Јас со години носам НББ. Многу убаво ми лежат и 75б ми е супер точен. Порано си купував од пазар 150-200 ден зависи, но повеќе ги нема и само по продавници можат да се најдат оние во кутија што се 500-600 ден. Дали некој видел во Скопје по пазариве градници на НББ? Некако голема разлика во цената ми е.
Јас веќе долго време не можев да си најдам асален градник.Се гледав поголеми броеви ама сите ми беа мали.И последниот пат кога купував изреволтирана и велам на продавачката-Дај ми го најголемиот број што го имаш И сега си го носам и видов раат А не само ми испагаа со мали прслуци мака мачев
Сакамда прашам, со овој калкулатор, кога се мерам нели прво дали треба преку бебидолче, градник, или пак преку голи гради да мерам?? Не разбрав убаво
Јас порано си купував од оние на пазар што се, ама на секое перење ќе ми се изгужваа и како тутки беа после. Сега си купив 80б НББ и прекрасен е!! Незнам порано како не сум ги знаела и видела. Со еден збор - перфекција!
Девојки еден совет од вас треба да носам грандник без прерамки совет од вас каков градник да земам да ми ги држи убаво градите да не паѓа на долу?мразам да носам таков градник ама морам
https://www.youtube.com/watch?v=8Av4ZQT ... IupfirCwMl Еве интересно видео за тоа какви градници да се носат на различна облека mime87 мислам ќе ти биде од корист
Спојлер барај ваков, се вадат прерамките т.е. стои без прерамки иако нели се продава со прерамки, 150 денари се по тезгите и во сара фешн ги има и во гтц гледав само таму се по 350 ден. Пријатни се не паѓаат, секојдневно носам такви, не би требало да имаш проблем.
^ Јас па не би те советувала да земеш ваков градник како тој вториот за првиот незнам каков е сум немала искуство со таков За вториов збор-два да кажам. Имам малечки,добро не толку малечки онака средни гради,и ајде носев фустанче реков без прерамки ќе го носам И што да ви кажувам понатака хорор Си почна градников да си ми паѓа,и пооди подкрени пооди покрени и така натака
Да, сигурно било до бројчето. Јас купив ваков градник пред скоро и немам таков проблем иако материјалот на површината е доста мазен. Одоздола рабовите се обложени со силиконски траки и градникот не мрда, слободно си го носам без прерамки. Следен пат кога ќе бираш градник од овој тип, забележи дали има вакви силиконски тракички од другата страна, можеби е до тоа.
И да било погодено бројчето, ако нема такви силиконски лентички, пак ќе паѓа при секое понагло движење. Јас си купив од еко или елит не се сеќавам баш каде беше, 600 денари го платив, пуш-ап, знам дека во кутија беше спакуван, ама уште пред добри 4 години. Градникот верувајте не е мрднат, ни растегнат ни ништо, добро не го носам постојано ама сепак долго време го имам и како нов е. Е сеа сакам да си земам бел или кремав, ама не ми се даваат пак 600 денари за градник кој што не е некоја марка, па ако знаете во Скопје каде има вакви ама со силикон добро би ми дошла информацијата. Знам дека имаше и на пазари ама не сум загледала дали се со силикон внатре?
Во Сара Фешн има такви, јас овој од таму го купив и мислам дека беше 490 ден. на некаков попуст, сто вака во кутија беше спакуван. По пазарите не сум видела такви, можеби има ама ете, не знам каде.
Јас пред три месеци купив таков со силиконска лента позади (лентата може и да се разлабавува и стеснува), од Сара Фешн. Воопшто не ми се згоден. И паѓа. А го платив 750. Голема утка. Е сега, тие вашите можеби се поразлични, не знам.
Не знам колку имате заприметено, во Сара фешн се наоѓаат и градници кои буквално ги има на тезги. Знам дека еднаш застанав на Бит пазар, загледав розев тигрест градник со пуш-ап за 150 денари, турска некоја си марка, непозната. По два дена влегов во Сара, верувајте истиот градник на попуст за 390 или 490 денари не се сеќавам, и ја погледнав етикетата ме интересираше дали е истата марка, верувајте потполно истиот беше.
И јас тоа го имам приметено, ама обично градници купувам кога ќе ги начекам на попуст овие поасалните или стандард од 150-200 денари, ако најдам некој подобар со пуш ап, затоа што празните не ми се воопшто удобни и некако лабави ми изгледаат, а на пазар секогаш наидувам на вакви модели - без потпунки и во големи броеви. Ако најдеш на пазар убави пуш ап градници без разлика дали се со силикон одоздола или не, кажувај тука или преку ЛП. Вакви информации ми се секогаш добредојдени, посебно ако се достапни и помалите броеви.
Носам со корпи. Купувам најмногу црни. Најмногу имам дадено 700 денари во Lisca. Понекогаш носам и пуш ап.