1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гранд хотел (Gran hotel) [Телма]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 15 ноември 2013.

  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Од понеделник на Телма во 19.45 часот започнува серијата за најголемата шпанска мистерија.


    Дејствието на серијата е сместено во 1905 г. Младиот Хулио Олмедо, пристигнува во Хотелот Гранд со цел да ја истражи смртта на својата сестра, која работела како слугинка во хотелот. Тука Хулио детално ќе го запознае персоналот на хотелот и ќе започне романса со Алисија, една од ќерките на фамилијата Аларкон, сопственците на хотелот. Алисија ќе му помогне на Хулио во истрагата со цел да откријат како исчезнала неговата сестра. Двајцата љубовници по пат на својата истрага ќе откријат многу интриги, лаги и тајни кои се кријат зад ѕидините на навидум идиличниот Гран Хотел.

    Што се случувало во хотелот Гранд? Што крие големиот хотел? Кој е следната жртва?
    Одговорите се во новата драма мистерија на Телма.

    Трејлер

    [​IMG]
     
  2. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Кој ќе гледа?
    Понедленик е денот