На извлекувањето на МТВ прочитале некоја девојка со исто име и презиме како моето која била меѓу првите сто. Луѓево ми чеституваат на фејсбук,а јас не ни аплицирав,цел ден не седнав на интернет,дури сега.Ох камоли да бев јас.
Списокот со добитници ќе биде објавен на www.ovaemakedonija.mk во 20:00 часот. Покрај името и презимето ќе биде објавено и населеното место. Добитниците ќе бидат известени и преку email. малееееееееееееееееееееееееееееее
Јас ви посакувам среќа да бидете извлечени. Без разлика на организација, многу убаво дружење има, и дај Боже да осетите. Има спортски дух. Е сега тие што сакаат да се изгагат и да влезат. Јас не се пријавив, не е фер за другите, и плус цела недела да ја поминам по возови не, не... На крај краева, секогаш има што сака некој така да влезе, да искористи. Такви сме ние, Македонците, Кад је гага, и киселина је блага... Кој да е, на нив не може да се стави ред, тешко е. :/ Греота за тие ќе платат на сметка на нив. Кога шетав низ вагоните имаше "фацки"-навијачки де, ама добро не се закачаа. Се плашев искрено, но помина супер. Но како и да е, спортскиот дух е битен. Ви стискам палци да ве изберат...
Колку многу сакам да ме изберат....уффффффффффффффффффффф желба ми е да присуствувам на некој ваков настан, дај боже. бтв и јас аплицирам и ќе си чекам
Не дознав навреме за новите гратиси, ама сега ич не ми е криво што не се пријавив. Го прочитав мислењето на Другарка и си реков „фала Боже, што не отидов.“ Сета таа квази организација, буткање, ваму-таму, ау не. Не можам јас така. Да не се знае кога се стигнува, кога се тргнува, точно зборно место и сето тоа, не можам. Страв ќе ме фатеше, ќе добиев некој срцев или мозочен удар на лице место кога ќе сфатев дека сме ко изгубени Германци. Не сум снаодлива личност и уште таму без никој познат, ќе се вратеа без мене... Многу сакам да одам, ама без саглам да се знае што како, подобро од дома да навивам. Сепак, ви посакувам среќа на сите пријавени, да си поминете најубаво и да навивате најгласно. И среќа да им однесете на ракометарите за да ја згмечат Србија...
Јеееееееееееј си добив картааа, и јас и брат ми. Хух, барем нема да сум сама. Ете ми доказ дека не е наместено. Си имавме среќа.
Баш ми е драго што феминки добија, честитки, со среќа идењето да викате таму и обавезно носете дрес или барем ако немате црвена или жолта блуза било каква AGAIN 156 Uranija Davceva Negotino Што "среќа" ќе имаа одредени поединци
Добро што праи оваа за Вмро најбрз плакатолепач или што? Е што е многу, многу е, или па има сто процентна среќа
Јас ни овај пат немам среќа, то е то Феминки најубаво поминетеси, сакам цела утакмица да ве слушам, бидете најгласни поз
И јас пак немав среќа ајде се надевам дека ќе има гратиси и за следниот натпревар па пак ќе си ја пробам среќата а сите феминки што имаа среќа нека си поминат најубаво и нека навиваат најгласно
И јас исто немам среќа пак, то е Тие шо ве одбраја, пред се среќен пат, убаво да си помините, бидете најгласни,
Мислам дека во 4 часот треба да бидете на железничка а возот тргнува во 5 или 5:30, најубаво да си поминеш и навивај и за мене
И јас и јас и јас.. Spoiler Не одам Феминкии ви честитам на сите што утре ќе го боите Белиот град. Покажети им на 'браќава' како се навива за својата земја,како се сака и љуби. Spoiler Кога веќе јас неможам
КАРИНА АКО ЗАБЕЛЕЖУВАШ ПОВТОРНО НЕ МИ ОДГОВОРИ НА ПОСТАВЕНОТО ПРАШАЊЕ. Луѓе што лично јас познавам од мојот град беа вратени,а пристигнале Скопје уште во 3,30. А, не се ниту од Скопје, Тетово или Гостивар.. туку баш од внатрешноста. Одговори ми за да не мешаме повеќе политика Не е срамота луѓе на список, пристигнати во регуларно време да бидат истуркани и да останат со прстот в уста,а патувале 2,3, па и 4 саати до Скопје? НА ШТО ЛИЧИ ТОА?
Женски нека ви е со среќа!Леп провод,да се вратиме со победа и со карта за полуфинале! За малверзацииве си кажав што си го кажав мислењето,да се надеваме дека утре нема да се повтори истото сценарио,и сите избрани среќни,весели и навивачки расположени ќе си тргнат и ќе пристигнат у Београду граду
Сакам да ви честитам на тие што ќе одите.Да си помините најубаво и да ги подрите нашите ракометари И сдк абе многу имало прилепчани на список.Ај и нив нека му е среќен патот : )