Здраво Феминки. Веќе подолго време размислував да отворам ваква тема. Имено, читајќи низ форумов не можам а да не забележам колку многу феминки прават грешки од различен тип, пишувајќи на својот мајчин јазик. Во оваа тема би сакала кога некоја феминка ќе направи грешка, да и биде посочено, се со цел за во иднина и феминката да научи и форумот да стане попријатен за читање. Важно: темава се разликува од таа за правопис, каде членките се несигурни околу некој збор или правило па си прашуваат. Овде се корегираат грешки за кои е очигледно дека феминката не знае како правилно се применуваат или пишуваат. Верувале или не, сретнав зборови од типот: Пантоломи, страм, базент, ќечап, девојќи, гревота и многу други од кои за мене најпоразителни беа Маќедонија и маќедонски. Уште една напомена. Мислењата напишани на дијалект нека не бидат посочувани овде, тоа ќе си го средат модераторите ако мислат дека има потреба и дека членката го крши правилото за пишување на македонски литературен јазик. Исто и грешките направени од брзање. Еве јас ќе почнам: Есперанса777 во психологија-совети, пишува воздраст, наместо возраст. Тинкербел ја прави истата грешка во повеќе наврати, исто и Хипстер и доколку пребарате воздраст во пребарувачот ќе ви извади цели 14 страни каде овој збор бил напишан погрешно. Јазикот е наше најголемо богатство. Да го зачуваме.
Сето ова зависи од дијалектот збунетка (не се ама..) А инаку незнам зошто било потребно да се отвори тема за ова ?
Фрлам презир на темава. Што има да не интересира кој колку записи има доколку во пребарувачот за мислења го пишеме тој и тој збор. Луѓе сме, некогаш сме сентиментално врзани за некои зборови, некогаш околината те навикнала да ги говориш на тој начин, па што. Еве на пример мајка ми секогаш вели халусцинира, не вели халуцинира и кога ќе ја прашам зошто? Ми вели поинтересно и звучело. Мене, пофино ми е да напишам незнам отколку не знам (а така е правилно), па ќе ве замолам да напишете цел пост во чест на мојот ќеиф. И не заборавајте во пребарувачот на мислења да проверите колку пати погрешно сум го пишала. п.с. чинам имаше некоја тема за правопис.
Потполно се сложувам. Има многу луѓе околу мене кои ги имам приметено некои зборови ги кажуваат неправилно или чудно,но така се навикнати а знаат дека е погрешно. Прв пример сум јас. Знам дека правилно е "сфатив" но јас сакам да викам "сватив" оти така ми е поубаво и незнам...едноставно така.
Девојки, ќе ве замолам да се воздржите од иронија и подсмевање. Благодарам за мислењата, но да почекаме дали ќе им се допадне на другите членови. Ако не, ќе биде заклучена без многу полемизирање и филозофирање.