Мене градниците од Котон ми се топ, со години купувам од таму. Не им се нешто многу скапи и по редовни цени, а во време на попусти може да се начекаат и по 300 ден. Имаа една линија со не знам каков памук, предобри се и баш природно легнуваат на телото. Убави се и обичните и полнетите, јас стварно немам замерки. А од Бонати не сум задоволна ни јас, многу брзо се деформираат корпите по неколку перења дури и на нежен програм.
Здраво Дали знаете каде се продава двостран лепак за гради, едната страна се лепи за градите другиот дел за материјалот ?
Каков модел е тој од Sara Fashion? И јас имам големи гради и до сега само од Lisca купувам, само тие ми ги држат убаво Ако има во Сара некој таков убав модел, те молам пиши
Каде може да се најдат градници на NBB, ги користам 2-3 години и сум задоволна, немаат мрднато. Порано ги купував од сара фешн, но ги нема повеќе. Од таму тврдат дека се истите само под друго име, но на тело ги чувствувам различно.
Јас од Бонати носам, купив неколку пара пред две години и сѐ уште сум со нив. Белите и кремавите модели и на вриење ги перам, ниту корпи се деформирани ниту оштетени. Буквално се како вчера да сум ги купила сите. И овде читам коментари и сум слушала дека се незадоволни жени, може мене така ми се погодиле.