1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Граница меѓу љубезност и лицемерие

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од referentka, 2 мај 2018.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    Тенка е границата меѓу љубезноста и лицемерието.
    Дали секоја љубезност е лицемерие ?
    На пример, воспитувате дете.Како ќе го научите која е разликата меѓу љубезноста и лицемерието ?
    Дали и вие воопшто знаете ?

    Банален пример: колешката купила нов фустан и Ве прашува како и стои..
    Одговарате:Одлично !
    Иако воопшто не Ви се допаѓа.
    За што се работи?..за љубезност или за лицемерие ?

    Дали може да се стави граница меѓу овие две интеракции ?
     
    На elimkd, Vitaly, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.430
    Пол:
    Женски
    Љубезноста е култура и воспитание, внимателно и добро однесување со другите. Кога имаме љубов во нас кон другите, тогаш сме љубезни. Љубезноста повеќе ја поврзувам со кажување на вистината, но на начин кој нема да ја повреди другата страна, со добро избрани зборови. Лицемерие е ако пред личноста се однесуваме или зборуваме се најдобро и најубаво, а всушност тоа не го мислиме и при првата прилика кога таа личност не е во близина, незадоволството и вистинското мислење излегува на виделина. Тенка е границата. Љубезноста со себе носи почит а кај лицемерието го нема тоа.
     
    На Bozica1980, VladeMila, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    Еве мојот нов фустан не ти се допаѓа ниту (по твои критериуми) ми стои убаво.
    Те прашувам: Како ми стои ?...нов ми е..

    Ќе бидеш лицемерна и ќе речеш дека е супер и одлично ми стои (иако нели не го мислиш тоа), или
    ќе бидеш ,,љубезна,, па ќе кажеш дека нит ти се допаѓа нит убаво ми стои
     
    На crazylady, КикиМаус, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.962
    Ni ednoto ni drugoto kako odgovor na prasanjeto ne bi go rekla tuku -
    ,,Najbitno e tebe da ti se dopadja,bidejki ti ke go nosis.Ti i jas nemame ist stil na oblekuvanje"
    :)

    Moze vakov odgovor ?
     
    На Bozica1980, victoria, VladeMila и 8 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    Јас имам друг начин (кога ќе ме запне некој да кажам нешто дали е убаво или не):,,....на друг да видам ми е ОК, ама на себе-никогаш не би ставила...,,:D
     
    На VladeMila, stilas7, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    35.225
    Пол:
    Женски
    Ни едното, ни другото. Јас директно кажувам дали нешто ми се допаѓа или не. Во стилот - На мене не ми се допаѓа, ама ако на тебе ти се допаѓа, купи го. Ти ќе бидеш тој/таа што ќе го носи.
     
    На VladeMila, crazylady, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.962
    moeto e u ,,poblaga forma":lol:...kazano .Ako sfati -sFati :|
     
    На VladeMila, fina erika, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.183
    Пол:
    Женски
    Сето она кое е вистина а е кажано на благ и културен начин дури и да станува збор за некоја негативна забелешка сметам дека е љубезност. Баш како во примерот со облеката, ако некој проба нешто кое не му одговара, подобро да му отворам очи и на фин начин да му укажам дека подобро е да проба нешто друго отколку само за џабе да си ги лупне парите и да носи нешто кое не му стои. Наспроти тоа, невистинитите комплимети и умилкивања се чисто лицемерие. На пример, ужасно ме нервираат личности со кои ни најмалку не си близок а ти се обраќаат со срце мое, душо моја и слично. Дај ти се молам не ми глуми лудило, не сме ни блиски ни ништо па да ти поверувам во твојата слаткоречивост и лигавење. |(
     
    На VladeMila, WarriorAngel, Joi и 14 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    На пример многу ми е лицемерно љубезното однесување на шалтерските работници.
    Мислиш, само за мене постои.
    Сакам пријатен прием, ама понекогаш ете ТАА љубезност ми е чисто лицимерие
     
    На VladeMila, crazylady, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.962
    Ama fustanot veke go kupila doticnata osoba,znaci nea i se svidja.
     
    На LadyC, fina erika, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    76.346
    Пол:
    Женски
    Многу зависи од начинот на кој се искажува истото. Лицемерие е ако на некоја личност за се и викаш дека е во право и се што купила и носи е ок, а уствари не го мислиш истото и ти иде да превртиш очи, и одвај чекаш на некој друг да му кажеш дека не чини истото, ама ваму со неа си цуци, буци, супер е се, за се си во право.
    Кога нешто не ми се допаѓа, на фин и културен начин го кажувам истото. Не можам да кажам дека нешто ми се допаѓа ако не ми се допаѓа, лицемерно би било од моја страна. Некој ќе рече -Ама го купила тоа, многу и се допаѓа. Ок, нека го носи ама јас не можам да кажам супер е, ако во мои очи не е.
     
    На VladeMila, crazylady, LadyC и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Има огромна разлика од тоа дали фустанот ми се допаѓа и дали јас би го носела, до тоа како фустанот одговара на градбата или годините.

    Јас имам два типа на одговор "Фустанот е супер, ама не е по мој вкус и јас не би носела таков модел" и "Фустанот не е лош, ама не одговара на твојата градба/ години".
    Точно дека штом некој купил нешто, му се допаѓа, ама можеби мојот коментар ке и' го смени мислењето и народот нема да ја оговара дотичната личност.

    Лицемерие ми е кога во некој ресторан, со некои посоленки цени, ке ме прашаат дали да заменат промашена порачка. Демек они фини, културни, а уствари прашуваат дали да исправат нивна грешка.
     
    На bebaa, VladeMila, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.183
    Пол:
    Женски
    Во тој случај јас лично повторно би укажала доколку станува збор за некој очигледен недостаток. Се разбира во поблага форма, без да го критикувам нејзиниот физички изглед и на начин кој не би бил навредлив. А притресување од типот дека облеката е прекрасна а го мислам сосема спротивното сметам дека е лицемерие.
     
    На SummerGirl и stetoskop им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.962
    Ne da e licemerie takvo pritresuvanje tuku e licemerie na kuB ,nema diskusija tuka
     
    На SummerGirl, Dadusicka и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    35.225
    Пол:
    Женски
    Со маж ми имам проблем околу ова прашање. И он е директен, ама ако нешто не му се допаѓа, ќе те убедува да не го купиш. Последниот пат ме изнервира и лом го направив. Сум му кажала - Ако на тебе тоа не ти се допаѓа, не треба да го купам? Имав другарка која еднаш ми се налути затоа што и кажав дека патиките што ги купила не ми се допаѓаат. А она ме праша за мислење. Не поднесуваше негативна критика. Не сакам да сум лицемерна за такви работи. Си кажувам дали тоа што се купува е убаво или не. Директна сум и за други работи.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.962
    Moz si bila mnogu ,,direktna"so drugarka ti?
    Nekogas se nijansi u prasanje ,nacin i soodvetni zborovi so koi ke izrazis svoe mislenje a toa e daleku od licemernost
     
    На VladeMila и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    35.225
    Пол:
    Женски
    Баш си бев на нивоу. :D Ме праша дали ми се допаѓаат и јас и одговорив - не. Проблемот кај неа беше (ваљда уште е) што секогаш сакаше да слушне - ми се допаѓа.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.927
    Допаѓања:
    12.423
    Пол:
    Машки
    Љубезност е да дадеш искрен комплимент. Лицемерие е да го смениш мислењето зад грб, а отпрвин кон личноста да дадеш неискрен комплимент би рекол?
     
    На blackwave, КикиМаус, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    19.465
    Пол:
    Женски
    Јас мразам лицемерие , секогаш ја плукав вистината во лице и затоа пола свет ме мрази :rofl:
    Мора да се биде лицемерен , како народски кажано "политички" за да просперираш и да се "имаш" со сите и така .
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.962
    Epa ok de,te prasala,kratko i jasno si i odgovorila i tolku
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.