Најудобни ми се обичните градници. Исто како да немам ништо на себе. А и заради големината на градите такви ми одговараат.
Во врска со силиконските градници, јас вчера носев и се покажаа одлично. Ги носев на свадба и скокав, рипав и ниту еднаш не се одлепија. Инаку јас имам помали гради
Од Сара Фешн ги земав, цената им е околу 270-300 денари. Да, тие што се лепат на гради. И плус со нив има и силиконски прерамнки
Бидејќи реков дека ќе пишам. Проверив неколку продавници за долна облека, барав нешто вакво или слично, бидејќи некако мислам дека најдобро би си завршило работа Спојлер но за жал овде во Ск не најдов. Ми нудеа силиконски такви, обичен градник на кој му се вадат прерамките и слично. Само во Пенти видов, повеќенаменски градник (му се вадат прерамките, како со ластик му доаѓа околу струкот долу и слично), не го пробав искрено, но мислам дека ќе ми ги влечеше градите надолу буквално, или пак воопшто немаше да ми ги поткрене секако, беше нешто над 1000ден. мислам. На крај, си го однесов фустанот кај шнајдерка со мој градник, го скрати (ги оставивме само корпите), ми го заши за фустанот, и можам да ти кажам дека сум ептен задоволна како испадна. Бидејќи фустанот ми е тесен, градникот си стои на место, не мрда, моите гради исто така, осеќам дека се сигурни, комотно ми е, фустанот не ми се лизга надолу, итн. На крај изгледа тоа ќе ни е спасот само. Ако имам некаква дополнителна информација за нешто друго што профункционирало ќе пишам.
Предобри wireless градници има и во Woman secret, гледам наназад сте дискутирале. Јас имам три од колекцијата Essentials, два nude боја и еден црн и се одлични. Немаат рабови, не оцртуваат и изгледаат многу слично, да не речам исто како оние од Yamamay. И со цени се тука некаде, околу 1.900 се отприлика. Презадоволна сум, вредат скроз.
Таков со икс-прерамки за околу тебе имам купено од Лиска, и не ми се свиѓа. А 3200 го платив. Го носам по потреба како нормален градник, само што не е најкомфорен, бидејќи и задната лента, што се закопчува, фактички е “прерамка“
Купувам и поефтини и поскапи градници, зависи. Е ама многу ме нервира кога на оние поефтините ќе им се извади жицата
Каков градник носите по дома? Сакам некој што нема да го чувствувам на мене, без жица, а да не биде со голема површина како спортските.
Пери ги во корпа за градници. Јас така ги перам и немаат гајле. Носам од обичните. Купувам NBB градници од Сара Фешн. Цената е 199 денари.. Многу се удобни за носење. Исто како да не носам градник. Најдоле, средната слика. https://sarafashion.mk/gradnici#/pageSize=6&viewMode=grid&orderBy=0&pageNumber=2