Баш ваков барам, да од Скопје сум, деновиве ќе побарам.. ти благодарам многу. Исти проблеми имам во обем сум тесна а големи гради имам и никако добар градник да најдам... Инаку како да ги споредам броевиве, јас само од интернет имам нарачувано, а кога бев во ГТЦ да барам не се исти многу измешано некако бројки букви.. амерички мерки,европски,индиски у п.м веќе нека оди хахах. На сите градници различно и незнам како да знам која е вистинската големина, мајками еден ми донесе на него 34G пишува и таман си е јас што нарачав еден 32DD ама мал ми е некако... А читам мислења по форумов се жалат мали гради имале, а кутрите ние, неможеме градник да си најдеме...
Јас од интернет никогаш немам нарачувано, ама деновиве изгледа ќе морам зошто барав кај нас спортски градници, ама не успеав нигде да најдам точен број, а по класичниве не можам да вежбам. Инаку овие продавачкиве кај нас 90% врска си немаат од броеви и корпи, се случува многу често да ме убедуваат дека 95 D и 95 B се ист број, а мене во В корпа тупанициве не ми ги збира што се вели а не пак градите. Побарај на пазар, мене овие ми се ептен срцкасти дека се цели чипка, ем има многу убави покласични ама и појаки, неон бои, ем убаво држат. Плус се ефтини, мислам дека беа околу 200 денари, така нешто. А за бројче да си пресметаш пробај овде или овде.
Ти благодарам.. И мене веднаш ми се допаднаа кога ги видов на слика. Штом се толку нема проблем јас по 1500 денари давав ама пак џабе.. Се надевам дека ќе најдам..
Го има ли некој пробано минимајзерот од Lisca? Во прва прилика го купувам па што сака нека биде, не можам веќе со четири цицки да одам. И се помирив веќе оти нема да можам да носам слатки, интересни и секси градници. Господ знае што ќе се случи кога ќе родам. Уф.
Кога ќе го купиш сподели импресии. И јас сум на мисла да го земам. Кога го пробував во Лиска навистина имаше разлика во споредба со другите градници, ама многу скап ми беше (2400 ако не се лажам) Скап, не скап ќе го земам и јас. Вака не бива.
Здраво женски, незнаев каде па тука ќе прашам, има некоја поврзаност со темава. Знае ли некоја каде можам да најдам лепенки за брадавиците, кога носам маички или фустан без градник ми се познаваат брадавиците и тоа страшно ме нервира! Благодарам однапред.
Знае ли некој каде можам да најдам вакви градници? Oвие се од H&M, но пред 2 недели бев во Прага и Стокхолм и не можев да најдам во нивните продавници..
Какви градници носите(со корпи или без корпи)? со корпа и фишбан Какви бои најчесто купувате? па бели, црни, розеви и шарени, мн сакам тие Дали купувате марки или од поевтините? поевтини Колку најмногу пари до сега сте дале за градник? па сама кога си купувам, 200-300 денари Кој број на корпи носите? 80-85B
Среќни празници девојки, вака носам градник број 85 меѓутоа сум поширока во грбот и потешко наоѓам соодветен градник кој ќе ми одговара, а да не ме стега во грбот. Доколку некоја од вас знае од кај можам да најдам таков градник нека ми препорача.
85-ка што пишуваш ти е обемот на грбот, а не на градите. Градите се мерат по корпи - А, Б, Ц итн. Доколку 85 обем ти е мал, ќе си земеш 90-95 итн. и соодветната корпа за твоите гради. Пример, 80 обем, корпа Б.
Женски ајде малку помош. Дали овие што се силиконските може да бидат од за поголеми гради? Носам 80Ц градник, не верувам дека ќе држи ова чудо кај мене
Имaм јaс aмa вaкoв кo нa сликaтa,зaдoвoлнa сум е сегa кoгa се препoтиш пaѓa хх Рaзгледaј вo пoврaтните инфoрмaции сo слики тaму секoхaш имa и лoши и дoбри пoдaтoци зa некoј прoизвoд.
Малку каснам, ама нема да ти држи. Ист број носиме, џабе дадов пари за чудово. Колку смешно ми личеа( а не пак да ги држат )
Девојки каде да најдам ваков градник? Пред 2 години купив ваков кремаст од Х интима, предобар е, нема мрднато иако го носам постојано, нема попуштено ни прерамка ни жица мрдна. Бев пред некој ден да си купам и црн и што ќе видам, како кеса да пробувам и жицата одма излезена. И викам на продавачката дека жицата е излезена и друг да ми даде и ми вика: Немам девојче, ама нема везе жицата на сите им е излезена дека таков е прслукот, свиткан. Постои ли друго место каде што носат вакви?
Претежно во сите продавници за долна облека ги има,ако си од Скопје, минатата недела видов во гтц на 1 и на 2 спрат,незнам точно како се викаа продавниците!
Можеби не е за овде баш прашањево, но змаете ли каде во Скопје би можела да најдам вакво градници и да не се скапи многу?