Каде има убави градници за доење, не оние старските бели со дебели прерамки, туку убав некој. Еднаш во ваикики најдов, амa сега не можам да начекам ни таму.
Кога паѓаат прерамките најчесто се работи за несоодветен број, сеедно дали поголем или помал од тоа што ти треба. Обемот на градниот кош се мери веднаш под градите и е означен со број (70,75,80 итн.) во cm. Се мери обемот на градниот кош со градите во линија на брадавиците. На овој начин се одредува големината на корпата, најчесто означена со буква (A,B,C итн.). Според измерените вредности со помош на табели ќе одредиш кој број на градник ти е потребен. Или можеш да пробаш вака со калкулатор. https://www.calculator.net/bra-size-calculator.html Земи во предвид дека големината за даден број може да варира кај различни брендови. Во Lisca, Women's secret и слични продавници би требало да има метро и табела во гардеробите за нивните модели, па можеш и таму да се измериш и да одредиш кој број ти е потребен.
Знам се жалев на форумов дека не можам да си најдам градник поголемо бројче, а за спортски па особено. Се запнав да барам на Алиекспрес, и најдов plus size спортски, дури имаше и две корпи поголеми од моите. Се консултирав со продавачот зошто сакав најголемата да ја земам ама он ми ја кажа соодветната корпа, ми стигна за месец дена. Луѓе, го платив 700-800 денари, градите ми ги прибира поубаво и од градникот на Лиска, ми ги подигнува и им дава форма, е сега би сакала да е уште постегнат, ама со вкрстување на прерамките е подобро. Пробав со мојот од Лиска одоздола и овој одозгора, и скоро и да не ми мрдаат кога скокам или трчам, и не ми излегуваат од сите страни. Раскажувам вака со возбуда зошто не ми се верува дека најдов вакво нешто за само 700 денари. Доколку има некоја друга проблем како мојов, нека види на Али, имаат поголеми бројчиња а ептен пристапни цени.
Жемски ај помош. Зедов градник од Bonatti пред некое време, сфатив голем ми е. Еднаш во живот само имам погодено и тоа е NBB. Ама сериозно не знам кое бројче сум. Under-bust - 75 cm Over-bust - 83 cm И сеа искалкулирав и пак не знам кај сум и во продавница шо да барам. Која жемска ми помогне пиво ја честам, преку глава ми е од погрешни бројчиња. Инаку вака убави точести и подигнети гради имам, некогаш и без градник излегувам, ич не се приметува. Ама сакам да си погодам бројче и да си се подновам сега пролетно Редактирано: Случајно, случајно сега ја најдов. Девојки па нема шанси да сум C корпа, или овие од Бонати да се без врска квалитет. Ама ова од NBB ми беше B корпа. Help.
Многу различни табели има. NBB мислам дека одат до Б корпа. Калкулаторот на Лиска и Бонати како најмала разлика ја дава 12 cm и тоа е корпа А. Кај тебе разликата изнесува 8 cm, па претпоставувам би била корпа АА. Значи би требало да бараш бројче 75АА/34АА. https://www.lisca.mk/right-size-mk Постои и т.н. сестрински број. Со зголемувањето на обемот на band-от (не ми текнува соодветен израз на мкд, па ако на некоја и текне нека пише) се намалува големината на корпата. Со намалување на обемот на band-от се зголемува големината на корпата. За 75АА сестринските бројчиња би биле 70А и 80ААА. Кога ќе пробуваш градник треба да внимаваш на неколку работи: -band-от треба да стои под лопатките/плешките и да биде во линија паралелна на подот, значи не треба да се крева нагоре ниту да стега; ако се крева нагоре тогаш треба да побараш градник со помал обем, а ако те стега треба градник со поголем обем; -треба да биде закопчан на најлабаво и да можеш да собере една тупаница меѓу грбот и band-от така закопчан; -корпите треба да ја следат линијата на градите; не треба да има простор помеѓу корпата и градите; не треба корпите да ги сечат градите ниту напред, ниту од страните; -симни ги прерамките од рамениците и види како ти стои градникот; ако ти е точен убаво ќе ги покрива градите, ќе обезбеди добра поддршка и при движење нема да се изместува. Се надевам дека ќе го пронајдеш совршениот градник за тебе.
Многу многу ти благодарам. Прва реакција ми беше, леее ова цела една посебна наука е хахахаха Ајдеее пак ќе редактирам. Вака, овие Бонати немаат корпа А. Неписмена се осекјам искрено Ама вака поткрепена да идам со информации, претходниот пат не успеавме со девојчето што работеше таму да се разбереме.
Па наука е. Многу е важно да се пронајде соодветен градник. Сепак долго време ги носиме и важно е да си ја вршат функцијата добро. Види во Koton, Women's secret, Lisca, X-интима...
Ќе проверам, првин да разгледам по интернет вака шо има, од кога фати пандемијава шо се вика надвор немам излезено, па ако отидам да бидам ефективна. И фајнали, на голо со конче се премерив 67-80. Шо би значело 70А. Леле шо сум барала, шо сум купувала мила мајко И после се чудам шо вака чудно изгледам во гради, па си фурам со пошироки маички и без градинк хахахах, сама на себе си се смеам.
70А, 65Б, 75АА. Овие ти се сестринските бројчиња. 65 ретко сум сретнувала. Еве во Лиска гледам имало 65, само во моментов не е на залиха. https://www.lisca.mk/kostimi-za-kape-e/gradnici/kiloti/gradnik-bez-zhica-comfy.html Од 70 па нагоре веќе секаде ги има. Инаку голем број на жени носат погрешен број на градник. И јас долг период не си го знаев вистинскиот број. Не знам зошто не се обрнува толку внимание на тоа. Еднаш кога бев да купувам градник продавачката не ми понуди да ме измери туку да ме види па да ми каже кој број ми треба.
Мене тоа ми е голем проблем. Вака газето ми е поиспакнато, и со погрешен градник, како надувано пајче сум. Ич не ми е убаво А вака со вистински градник, и тенки блузички како слиено седат на телото. Многу ми е неубаво и кај многу девојчиња низ град приметувам преголеми градници носат, и мене тоа не ми е поубаво, демек оптичка варка, мене само ми штрчи. Најубаво си е природно, дури со точен број градник и на мали гради деколте изгледа пееерфектно. Ама и продавачките играат голема улога, треба да ги обучат, реално не е тешко да се научи, па кога ќе идеш да ти нудат услуга. Јас неколку пати утнувам бројче, ради тоа што нема кој да ми помогне кога ќе отидам. Па си викам да засукам ракави сама да си се снајдам, кога ќе отидам само да им побарам модели со тоа бројче.
Треба обука, ама кај нас малку тешко. Мислам дека мал дел од продавачките во продавниците за долна облека носат соодветен број на градник и покрај тоа што тоа им е работа. Тоа е тоа... Со среќа во потрагата.
Од вајкики имам земено пред некојси три месеци, не е класичен, како беби дол е, памучен, напред меѓу градите има копчиња. Исто добар земав сега скоро од стружанка, еден модел имаа, така да ѕирни таму.Исто во вајкики има и долни маици за доење.
Дали сте задоволни од брендот Eros? Досега немам користено, а пробав еден во локално дуќанче, многу пријатено стоеше па се мислам дали да го земам. Во кои продавници ги има? Ги немам приметено низ град, ниту па овде во темава најдов нешто.
Јас искрено не сум нешто задоволна ни од поскапите од Лиска и Бонати, на изглед да, најубави се, ама за таа цена не ми е материјалот нешто којзнае што..
Девојки да ве прашам, зошто градниците со жица наводно не биле добри за градите? Неколку пати го слушнав ова, меѓутоа не знам како точно влијае.
Девојки носам поголем број на градник, но мислам дека сеуште не го најдов соодветното бројче. Ми одговара и Д и Е корпа, обемот 100-110. Сакам да си купам од градниците на НББ, во Сара Фешн секогаш тој истиот ми го покажуваат, но девојките не се којзнае колку услужни па затоа и не сум купила досега. Видов дека имаат и минимајзер па да ми кажете доколку некој има искуство со таков градник дали се удобни и цврсти и дали навистина го намалуваат волуменот на градите? Фала ви однапред