1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Граница меѓу љубезност и лицемерие

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од referentka, 2 мај 2018.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Јас одамна не се дружам со неа. Баш заради некои работи поврзани со темава. Мислам дека треба да се прифати критика, ама и да се внимава кога се дава критика. Да не биде навредливо.
     
    На buba4e89, referentka и stetoskop им се допаѓа ова.
  2. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.546
    E da si mi ziva i zdrava za mislsta-da se vnimava koga se dava kritika da ne bide navredlivo.
    Toa e toa :handshake:
     
    На Bozica1980, fina erika, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.589
    Допаѓања:
    79.110
    Пол:
    Женски
    Самите изрази на лицето веќе си кажуваат уште пред да отворам уста. Со оглед на тоа што го напиша љубезна во наводници

    не се согласуваш со тоа што го напишав дека искреното посочување на вистината, на фин начин, е љубезност. Како и да е. Значи, за тоа што ме праша, ќе кажам мое мислење дека фустанот не е по мој вкус и мене не ми се допаѓа, но сепак ти си таа што го носи и ако тебе ти се допаѓа во ред. И она јас што го носам не им се допаѓа на сите и не може да им се допаѓа, секој со свој вкус. Ако на тебе ти кажам дека фустанот е супер додека во глава ми летаат поинакви мисли, тоа е лицемерно. Сум била на шопинг со друштво и ме прашувале за мислење и секако дека го добивале истото, искрено и на љубезен начин. Ми барале критики за многу работи и бивајќи искрена со нив, сум им направила подобро затоа што добронамерната критика секогаш е од корист за разлика од спакуваната лага. И јас многу ценам кога некој е искрен а не лицемерен кон мене. Додека искреноста не премине во навреда, нема ништо лошо во неа.
     
    На Aнонимус_, fina erika, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    12.439
    Пол:
    Машки
    Да се надоврзам, сум имал многу случаји кај што ме прашаат за критика/мислење, и јас прашувам дали сакаат искрен одговор без да се увредат, или нешто површно. Бараат искреност, им давам објективно, и на крај пак сум испаѓал крив. Некои луѓе неможат никогаш да истрпат критика/совет, појке сакаат да живеат во сигурна зона кај што нивните мисли се побитни, и ако не ги валидираш дури и да се погрешни, ти си крив.
     
    На Someonespecial, КикиМаус, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Влези во темана за модни критики, преполна е со двете работи...хаха..ако си искрена ќе ти дадат опомена од лицемерните...хаха...

    Рефче душо, како ги штанцаш темиве, ќе мислам дека те плаќаат:D
     
    На Herrera, КикиМаус, Glasna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Малку ми е платата,покачување се спремам да барам:D
     
    На fina erika и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.567
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до ситуации со побарано мислење на пример за облека која не ти се допаѓа... Па, сигурно не би искоментирала hyped и ентузијастично дека е „одлично“, „прекрасно“ и такви слични комплименти без да имам позитивно мислење, но ако рандом ме праша во живо особа која не ми е воопшто блиска (туку сме во некој формален однос) и не ни знам како прифаќа критики – би одговорила со онака неутрално културно одобрување (дека е океј/добро). Во останати ситуации со поблиски луѓе, исто како и тука во модни критики би кажала што не ми се допаѓа на фин начин. Крај краева, како што рекоа и други членки погоре – вкусови и стилови се во прашање и не го ни сметам ова за некој сериозен пример.

    Љубезноста, инаку, како да е во мода толку многу да се поистоветува неправедно со лицемерие. Всушност, многу зависи од тоа што подразбираме под љубезност и што под лицемерие... Во љубезност не спаѓа празното умилкување, а во лицемерие не спаѓаат и обични бели лаги со цел да не повредиш туѓи чувства – туку сериозно отстапување на зборовите од твоето вистинско мислење и дела.
    И вака правилно поставено, според мене не е баш толку тенка границата меѓу овие две. Би рекла дека доста често луѓе опкружени со некултура (па некои и самите полни со некултура) не веруваат во љубезност и ја изедначуваат со лицемерие. Има и многу луѓе кои за некого од кој лично не заслужиле почит, потоа постојано плукаат дека е лицемерен во секој добар однос, позитивни чувства и наклонетост кон други кои ја заслужиле истата...

    Лично себеси се сметам за искрена личност, но не според оној (често одбивен) концепт на „плескање“ вистина на секого и во секое време без никаков обѕир.
     
    Последна измена: 2 мај 2018
    На Feminka192, crazylady, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    523
    За примерот, не би би било убаво некој да ти каже во лице еј не ти стое убаво фустанот...
    Така да лицемерие или не зависи од личноста дали ти е блиска или не и секако од ситуацијата.
     
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Ако човек бара искрено мислење за било која работа, треба да очекува и искрен одговор, без лутки и замерки и кревање нос до плафон.
    Мене искрено многу ме иритира лицемерие, поаѓам од милион примери околу мене за банални работи. Пример, колешка ставила црвен кармин ама не и стои, и сите и викаат -Леле маци колку добро ти стои. Друга носи ултра краток фустан на работа, крева раце и задникот и се гледа а плус има куси и полни нозе ама сите и викаат -Леле маци, авион си, топ ти стои фустанов, ич не е краток, шо ти е. Трета ставила шампон за сива коса, ама и испаднала шарена и сите и викаат -Леле, колку ти е јака бојава, совршена, иста ти е секаде, како ти успеа, бравос. А во реалноста, косата и е шарена, на делови е жолта како сончоглед, на делови темно и светло сива. Лицемерие до плафон. Без разлика дали е блиска или не, лицемерие е последно нешто што треба да се применува.
     
    На WORRIED.BT, КикиМаус, Scott Weiland и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.134
    Ако некој ме праша како му стои нешто, значи го интересира моето мислење и ќе кажам што мислам. Не виткам во убави зборови, сметам дека нема потреба од тоа и многу ме нервира кога некој така зборува, па ако ми се допаѓа, ќе кажам дека е убаво, а ако не ми се допаѓа зошто би лажела? Тоа според мене е лицемерие.

    Не сметам дека е тенка границата помеѓу овие два поима, напротив. Љубезност е едно - кога си фин спрема другите - искрено, без оговарање позади грб или исмејување после, за разлика од лицемерието кога личноста е дволична, во лице едно, позади грб нож би ти забила да може. За среќа таквите брзо се издаваат. :)
     
    На crazylady, КикиМаус, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние што кажуваат директно дали ми се допаѓа или не.
    Под љубезност подразбирам културно воспитание, културно однесување. Лесно се препознава љубезност уште дури и кога ќе ја поздравиш личноста или влезеш во некоја продавница.
    Лицемерие е кога со некој се докажувате нешто па другата личност употребува фрази "мила, срце, душо" ... исто и кога ќе кажеш "ми се допаѓа" а не ти се.

    Баш сношти другарка ме прашуваше како и стојат штиклите, јас и велам не ми се допаѓаат.
    Таа ми вели поубави биле во живо. Океј, ме праша и кажав.
    Прашање на вкус е, не се дискутира за тоа.
    Сите сме различни.
     
    На Herrera, WORRIED.BT, КикиМаус и 3 други им се допаѓа ова.
  12. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Сама си го купила фустанот сама нека одлучи како и стои ваљда има дома сопруг да го праша.Во принцип никого на работа не прашувам како нешто ми стои или пак золва,снаа,јас сум го купила сум се видела во огледало и точка можеби сакам тесни фармерки да носам и ако имам 90.кила ќе се натегнам во нив иако ми кипе сало од сите страни:rofl:ама никој не прашувам дури и муЖ да ми каже му викам глеј си работа,добро сега да не претерам има и некоја критика и консултација со сопруг али само со него.Ако ми го приметат на работа и го пофалат добро ако не никому ништо.А што кажа на шалтер глуми љубезност а и се :puke: абе не ми глуми лудило им викам.
    ЕДИТ.Немам 90 кила само кажав пример.
     
    На WORRIED.BT, LadyC и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.899
    Пол:
    Женски
    Мене ми е искрено незгодно да кажам дека на некој не му стои убаво нешто и најчесто велам супер си.:worried: Освен ако не ми е блиска особата, па да и кажам у блага форма да "проба нешто поинакво". Не сум лицемерна, ама едноставно сфатив дека луѓето бараат само да слушнат она што нив им одговара, инаку испаѓа дека сум "љубоморна како и стои на неа". :D
     
    На SummerGirl и fina erika им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Баш вчера имав ваква ситуација и сега наидов на темава,па ајде проценете дали сум љубезна или лицемерна :|
    Матурите се сега во полн ек нели, и вчера на гости отидов кај братучетка ми чија ќерка е матурантка годинава. Цела радосна отиде брзо у соба и се пресоблече за да ми го покаже хаљинчето за матурската вечер. Да напоменам дека девојчето ме обожава и премногу и е битно моето мислење. Искрено, воопшто не ми се допаѓаше, ниту моделот, ниту бојата ниту како и стои.. Кога ја погледнав целата ентузијастична реков дека е супер.На останатите им се допаѓаше вистина ,така да можда е до мене. Е сега,дали правилно сум одреагирала..Јас мислам дека да. Пошто ја познавам, и 100 души да и кажат дека е супер а јас да и кажам дека не чини ќе и се скрши филмот. Зошто да и го кажам тоа кое ке си го втури во глава,ке и го наруши ентузијазмот или пак да се полета да шие нов модел, плус трошоци и малтретирања?
    Што мислите вие?
     
    На Someonespecial, SummerGirl, fina erika и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.899
    Пол:
    Женски
    Ајде чист пример тазе кај мене. Сестра ми е 160 и нешто висока, има ситна градба и тесни колкови. За матура сака сирена фустан долг оти сите ќе носеле. Од страна и викам да си земе краток зашто ќе изгледа поубаво зашто не и стои воопшто како чачкалка е во тие. Но ете мајка и вели топ е. И? Во мои очи не е ок, во на мајка и е супер. ( Од два брака сестри сме да не ве збунам) :)
    Дали ви испаѓам лицемерна ако преќутам за фустаните дека не и стојат или да ја поддржам без оглед како изгледа во мои очи?
     
    На SummerGirl и fina erika им се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.899
    Пол:
    Женски
    Како успеавме да откуцаме иста ситуација во толку кратко време? :D
     
    На WORRIED.BT и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    :D:D:D Ако веруваш,баш сега појдов истово прашање да ти го поставам. Уатц хепенинггг :D
     
    На Aнонимус_, WORRIED.BT, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd (за малку погрешната членка ке ја тагирав, разликада е едно d) и @LadyC

    Мислам дека овде правиме муабет за возрасни личности и секојдневни ситуации.

    Иако сум директна, никогаш не би дала негативен коментар за фустан кој се носи само еднаш - пример, матурски фустан или венчаница затоа што личноста тогаш е возбудена за настанот, па освен ако не и стои многу лошо (преголемо деколте, премногу кратко итн.), би кажала - супер. :)

    Инаку ти Лејди сеуште можеш да смениш нешто, пример одете заедно и предложи и' да проба различни модели. Можеби ке успееш да ја разубедиш. :)
     
    На LadyC, КикиМаус, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.313
    Пол:
    Женски
    На,блиски им кажувам се директно во лице.Почнувајќи со тоа дали им стои облеката или нешто поголемо.И со тие што сум на онака им кажувам искрено.Можам да сум и лицемерна а и љубезна.Кој како си заслужил.Ама радо би да им ја плескам вистината во лице :$
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  20. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Границата помеѓу љубезноста и лицемерието е премногу тенка, исто како онаа помеѓу љубовта и омразата.
    Изборот е единствено наш, кој крај ќе го фатиме.
    Со правилен избор на зборови можеме секогаш да бидеме брутално искрени но истовремено и доволно љубезни, без простор и потреба од лицемерие.

    Ќе дадам мој поглед од лично искуство за веќе споменатите примери.
    Имам 4 години постара сестра со која единствено нешто што не‘ поврзува е крвта, а можеби ни тоа.
    Тотално различни во секој поглед. Од стил на облекување; вкусови за музика, филмови, книги па дури и храна; начин на размислување а слободно можам да кажам и целосен поглед на светот и се во него. Баш поради тоа непроценливо ми е нејзиното мислење во врска со буквално се. Затоа што кога би прашала за мислење личност која ја сметам за истомисленик ( или како јас знам да се изразам - на иста фрекфенција) нема да го чујам брутално реалниот одговор. Тоа може да биде поради пристрасноста, но секако би имало и доза лицемерие со се цел да не се „предаде“ фрекфенцијата на која сме од претходно.
    Додека, кога ќе побарам мислење од сестра ми или пак од личност со која сме исто така тотално различни, знам дека ќе чујам, и очекувам, брутална искреност поради објактивноста, секако со доза љубезност која произлегува од самата блискост со неа која е истото така причина за моето барање на нејзино мислење.

    Значи, воопшто нема потреба од лицемерие, иако го има на секој чекор, насекаде околу нас. Доволно е пред да кажеме нешто, внимателно да размислиме и правилно ги одбереме зборовите со кои ќе се изразиме.
    Кога веќе некој бара Ваше мислење, испочитувајте ја неговата доверба и бидете искрени но не и некултурни. :)

    П.с. Темава сметам дека траба да биде дел од подфорум „психолигија“.
     
    Последна измена: 3 мај 2018
    На LadyC, SV1911 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.