тетка ми работи таму ќе ја прашам и ќе ви кажам ај да не бидам офф. еве слики од какви градници сакам и сигурно ќе сватите дека сакам со различни дезени и триста дрангалашки пс.да си кажам јас интересна случка додека си купував сеа скоро градник. идам таму и барам прслук но не на нбб туку некои пуш-ап и она ми нуди таму некои од картон и ми вика само овој бидејќи она нема со што да го пополни...и кога го слушнав ова ми идеше да и го бутнам прслукот во уста и после идеме кај сара фешн кај рекорд и купувам 85 и ми идеше да и се вратам на таа со картоните т.е. прслуците и да ми ги даде сите 85-ки за безпари да си се пофалам (ми пораснале близначките ) од 75-ка на 85-ка
^ 75ка и 85ка означува обем на гради, т.е. целокупната ширина од напред до позади. Б, Ц, Д означува големина на корпата т.е. градата. Што не значи дека не ти пораснале
мислам дека 75 и 85 е обемот под градите а А Б Ц или Д е разликата помеѓу обемот на градите и обемот под градите
Јас сум си обдарена цура, 90 Д ама нема бре кај нас од кај да се купи нешто интересно мамето нивно. Мајка ми е верна на Лиска и кога земав прв пат ми купи од таму. На крај врти сучи пак таму се враќаме затоа што квалитетот е неоспорен. Ама мене ме нервира што немаат некои интересни шарени, со точкици со чуда, и се на црн и бел прслук паѓам. Имам еден и од Триумф, ама тој изгледа убаво само ако седиш мирна. Било какво движење и ојде цура вон корпа. Последен пат кога бев тука ме напна тоа продавачката. Почна да ми вади едни цели со чипка, црни и проѕирни. Срам ми беше да излезам од соблекувална, а ја не сум од срамежливите. Некој совет каде може да се најде поголемо бројче, освен Лиска и Триумф??
Јас искрено само Лиска. Имам 4 градници кои ги земав од таму и верувајте само нив ги носам. Чувството е како да немаш градник, мислам во позитивна смисла. Се е средено, се е на место, плус и убаво изгледаат близначкиве мој. За помали корпи верувам дека може да се носат поефтини градници од на пазар, пошо не треба којзнае колкава потпора ( без навреда, и мене пред да ми пораснат користев такви, сега нема шанси, како прво бројче нема никаде, во Пенти пред еден месец немаа величина Д )
Женски дај кажете каков градник да си купам ама од битола смачено ми е да користам градници од по тезгите од само ми се вадат жиците и само крпам,ми се даваат пари до кај 600ден ама да се стварно квалитетни е сега колку има квалитетни за 600ден појма немам ама дај кажете некој ако имате искуство
Носам градници без корпи ми ги прават шпицести градите носам 75 ка и ги имам скоро сите бои црн,бел, кафен,крем,црвен,тегет,плав,розев,зелен итн иначе што се однесува до цена имам 2 градници купено од Лиска и многу сум задоволна но купувам и поефтини од 150 ден има на зелено пазарче преубави моделчиња.
Толку години носам градници, а првпат си купив градник минатата Нова година, и тоа бев со тетка ми во продавница и ми вика одбери си јас честам. Другите сите ми ги испраќа тетка ми од некоја си нивна таму конфекција или фирма што и да е во Германија. Никогаш до сега ми нема утнато бројче, и благодарение на неа ги имам сите дизајни и бои.
Како одат бројките на градниците? Не ми е баш јасно, или пак сестриве мајтап си играат со мене. 75Б ми е премал, а 85Б преголем. Да не треба да земам 75Ц !? Ич не се снаоѓам.
Секакви имам али најчесто бели... па за долна облека највежен ми е материјалот...... е ова за боројот не знам...
Најбитен е бројот на градникот. Ако носите погрешен број може да направи и стомакот дури поголем да ви изгледа, и градите лошо изгледаат некако како изкривени, не доволно подигнати што знам имаше една страна каде што пишува како точно се пресметува бројот на градникот јас 80ка корпа Б носам А за боите и дезените, најразлични имам од чипкани до најобични памучни
Jaс носам со корпи,и најчесто купувам сива или црна боја.Земам од поевтините,ми одговараат и тие.А носам 85 Б.
Мишела мислам дека бројката е всушност обемот, а буквата ја означува големината на корпата. Инаку, во последно време почнав да носам без корпи. На Грација се, 500 денари е еден, ама совршено ми одговараат. Еве скоро една година имам два, и конче не им испаднало, а константно се на вриење. Не ги менувам за ништо.
Носам градници со корпи, ама без потполнки. Најчесто купувам црни и бели, но имам и во други бои - сив, кремов, и најчесто се памучни и со чипка. За бројот, обично носам 75, но понекогаш ми одговараат и 70 и 80, зависи од градникот. За буквите не знам . Досега сите што ги имам купено се поефтини, 150-200 денари, и не знам од кога се канам да си купам некој поскап градник (демек за поквалитетен) ама никако да дојде тој ден, де немам доволно пари, де ќе купам некој поевтин и така. Инаку, претпочитам да пробам повеќе модели пред да купам некој и гледам да се со повисока горна линија на корпата за да не ми излегуваат градите. Ги перам на рака за да не им излезат жиците ако ги ставам во машина, ама џабе, пак излегуваат после некое време носење.
Мразам градници со пуш-ап полни сунѓер, не практични се во мојот гардеробер. Инаку носам 80Б, а последните 2 години купувам само balconette градник, дури ни гугл не знаеше да ми го преведе. Во главно вакви корпи највеќе ми одговараат, не сум пробала градник без потполнки некако си мислам ќе ми ѕирка нешто Ама би си купила, ме замисливте сега Фирма не бирам, битен ми е моделот да ми лежи добро и да не се распадне од 2 перења. Имам неколку од NBB, имам купувано од H&M, па дури и од New Yorker. Сакам бои, дезени, разиграни, ама имам и црн и бел- основна потреба се.