријам, мали се можат секако да се приберат.
Не знаев каде на друго место да го ставам прашањево, можеби тука е малку off-topic, можеби не, но дали некоја би знаела да ми каже каде низ Скопјево можам да најдам квалитетен спортски градник за големи гради? Ги прочешлав буквално сите продавници за спортска опрема, и никаде не најдов бројче кое бар приближно ми одговарало, а не можам да чекам да нарачувам од интернет зошто ми треба итно.
Феминки каде можам да најдам чипкан градник ? Во ГТЦ барав ама немаат таков, само чипка одоколу има мене ми треба целиот од чипка да биде.
Така нешто, може и таков, ми покажаа вакви ама само малечки броеви, немале големи од тие.. Ќе мора пак од интернет да нарачам....
Лелеее маки си мачам, никако да најдам удобен и точен градник.. никако.... дека нарачував од интернет, никогаш немам купен од тука и не се исти броевите и неможам да се снајдам.... 32DD носам
И јас имам мака со наоѓање на точен број зошто гради имам големи (95 D), а во ребрата во обем сум тесна, па никако не ми се погодува. По продавнициве досега ништо што имам купено не ми е точно, исто како да не носам градник. Сосема случајно на една единствена тезга на Зелен Пазар најдов градник кој за промена ми е таман, и во корпата и во обемот. Празна корпа е, исецело е чипкан, и овозможува добра потпора. Ако си од Скопје и ти, прошетај по пазарчињава, можеби ќе најдеш нешто што ќе ти е таман. Spoiler