http://images.grouper.mk/img/zdelki/jol ... let4/2.jpg Дали знае некој кај можам да најдам сличен ваков у скопје позз феминки
Поназад неколку страни видов дека бараат големи бројчиња на прслук, во њу јоркер вчера другарка ми зема 85D. Чисто информативно ако некој бара голем број
Мене ми треба баш големо бројче, 95/100 а сум тенка во половината... Каде да најдам таков што ќе ми одговара и во големина и во корпи, со пристојна цена?
^ До колку си спремна да дадеш за прслук? Носиш голем број, пазарски 100ка е всушност корпа Д а штом си слабичка и тесна во обем 75. И јас носам нешто слично 80Д или 75Ф и претежно земам од Лиска, најефитно може да се најде најефитно прслуци за 800-900-1000. Сега има попуст оди провери си како стојат со цени, модели има секакви од бои и дезени. И јас прво се противев дека тоа е многу пари за прслук, ама кога пробав прв пат прслук од лиска засекогаш им кажав збогум не само на пазарските туку и од другите наши продавници за долна облека. Ретко се наоѓаат асална Д корпа што ја опфаќа цела града а да не искача од страна. ИНаку пери носи се, еден имам веќе година дена сеуште е во состојва да се носи за разлика од пазарските кај не ми се погаѓаа броеви и ги уништивав за 3-4 месеци.
Фино вика Хипстер, за поголеми гради само Лиска и Триумф му е мајката. Јас се залетав од ХМ земав едне, јес да не го платив многу, ама нема врска, нити убаво изгледа ниту е квалитетен. На поголеми гради им треба убава потпора, со лош градник се боли и грб, и гради. Пред некое време јас од Лиска земав супер градник со попуст мислам околу 900 денари и совршен е.
И јас те испраќам во Лиска, баш заради болдираново Таму имаат и поефтини градници (последниов пат си купив обичен од 950 ден.) а имаат и градници со обликувани корпи каде можеш да правиш комбинација на бројот на корпата и обем на телото. И јас носам поголемо бројче, ама додека да го погодам градникот пробував различни комбинации, бидејќи ме стегаше и ми требаше поголем обем, а корпата ми беше точна. Тој го платив 1700, ама вреди секој денар. Многу убаво држи. И слободно викни ги продавачките ако си во недоумица, ич не се срами. Они ќе те посоветуваат во однос на бројчињата
http://www.lisca.com/mk/Упатства-за-мерење Еве ви на страната на Лиска упатство како да го одредите бројот на градникот.
Мака мачам со овие градници. Јас имам многу мали гради. Значи бев во Lisca да купам градник и велам 70ка и го пробувам корпите екстра таман ми се, но во обемот ми малечок неможам да го закопчам. :/
Квалитени се и на НББ,јас имам еден од пред 3 години и уште го носам,бел е и на вриење го ставам и не мрднал
можете ли да ми кажете во викторија сикрет S(ес) величина колкава е ,по наши отприлика за колкави гради и ширина на грб
дајте бе феминки објаснете ми како иде ова со А Б Ц Д, имам редни гради ама раздалечени, е сеа кога купувам пр А тоа е 90ка, а кога купувам Б тоа е 85ка, ама нитуе еден не ми е саглам, дури сум купувала и помало бројче за да не се нервирам па ако сака нега стега и до болка. Ај ако некоја подобро нека ми објасни
каков е тој градник со потпунка( ко што велам јас )од страните.. за малите гради да ги бутка одстрана т.е. пуш aп не како класичните што имаат полнежи од долна страна или целите туку само од страна ...
Може да побараш во extreme intimo, мислам дека имаат во новите колекции, најчесто од таму купувам, било што да ми е потребно од страна на долна облека, претежно градници, и ги обожавам бидејки не попуштаат, ете ниту еден досега ми се нема расипано ни жица да се извади, ни да се деформира. Спортски градници не користам но мислам дека ги видов последниот пат кога бев.
Здраво девојки, Имам фустан со гол грб , е сега каков прслук би ми одговарал а да не ми се познава од позади??
јас да ви кажам право купувам 85 број градник со корпа но не со потпунки, е сеа која корпа ми се- не знам што да ви кажам зашо не ни знам да проценам туку само барам 85 коа купувам Можете ли некако да ми помогнете да си ја пронајдам корпата која ја носам?? слабичка сум, имам 53 кг, 165 цм висока и според бројов- во која група ми спаѓаат градите: мали или средни ?? купувам најчесто од продавничка за долна облека, така во населба што ми е, околу 150-170 денари се а интересни. Најчесто купувам црни градници, така бел или црвен, а да ви кажаам луѓее мразам крем боја прслук. Не знам зашто мн ми е одбивен инаку се измерив според ова од лиска и ми испадна вака (бидејќи незнаев дали треба да се мери преку градник или на голо, измерив на двата начина и го добив ова) но не се снјадов пак при увидот која корпа е, дали некоја од вас би можеле да ми каже што корпа е според измереново?? преку градник обем под гради 80, граден обем 93 на голо: обем под гради 81, граден обем 92