Ни јас не сум задоволна од Сара фешн далеку се квалитетни. Често пазарам во Њу Јоркер ама сега си купувам и од Yamamay и од двете продавници сум презадоволна во однос на квалитет и трајност. Подобро ќе дадете малку повеќе парички но нема да се замарате со жиците и неудобноста.
Значи дефинитивно на пазар градниците ми се по погодени од Сара фешн. Од пазар т.е битпазар пред неколку месеци купив градник на марка Луна значи не мрдна.... пред една недела земав на Сара фешн значи ем немаат големи корпи ем немаат квалитет земав еден бел и одма ид страна испадна некоја пластика.
Заборавив да те прашам тогаш, каде точно се наоѓа женава? Не сум ја приметила досега, ама и не одам често на Зелен пазар па затоа можеби. Веројатно ќе ја најдам, ама за секој случај нека оди прашањево.
Од тие што имаат големи гради, била ли некоја во Yamamay ? Освен во Лиска дали во друга продавница за долен веш имате побарано големи бројки и затворени корпи ?
Не знам како да објаснам Во задниот дел на пазарот лево, близу до тезгите со папучи... Прашај било кого за Рената што продава долен веш, сите ја знаат. Можеш дома да го пробаш прслучето и да го вратиш ако не ти одговара, ги заменува без проблем. Сум била во Yamamay, ама лично не бев задоволна од изборот, два три модели само. Поголем избор има во NBB во Сити Мол.
Ова како модел најмногу ми одговара, ама пак се нервирам , многу е како за баби. Балконет ми одговара, ама нема никаде.
Ќе се снајдам и со ова, без гајле. Сосема доволно чисто да имам ориентација кај да барам. Фала ти, ќе пишам што ќе направам. Само да се решам да одам веќе еднаш засекогаш.
Е, балконет само во Lisca сум видела поголем број. Како и за се останато, осакатени сме и со големи бројчиња по продавнициве, сите убави работи ги носат само до 42-44 број Во Хрватска на пример, и овие што ги има кај нас, а и сите други ланци на продавници што ги нема кај нас, имаат од секоја роба во апсолутно сите величини. @Mishela , и јас така, дури да тргнам некаде е најголемата мака. Минатиот пат затоа си купив наеднаш четири прслучиња, да не ги мислам.
Имам мака со граднициве,значи ќе ме убие некој ден некоја жица. Или оние пластични држачи од страна како фино знаат да боцкаат. Јас немам многу големи гради ама прилично сум широка во грбот.И сакам поставени градници оние само до материјал,чипка...не... Не ме праќајте во Lisca,скапи ми се...
Можеш да провериш во Сара фешн или Њу Јоркер, други продавници за поефтини градници освен пазарски не ми текнуваат. Сепак, реално, факт е дека Лиска се скапи, ама ти гарантирам дека со години ќе ги носиш без никаков проблем, па кога ќе удриш математика и ќе пресметаш колку пари би дала за ефтини градници за тие години за кои би носела Лиска, ќе излезе дека ти се исплати ептен да купиш од нив. Како личност со навистина големи гради, со години мака мачев со пазарски градници и погрешни бројчиња, растегнати ластици, излезени жици итн., и спасот си го најдов дури откако почнав да купувам од Лиска, така што, искрен совет е да си одвоиш/собереш за макар еден пар, веднаш ќе ја увидиш разликата
Можеш да се обидеш со сличен тип на бралет, има и без чипки секако. Не е само материјал, поставен е и дава пуш ап ефект. Ги имам видено и на Зелен пазар за по 300 ден. доколку сакаш поефтина опција. Имам неколку и да ти кажам, покрај нив во последно време не ми паѓа на ум да облечам класичен градник со жици и останати чуда кои ужасно пречат. Преудобни се. Прошетај низ бутиците по Сити Мол и во Сара Фешн, има разни типови на градници.
Девојки мили итно ми треба ваков или сличен градник за фустан со длабок В израз. Каде би имало по Ск?
Имаа дуќани во Буњаковец и ГТЦ. Во Буњаковец тој не знам дали им работи уште, а во ГТЦ се на приземје.
Јас сум презадоволна од градникот од Yamamay. Врвен квалитет. Скап е,ама од Октомври до сега ко вчера да сум го купила е.