Јас да си се коригирам, носам градник со потполнки ама без пуш-ап. Сум ги измешала потполнките со пуш-ап . Сакам да се со потполнки бидејќи без нив не ми е некако сигурно , а не сакам воопшто пуш-ап.
И јас со пуш-ап носам, уствари сите прслуци ми се со пуш-ап...Еден па црн што имам со таму некои шари се чудам како сум го купила, не пуш-ап, пуш-апиште има. Носам негде 85-90 B, зависи како ќе се погоди.Сите ми се со шари прслуци, тоа да се пофалам. Освен еден што е без прерамки, скроз бел е тој, а воедно ми е и најскапиот накај 600-700 денари. Другиве се по 150-200 денари, од Сара Фешн или од маалскиве продавнички. Не се нешто квалитет, повеќето им се извадени жиците и губат форма, али уште се за користење. Освен тој поскапо што го платив белиот, зашто многу мрзам силиконски прерамки, едно носење тоа кај мене се кинат , јез да не го носам често ама вреди за парите. А првиот прслук ми беше еден со војничка шара, памтам на него Fresh пишуваше, е едино тој е без пуш-ап, и не беше класичен него отпозади беше ко рамбовка а од напред се закопчуваше меѓу корпите, пу што убав беше ама ми омале за жал.
Девојки,девојченца.Ајде ве молам за совет.Имам големи гради,да не речам балони,ама не можам да си најдам салам градник.Освен од лиска не знам кај да барам. Ај некои моделчиња така слики да постаите ако сте у можност би била бескрајно благодарна.
^Квалитетни градници за поголеми броеви имаш во Лиска. Јас имам стандард бели,црни,шарени,со цветни дезени и сите се пуш ап.
Во потрага сум по спортски градник, што добро подига и ги оформува градите и да не ме стега. Предлог каде да барам? Порано без градник не можев, а сега едвај чекам да го симнам од себе. Порано и квалитетни градници од Лиска носев ама се менуваат работите . Почнав од пазар за 150-200 да купувам со корпи, без пуш ап и најчесто тегет, црни... Некако не можам да си погодам бројче. Купувам пред некое време 2 различни од пазар, ист број и корпа. Доаѓам дома не иде..едниот тесен, другиот таман Ама тоа е за тие пари
Јас купувам од Лиска (најскап градник што сум купила 1800 ден), Woman`s secret, не се многу скапи а убави и квалитетни (околу 1000 ден), а купувам и од Сара фешн, и некои продавнички за долна облека низ Бисер, кај што има поефтини градници ама убави (200-400 ден). Само мака мачам со броеви и продавачки што не се разбираат Не знам зашто некои луѓе не знаат дека бројката не значи големина туку буквата Јас на пример носам 75Д или ако нема никаква буква на градникот, носам 85. Носам со корпа ама празна
Имам јас вакви црн и бел. Не ми се од топ-шоп ги купив од еден бутик ама исти се вака. Јас неможам да ги носам само нив без обичен градник, оти сум навикната да сум стегната и затоа. Си ги носам врз градникот
А која улога ти ја вршат врз градникот ако ги носиш? Јас сакав да земам за по дома ваков за да не ме стегаат обичните нонстоп..
Можи и да има низ темава ама еве јас ќе поставам нешто што го најдов,пресметување на размери на градник Кој не знае нека си провери http://www.facebook.com/Ivet.bg/app_206541889369118
Најдобар градник што сум го имала во мојов живот од НББ, го купив 550 денари за матура и вреди, ни формата му е сменета, ниту се оптегнал, ниту се разлабавил, ист како кога го купив и со се може да се носи бидејќи е пушап и има силикон долу под градите внатрешно, така да стои и без прерамки.
Општи прашања Истово ќе го прашав. Измислија еден куп работи, не смислија некој поасален градник за гол грб! Конечно се докопав за фустан со гол грб како што сакам и ...и само си го имам... не дека не личи, ама се осеќам као да се шетам гола. Позади грбот гол,напред слобода, еваааа... па што уопште сум облекла тогаш нешто?!
Општи прашања Имате едни такви, ко стегачи се носат под вакви маици и фустани со гол грб, или како пошироки ленти за гради, ама сепак не е тоа тоа. Затоа што потоа грбот не е гол. Јас тој го носам на таква хаљина, што да праам... Овие прслуциве не се сигурни, летаат некако. А имаше на времето и едни ко цветчиња се лепеа на оние делчиња Спојлер пупките де за да нели не се гледаат барем тие преку материјалчето, јес да Џенифер Лопез има за тоа специјален тип - наводно така треба, да се гледаат преку маица Ај забегав со муабетов.