^ Кој сакаше ваков градник, ми стигна од Сара Фешн, вака супер стои, само ми е страв тоа лепенките да не попуштат по неколку носења, баш ќе го тестирам да видам како ќе биде. Ако е за 2,3 носења не се исплаќаат 1200 денари
Градникот го испробав на два часа денеска, катастрофа, да можев ќе и го вратев, уште првите 15 мин дома додека се спремав почна да се одлепува, ама викам ај додека сум излезена да видам може ќе се залепи! Едвај чекав да дојдам да го извадам, ми испагаше, се одлепуваше, мислев дека од фустанот ќе ми испадне, катастрофа невидена! Дајте предлог за друг, тој од Лиска нема бројче едно мислам беше а некако и многу прерамки ми се видоа
Затоа јас општо од сите градници на Сара не сум задоволна. И престанав да купувам таму. Во Yamamay да видиш дали има таков,специфичен каков што бараш или women secret .
Women secret имаш сличен и тоа мали бројчиња беа останати баш како што бараш, јас изнакупив минатата недела повеќе градници и баш го видов овој
Женски, има една страна на инстаграм Badbunny.mk се вика. Нешто како фластер е изгледа, и се лепи за градите, и може да се мести секако и за секакви фустани. Баш еднаш ја гледав Ким Кардашијан ( не сум нејзин фан, случајно ја загледав што мести, и се заинтересирав ) ,и супер и стоеше. Ако има некој искуство нека пише.
Ејјј баш ти фала за овоа, јас со недели барам вакви лепенки ама неможев да најдам. Мора да ги порачам
Каде да најдам градник со корпи ама без потпунки? Конкретно ми треба голема бројкА, во Сара Фешн немаат. По можност интернет страна да може да праќаат по карго.
Да провериш тука https://www.lisca.mk/kostimi-za-kape-e/gradnici https://bonatti.mk/zeni-gradnici.html
Девојки каков градник носите на фустан со целосно отворен грб? Без градник не ми е опција зошто дојам, тече млеко, обичен се гледа. Ептен ми е мерак да го носам фустанот ама грдо е вака со обичен.
Тесен е. А ако имам некоја milky ситуација или потење, се одлепува ли? Или треба да се зацврсти некако?
Леплив е самиот градник , за потење немаш гајле е сеа може само да треба да го поднаместиш во текот на вечерта ако се измрда нешто. Фактички се закопчува на средина и залепен е за градите , дури и солидно ги држи , убаво изгледа.
Од маалски бутик , не знам кај би имало на други места , види некој бутик фустани каде што продаваат.
На мене ми се одлепи при потење. Инаку во Сара фешн би требало да има вакви градници. А да пробаш вакво нешто да направиш со обичен градник? Некаде на 5-6 минути покажува како се прави. Ми изгледа многу поудобно од силиконските градници.