Девојки, каде да најдам потпунки за градник? Се убив од барање таму-ваму, ама не најдов такви какви што сакам. Градникот е NBB, а ми требаат било какви потпунки, но да бидат буквално пополнети, а не такви тенки и никакви за воопшто да не ми подигаат. Без разлика дали се сунѓерасти меки или силиконски, само да бидат такви какви што барам. Каде да најдам !?
^ Eден рапорт за фамозниве потпунки. Премногу се гломазни и не знам во каква преграда би ги собрало. Во мојава 75-ка сигурно не. Многу ми беа грдички, не купив. Се надевам низ Сара Фешн и продавничките за долен веш ќе најдам памучни, овие њет. Ми личеа на пилешки батачиња.
Девојки, голема ли е разликата меѓу корпата B и C ? Конкретно ме интересира за онаа меѓу 75В и 75С (турска 75-ка). Мене вака од око ми изгледа како разликата да е за цело бројче, но девојката во дуќанот ме убедуваше дека биле исти, без разлика што станува збор за друга корпа. Ај некоја да ми ја разјасни дилемава, нема да можам да заспијам, преубав беше градникот.
Разликата е во длабочината на корпата.Значи по правило А е најплитка Е e најдлабока. Конкретно B e поплитка од C. Те советувам да си пробаш,и не дозволувај да те убеди дека 75B и 75C се исти.Факт е дека броевите немаат врска ,зашто се работени по некој друг стандард.Обично кинески.
Се работеше за мала но доста полна корпа, добар пуш ап нема што ама навистина не ми фати око и да, стануваше збор за кинески модел на кој не можев да му најдам НЗС со мутавите димензии. Ќе си земам мој градник и ќе си мерам, вака во дуќан ич не можам да пробувам градници, не знам зошто. Инаку, Емоушнал, преубав пуш ап балконет градник најдов во Њујоркер, по квалитет не ми се нешто нај но навистина беше од оној екстра пополнет. Не знам колку ќе ти одговара цената, искрено - прескапи беа, околу 700 денари.
девојки си купив фустан со вакво деколте па ми е глупаво да ми се гледа градникот има ли некои градници за вакви фустани а без градник да го носам не иде
Овој пат сум тука за совет.На некој начин сеуште сум нова во носењето градник па сакам препорака која величина градник да носам,дали е подобро со потпунки или без,и што треба да гледам кога ке купувам градник.Благодарам однапред. Сега моментално носам едни мизерни градници од мајка ми,безвезе и онака ми се широки,нит прават некоја разлика во моите гради,служат исто како бејбидолче.Без потпунки се,речиси обична тенка синтетика.А имам развиени гради не големи туку негде големи од групата на мали гради.
Овој е добар калкулатор http://www.85b.org/bra_calc.php Ако обемот под гради ти е 70 цм, а обемот на градите во празен градник без потпунки и сунѓери ти е околу 85 цм тоа значи дека носиш 70Д. Значи бројката е обем под гради , а буквата е разликата помеѓу обем под и обем на градите, многу девојки грешат, гледам по тоа дека има некои што викаат дека носат 85Ц , а се слаби. Можеби нивната големина е 75Ц , овие 10 цм ти ја префрлаат тежината од градите на раменици наместо да биде постегнато и да се распореди товарот на грбот. Без потпунки ти е најдобро, ама со жица.Без разлика на големината на градите најдобро ти е ако можеш да купиш поквалитетен градник затоа што на поефтините излегува жицата и може здравствени проблеми да ти направат ако те жуља нешто константно на едно место.
Девојки, неможам да си најдам соодветен градник, од ефтините имам многу дома но се ми излегуваат тие жиците!!! Од НББ не ми легнува некако што знам, не ми се допаѓа Предложете ми некои добри плис
за да не ти излегуваат жиците не ги пери во машина за перење алишта туку на рака така нема да ти излегуваат
Еден совет од вас. Пред еден месец отприлика почнав да носам градник носам некаде 70-ка градник.Сакав да ве прашам каде можам да најдам до 200 ден.Само да биде во Скопје Фмала однапред
Зависи која марка е, а има разлика секако. Градите ги поддигнува и ти ги прави поголеми. Ако избереш правилно нема да ти се примети дека носиш пуш ап, ама ако си згрешиш ќе изгледа премногу глупаво. Затоа при изборот на пуш ап внимателно, за да не испаднеш смешна.