Јас имам од Ваикики и од Џамбо, нешто налик на спортски градник, ама од поинаков материјал. Е сега, и овие градници немаат "мала површина", ама мене ми се ептен пријатни за дома. Спојлер https://www.lcwaikiki.com/en-US/OM/product/LC-WAIKIKI/women/Corset/3015134/553299
Мене овие ми се супер, направени се од растеглив материјал, не се како спортските градници. А и спортските имаат поинаков дизајн (за потпора на градите и грбот) па напорни ми се за носење кога не спортувам. Овие се баш пријатни. Во Џамбо се 200 денари, а во Ваикики се 300-400.
Има во Џамбо, ама не се памучни и доста се еластични. Е сега, имаше останато само S-величина, а тоа беше ептен мало и тесно бројче и дури и мене не би ме собрало. Цената беше 99 денари, па ако мислиш дека би ти одговарал тогаш појди погледни ги какви се. Имаше само бели. Мене ми беше сомнителен материјалот, мислам дека ќе ме поти па не зедов.
И јас избегнувам такви материјали Денес ги видов овие на страната на Пенти, па ќе одам некој ден да видам какви се во живо
Градниците од Џамбо не потат, мене ми се ептен океј за по дома. Јас имам s/m величина, само s немаше или јас не сум разгледала добро. Вакви слични @ванилала има и во ваикики, по две одат во комплет, 500-600 денари се. Во Пенти колку се?
Дали знаете каде се купуваат потпинки одделно Имам купач ама без потпунки ми е а не би го носела така само
Има во Сара Фешн, околу 200-250 денари се отприлика, не ми текнува на точната цена ама 100% ги имаш таму.
Сте ме спасиле! На сите ми се излезени жиците и штом купам нов прво го подзакрпувам демек да не излегуваат жиците, ама џабе. Ова ќе ме спаси!
Да ти кажам, ептен е спас за градниците. Мене ми е измислица на векот. И многу ми е омразно перење градници на рака, машина си е машина. Со ова немаат мака и најевтините градници.
Има исти такви во Џамбо, само еднобојни. Кога бев јас имаше останато само беж. Земав еден за проба, ама не се сеќавам колку пари беше зашто земав и други работи. Мислам дека не беше скап, а удобен и мек е, нема жици.
Каде можам да најдам лепенки за брадавици? Било какви само да не ми се познаваат напрчени брадавиците под фустан. Знам во веро имаше порано, или така ми се причинува.