За тука во Мкд не би знаела да ти кажам, но во Малта јас го платив 25 евра. Ќе поставам слика. Градникот има преубав материјал,мек и убав облик дава под маици и блузи. За разлика од овие другите што ги имам малку повеќе се испакнати. Спојлер: Градник Овој многу ми се допаѓа само штета што немаше други бои. Продавачката беше многу љубезна и упатена, бидејќи имам мали гради па ми покажа доста модели,а овој највеќе ми се допадна. А од NBB имам купено, но мене не ми се допадна поради тоа што се кршат корпите, немаат некоја удобност.
Женски, ми треба совет! Носам градници без потполнки, само чипка нешто вака, не сакам со сунгери-потполнки многу големи ми ги прават градите. Проблемот е што многу ми се познаваат брадавиците, некој совет да ми даде некоја со ваков проблем, нешто да ставам а да не се познава???
Ако градникот има пуш-ап, тогаш да, ги прави градите поголеми, ама ако купиш обичен градник тогаш градите ке ти останат исти. Обичните градници се исти како овие со чипка што ги носиш ти, само материјалот е нешто подебел и брадавиците не се познаваат. Зависи колку пари си спремна да дадеш, оди во сара фешн, во lisca или било која продавница и побарај обичен градник, нагласи дека сакаш беш пуш-ап и ке си најдеш соодветен. Денес барем е лесно, дури и градници со А корпа имаш и обични и со пуш-ап, а поголемите корпи (обично од Ц нагоре) најчесто ги прават без пуш-ап.
Можеби корпата ти е мала, пример си купила Б корпа а ти треба Ц. Затоа ти велам, оди во некоја продавница и побарај помош. Побарај да ти дадат градник со Б корпа и Ц корпа од ист модел и одлучи кој број т.е. која корпа ти стои поубаво. Или еве ти објаснување како да измериш самата, и ке знаеш што да бараш. Само имај во предвид дека овие мерки важат за lisca, другите брендови немаат баш исти димензии, па можеби во една продавница 80Ц ке ти е таман, а во друга 90Б. https://www.lisca.mk/right-size-mk Спојлер Упатства за мерење: A. граден обем B. обем под гради Одредување на вистинската големина на градникот Најпрво ја одредуваме основната величина, која се темели на обемот под гради B. Мериме преку грбот и напред под гради. Така ја добиваме основната големина: 65, 70, 75, 80, 85 итн. Големините се одредени така да одговараат во обем 2 сантиметри помали и 2 сантиметри поголеми од означеното. Тоа значи дека на пример 80 големина одговара на измерен обем 78-82 сантиметри под гради. Потоа го мериме обемот на градите A. Кројачкото метро го ставаме преку грбот (на местото каде градникот обично се закопчува), па преку градите во висина на брадавиците до длабочина на градната коска меѓу градите. Мерката потоа ја споредуваме со претходно измерениот обем под гради: - ако градниот обем е поголем од обемот под гради за 12-14 сантиметри, веројатно одговара корпа А, - ако е поголем за 14-16 сантиметри – корпа B - ако е поголем за 16-18 сантиметри – корпа C - ако е поголем за 18-20 сантиметри – корпа D - ако е поголем за 20-22 сантиметри – корпа E, односно - ако е поголем за 22-24 сантиметри – корпа F Имено, ако обемот под гради е 80 сантиметри, а градниот обем е помеѓу 96 и 98 сантиметри, најверојатно одговара градник со големина 80C.
Имам на Bonatti еден со магнетно закопчување напред. На изглед преубав. Амаа, се откопчува сам. Правиш погрешно движење и се откопчува. Исто, по некои 3-4 носења жицата излезе.
Веќе 2/3 години си купувам од Womens Secret и сум презадоволна. Имам неколку и се преудобни, не ми избледиле при перењето, а и моделите сите им се многу лични. Пробај си бар еден мислам дека нема да се покаеш.
Само што купив. Не го осеќам на мене од што е лесен. Материјалот е толку мек и пријатен за носење. Ќе видиме уште околу издржливост како ќе се покаже, ама не се сомневам, ми изгледа квалитетно. Благодарам на мислење
Девојки каде можам да најдам градник што ги поткрева градите ги стегнува и прави да изгледаат поголеми?
Добро каде наоѓате големи броеви на градници 110 -115 C/D корпи сега гледав на страните на Lisca, Yamamay, extreme intimo 99 посто се до 85D. Знам дека Лиска имаат големи градници, мајка ми има 30 сигурно и ги носи со години а носи 130/135... Сакам да купам неколку квалитетни и мазни без чипка без ништо за секојдневна употреба..