Носам и поскапи и поевтини, и пазарски и марка. Имам и пуш ап и обични, ама мене се далеку поубави ваквите градници. Многу поженствени се од пушапот и потпунките и градите изгледаат феноменално само во чипка. Некои пушап модели во продавница кога ќе ги допрам мислиш со цемент ги полнеле, страв ме фаќа од што се тврди и нездраво ми делуваат.
а од прилика колку пари се градниците од лиска да не се епетен скапи несакам за градник да дадам над 1000 инаку јас имам голем проблем со силиконските презрамки се купувам и се ми се расипуват сакам да ги стегнам повеќе и за 1 мин се опуштат и цели ќе се замотат дали е до презрамките или ?
Секогаш носам пуш ап градници, поради тоа што имам мали гради без пуш ап градник неможам.Со него ми се таман градите
значи носам градник 80 Б или Ц, обично црца или бела боја купувам, од golden point. многу се удобни и ми одговараат.
да незнаете каде можам да најдам градник за на топ или корсет бидејќи несакам да ми се гледаат прекорамките,а и оние силиконски некако ме нервираат..
јас земав од елит, 600 денари ама со пушап, ептен е добар, има силикон на самата трака што оди позади на грбот и не мрда, вреди за парите, има бел крем и црн, и напред е рамен не се познава местото каде што се ставаат прерамките е ист ваков е
Имаш и на зелено пазарче,јас си имам купено,околу 200 денари беше.Ептен ми е погодено,исто е со силиконска трака, цврсто стои и воопшто не се поместува
Најскап ми е од NBB 500 ден а другите ги купувам по 150-200 ден имам мали гради и ретко да најдам соодветен градник и да скоро сите со push up ми се
за почеток: мало освежување иначе јас си носам градници така кои не се дебели т.е. кои не се пуш-ап ама сеа сакам да си купам некој пуш-ап зошто??? од мерак! што се однесува до боите најчето црни,бели,крем боја,и ретко црвени иначе марки не купувам ќе си купам некое од 150-200 иначе сеа сакам да си купам од соравија во ГТЦ инало таму у соравија некои градници од викторија сикрет па да видам иначе најскапиот градник ми беше 350 денари ама си го изнаносев. Си носам 75 но пред да го пробам не купувам
Кога треба да си купам градници ми е една од најтешките задачи ... носам 85 корпа ц , и ми е голем проблем да си најдам соодветен градник ... или ми даваат пушап или некој никакви, дури и не сакам да купувам, ама дека морам, и немам многу избор
Си купив пред некој ден црн градник и се зачудив кога видов дека купив градник два броја помал од што сум носела. Сега на ред ми е да си купам уште еден ваков али бел
Градникот ми е еден од најважните делови од гардеробата. Градник кој лошо стои може да ја расипе и најсовршената комбинација. Пробување пред купување-задолжително. Никогаш не купувам од пазарските, лошо ми стојат, брзо се расипуваат. Од градникот барам да е практичен за одржување и ги избегнувам оние со чипки, нерамнини, кои под тенка блуза не стојат мазно. Последниве години ги купувам единствено во GOLDENPOINT и тоа од брендот SISI. Совршено ми одговараат, а ги купувам исклучиво на попуст. Еве го градникот од овој попуст. Чини прифатливи 900 денари. Корпата не е крута, а ептен убаво ги обликува градите
Чуството во градник без корпи ми е бесценето. Удобно си е, се си е на место, меко си е, ако гушнеш некој нема да му направиш две дупки во торзо Е сега на поглед не се баш најзгодни. Повеќето изгледаат постарински, до некаде се чувствуваш како Е. Тејлор или М. Монро, освен ако не се оние целосно чипканите Чипканите ми се многу поженствени и по секси, а и градите изгледаат попривлечно во природна форма. Супер се за под некоја широка кошула или есенски кога си пооблечен па не се гледа многу обликот на градникот. (инаку не мислам на спортски градници) За секој ден, обично си носам со корпи ама без потполнки, избегнувам пуш ап. Нема некоја посебна причина, поудобно ми е во "нормален" градник. Не дека имам некои големи гради, баш напротив Е сега ако маичката или фустанот (или приликата ) си бара и некое солидно деколте - зашто да не Купувам поевтини градници, солидни ми се цените, можам да си дозволам повеќе, а и доста ми издржуваат. Околу 150 - 200 - 300. Досега немам фрлено парички на некој поскап, за натака незнам... Најчесто носам стандарди црн, бел и кремаст, ама знае да влета и по некој во боја. Ако нешто ми смета кај градниците тоа се силиконски прерамки. Запотуваат, обрежуваат и немаат поента (пак се гледаат) Спојлер
Баш вчера приметив дека продавницата каде што се продаваа аутлет производите на Викториас сикрет е затворена. Знае некој дали е префрлена некаде или? Како и да е, беа прескапи, а моделите не беа аутлет, туку ретро (да не речам библија).