Сега ја гледам темата, па да ти одговорам. Си купив кога бев трудна, од Лиска и навистина визуелно ги намалува. Конкретно овој на линкот. И удобен е. https://www.lisca.mk/kostimi-za-kape-e/gradnici/kiloti/so-zhica/olina-minimiser.html
девојки, знае ли некоја каде можам да најдам градник со ептен тенки прерамки, како бретели? или евентуално само прерамки ? Фала ви
.предлог на добар пуш ап? Гледав нешто дупли потпунки , па ко раце, од страна, од доле... Искуства и совети? Мм и за жиците што излегуваат. Совет?
Има во Woman Secret такви градници, јас имам неколку од Basic колекцијата, и сите се со ептен тенки бретели. Без попуст се околу 1.690, ама често се и на попуст
Многу ми се допаѓаат градници што немаат корпи, обични чипки или така нешто. Не знам како точно се викаат, на фјер има такви, преубави се. И на бонати исто.
Вчера го купив третиот градник од Women's secret. Презадоволна сум. Квалитетни, меки, не ги осеќам на себе, немам никаква тежина на грбот (а имам големи гради). Вредат за цената, ги препорачувам
Никако да најдам соодветен градник без прерамки. Имам големи гради и ми паѓа секогаш и не се чувствувам удобно. Каде би можела да најдам таков а да не паѓа? Не ме интересира цената. Или нешто како на сликава? Навистина стои вака или е само реклама? Мене не ми изгледа верно. Спојлер
Дали сте задоволни од квалитетот на yamamay? Опседната сум со долна облека а од таму до сега немам купено ништо. И имаат убави модели.
Јас не купувам од скапите градници напротив од поефтините,оние што цените кружат од 200ден до 250ден, и обично со потпунки зошто неможам без нив,потпуникте добро ми ги држат другаркиве да не мрдаатносам 85чедоста ми се големи на 15год па тешко ми е да најдам соодветни за себе
Во Lisca имам видено нешто слично ама одамна беше незнам дали има уште. Цели со чипка проѕирни има ама нешто вакво не сум сигурна.
Девојки Здраво Очајно барам помош. До сега сум купувала од НББ, но некако после одредено време се деформираат иако ги перев во мрежа и посебно во машина. Друго прерамките цело време ми паѓаат не знам зашто. Порано не се случувало но во последно време дали ќе легнам или било што одма ми паѓаат на раменици. И секогаш ми излегуваат жиците. Значи се нервирам ужасно. Д корпа 75ка според НББ Чаре?
Здраво женски Дали некој може да ми препорача од каде да купам градник со push up, ама да се прилично полни?
Во Котон има модели со пуш ап, некои се и двојно пополнети (максимајзер). Удобни градници имаат, јас од таму најчесто си купувам.
Јас мислев само мене ми паѓаат прерамките од нбб Јас се откажав од пробвање градници. Сега земам од lisca да поскапи се ама вредат. Често можиш и на попуст да ги начекаш.