За матура јас купив од џамбо, кај делот за хигиена. 60 денари беа, незнам како се викаа. Провери мислам дека има сеуште. Другарка од валијант купи, немав храброст да влезам таму па барав по аптеки и на крај во џамбо најдов.
На едноделен костим за капење што нема потпунки ни корпи, што ставате да не се познаваат брадавиците?
Нема да се одлепат од водата? И ако сакаш да најдеш некоја слика како изгледаат за полесно да ги најдам...
Каде можам да најдам убави квалитетни градници А корпа? Од Сара Фешн имам и не сум нешто многу задоволна.
Кај Рената на Зелено пазарче. Сериозно, жената е експерт за градници и има поголем избор од било кој бутик.
Има во Сара Фешн од тие на НББ по 400 денари и убави се јас ги перам во машина на 40 и ништо не им е. Не излегуваат жиците. Тие поефтините не сум задоволна ја губат формата и излегуваат прерамките. Сум купила и доста ефтини градници од Primark беа по 3 евра и еве веќе 2 години како нови се. Отсекогаш сум сакала Victoria’s Secret градник но некако скапи ми се 40 евра.. Сигурно вредат но не знам можеби ќе ги фатам некогаш на попуст.
Каде да најдам убав градник за под невестински фустан? Освен Lisca, на кое друго место има убави? И за поголеми гради, D корпа..
Lisca, Yamamay и Women's Secret ти се единствен избор доколку сакаш нешто што е со добар квалитет и кое ќе можеш да го носиш долго време, па затоа и ти препорачувам да не ги жалиш парите за нив Плус, штом е за под невестински фустан, сигурно ќе сакаш нешто кое ќе им даде добар облик на градите и ќе ги држи на место цело време, а тоа никако нема да го добиеш со обичните пазарски градници.
Сара Фешн ако сакаш за украс да ти се, не се којзнае колку квалитетни и по зелен пазар за украс лични хаха. Инаку, Lisca дефинитивно, ем квалитетни ем убави. Инаку носам без push up, пошто не сум многу надарена во градите така да сум носела но не ми се ич комотни. Сепак барам комоција на градите тоа ми е најважно.