1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Граматички и правописни грешки на феминки

Дискусија во 'Канта' започната од confused, 15 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Здраво Феминки. Веќе подолго време размислував да отворам ваква тема. Имено, читајќи низ форумов не можам а да не забележам колку многу феминки прават грешки од различен тип, пишувајќи на својот мајчин јазик. Во оваа тема би сакала кога некоја феминка ќе направи грешка, да и биде посочено, се со цел за во иднина и феминката да научи и форумот да стане попријатен за читање.
    Важно: темава се разликува од таа за правопис, каде членките се несигурни околу некој збор или правило па си прашуваат. Овде се корегираат грешки за кои е очигледно дека феминката не знае како правилно се применуваат или пишуваат.
    Верувале или не, сретнав зборови од типот:
    Пантоломи, страм, базент, ќечап, девојќи, гревота и многу други од кои за мене најпоразителни беа Маќедонија и маќедонски.
    Уште една напомена. Мислењата напишани на дијалект нека не бидат посочувани овде, тоа ќе си го средат модераторите ако мислат дека има потреба и дека членката го крши правилото за пишување на македонски литературен јазик. Исто и грешките направени од брзање.
    Еве јас ќе почнам:
    Есперанса777 во психологија-совети, пишува воздраст, наместо возраст. Тинкербел ја прави истата грешка во повеќе наврати, исто и Хипстер и доколку пребарате воздраст во пребарувачот ќе ви извади цели 14 страни каде овој збор бил напишан погрешно.
    Јазикот е наше најголемо богатство. Да го зачуваме.
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Би сакала да додадам сфатив, а не сватив :)
     
    На confused му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Сето ова зависи од дијалектот збунетка :D (не се ама..)

    А инаку незнам зошто било потребно да се отвори тема за ова ? :?:
     
  4. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Фрлам презир на темава.
    Што има да не интересира кој колку записи има доколку во пребарувачот за мислења го пишеме тој и тој збор.
    Луѓе сме, некогаш сме сентиментално врзани за некои зборови, некогаш околината те навикнала да ги говориш на тој начин, па што.
    Еве на пример мајка ми секогаш вели халусцинира, не вели халуцинира и кога ќе ја прашам зошто? Ми вели поинтересно и звучело.
    Мене, пофино ми е да напишам незнам отколку не знам (а така е правилно), па ќе ве замолам да напишете цел пост во чест на мојот ќеиф.
    И не заборавајте во пребарувачот на мислења да проверите колку пати погрешно сум го пишала. :!:

    п.с. чинам имаше некоја тема за правопис. ;)
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Потполно се сложувам. Има многу луѓе околу мене кои ги имам приметено некои зборови ги кажуваат неправилно или чудно,но така се навикнати а знаат дека е погрешно. Прв пример сум јас. Знам дека правилно е "сфатив" но јас сакам да викам "сватив" оти така ми е поубаво и незнам...едноставно така. :)
     
  6. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Чекај да избројам колку пати грешно си го применила. :D
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Девојки, ќе ве замолам да се воздржите од иронија и подсмевање. Благодарам за мислењата, но да почекаме дали ќе им се допадне на другите членови. Ако не, ќе биде заклучена без многу полемизирање и филозофирање.
     
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Њама проблем :D
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  9. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Користиш дијалект! (мислам..)
    Ако не е дијалект, бугаризам е, сигурно!
     
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Извињавај :(
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од темава, само ќе се повторува со правопис, таму веќе се коментираат овие грешки. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.