Не сакав да кометирам, ниту да водам дебата зошто секој има сосема различно мислење, само едно ќе кажам: Од Вевчани карта имаше добиено дете што е апла СДСМ и тоа со јавно гласање, книшка итн, и знаете што беше во Србија и го гледаше натпреварот, ниту Бранко Црвенкоски оргирал ниту Груевски, така да јас мислам дека е глупо тука да се меша политика бидејќи нема врска политиката, а со тоа што не ги примија некои луѓе од моја гледна точка сето тоа се направи заради "писмениениот" народ! ...Сама кажа една членка од тука "БРАТ МИ ЗАМИНА ИАКО НЕМАШЕ АПЛИЦИРАНО"- Што бара таму,немал не добил-седи дома! И заради таквите вакви нешта ова се дешава во Македонија! ...Да не испаднит дека ја бранам власта, точно е тоа дека и партиски одат, дај боже да бев и јас член на ВМРО или да имав некаква врска-и да знаат луѓето да користат кога се на влас, не ќе чекаат да дојде СДСМ па тие да и дадат! П.С Честито на сите вие што добивте, најубаво да си помините и да ни маФните
Кој се снајде,се снајде беше работата на крај. Ја пратев цело време групата на фејсбук нивна и видов дека тие што биле на списокот не се во можност да дојдат или од преголема возбуда па се пријавувале малолетни лица што им правеле подоцна родителите проблем да не одат.Тоа го читав до 2 часот,само забуни,прашања дали може замена,пример место мајка му,тој да оди.На крај прочитав дека ќе има многу малку луѓе на железничка поради недоволно време за организирање. Ова е Македонија напиша коментар ако нема доволно луѓе ќе отпатуваат среќни присутни што се таму.Значи го разбудив татко ми во 3 часот и додуша сакавме да си ја пробаме среќата.Имав некој инстинкт дека и покрај тоа што не сме на списокот ќе имаме шанси да идеме и ние. Бевме таму точно во 3 и 10 часот. Беа пред железничка околу 50-тина луѓе.За пола саат-саат имаше околу 400-500 души само. Цајкани стоеја цело време пред вратите. Бидејќи бевме скроз напред,влеговме во првата тура што ја пуштија. Таму не чекаа организатори и цајкани.Прашавме цајкан дали можеме да влеземе ако има слободни места.Тој ни кажа нема шанси,не се лажете дека ќе идете.Дојде еден од организаторите и ни кажа најдете се на списоците и идете кај вашиот организатор да се погрижи за вас. Си застанавме од страна,не сметавме на никого.Почекавме до 4 и 45.( така нешто ) Прашуваа дали има други што се на списокот? Почнаа некои да се дерат абе пуштете не сите! Немаше веќе луѓе што беа на списокот и само кажаа добро ајде влегувајте сите тие што имаат лична карта или пасош.Тогаш сите се качивме и баш со таа мисла идев дека сите што дојдоа на железничка сите ќе идеме. Јас си поминав преубаво,чувството беше неверојатно.Ги изгледавме сите три утакмици затоа и не бевме во хотелот да ги видиме.Сакав да ги видам Данците,Германците,посебно Србите ( да ја осетам таа атмосфера бидејќи се домаќини ) и Швеѓаните. Ако излеговме од Белградска Арена не ќе можевме да се вратиме назад. Според мене не беше ништо политичко,туку среќата и снаодливоста тука играа голема улога.
Штета не добив. Другите кои ќе одете покажете им како се навива, грмете, викајте, ако треба и со заракнавет глас вратете се дома Нека знаат кои сме.
Е мене ова ме нервира, снаодливост. Која снаодливост у случајов? У стилот снајди се па живеј? Од што да живеам? Од туѓа среќа? Јас секогаш викам се се врти, кога крадеш туѓа среќа еден ден и твојата ќе ти ја украдат. Мене не ми е јасно што к*р бараа тие без карти сабајлето на железничка станица? Значи тоа било многу голем број без карти луѓе кои се пикнале во возот и тие се причината за хаосот. Иако реално организаторот добро да организирал ќе немало хаос, но сепак и луѓето се криви. Ама ние не знаеме еден ред во Веро и во банка да чекаме, а камо ли кога ќе ни поделат гратиси. Тоа е македонче, ќе се убие за еден гратис. А внимавајте си, како што читам се планира и утре иста приказна, ќе има многу народ што ќе сакаат да влезат а ги нема на список. Се надевам на подобра организација, бидејки ако се е по правила и прописи нема да има неправда. Али ние сме создадени за кршење на тие правила.
Бараат затоа што така напишаа на страната на МТВ и на страната на Ова е Македонија. Тие сами рекоа дека ако има вишок влезници ќе ги добијат тие што се нашле таму во моментот.
Россонерка сите ги пуштија што беа на списокот.На никого јас не му ја украдов среќата. Да оди возот празен само со 300 души? Да испадне брука? Самата организација си пиша тие што ќе дојдат на железничка ако има слободни места ќе бидат добитници. Што не е јасно тука?
Ондак 100тици луѓе бладаат дека не биле пуштени без карти. Епа ќе влезеш откако ќе влезат сите со карта. Па што остане за тебе, бидејки ти си немал среќа на лотаријата. А не да влегуваш од задни влезови, да се бутнеш пред нив во воз, не да создаваш гужва и хаос. Не ги бранете ве молам. Очигледно е дека не се одело по ред и прописи. Кој како стигнел така правел. Јас пишав влегувале од задна врата на железничката, ги пуштил "некој" стотици навивачи. Влегле меѓу првите во возовите.
Незнам од каде овие 100 души се појавија кога организаторите и цајканите ги повикуваа 2 саата да им се појават пред очи тие што беа на списокот.Од кога веќе видоа дека ги нема тие луѓе и видоа колку малку души ќе идат само,кажаа сите да идеме. Јас бев сведок дека сите ги пуштија,буквално сите!
ви кажаа тие што биле (повеќе феминки) што и како се дешавало. зашто некој што не бил и нема појма упорно пробува да докаже нешто ???
Не влегоа сите, девојче кое го знам, добило карта и не ја пуштиле. Неколку часа по тргнувањето, само што се вратила од железничка ова го објави на фб, уште пред да објават во медиумите. Неколку беа по случаен избор, ама неколку и со врски. Има и такви кои по случаен избор се изберени од УМС на Вмро Дпмне. Они не ургирале за врски, ама нив ги „случајно“ бирале. Не е ова ново и непознато, туку секогаш е така. Затоа овој пат јас не се пријавив. Да имав вишок пари ќе си појдов на сопствен трошок, барем знам дека никој будала нема да ме прави.
И јас така разбрав. Прво ги пуштиле тие на список што ги имало, после тоа полицијата цело време прашувала дали има уште некој што е на список а не влегол. И дури на крај ги пуштале тие без карти нема ваљда да го пуштат возот празен. А мегу тие без карти имало и на СДСМ и н ВМРО членови, и неопределени и секакви, во таа гужва кој успеал да влезе влегол. Е сега тие 150 луге ако ги имало на список кај биле кога прашувала полицијата? Нека им е со срека на сите што добиле карти а браво и за тие што успеале да влезат без да ги има на список. Секој што губи има право да се лути ама не знам зошто се некои луге створени да плукаат на секој чекор.
Сега рекоа, дека ја увиделе грешката со организацијата, и дека денешните избраници ќе можеле полесно да се снајдат, бидејќи ќе имало штандови пр. список од бр 001-200, штанд 201-400....итд. За да нема збрки и забуни.
И мене сеуште не ми е јасно како можело да ги има на список, да стигнале на време, а да не се качат, кога и полицијата и самата организација цело време викаше да се качуваат... Не не, не сфаќам и не сфаќам. И како јас не ги видов тие 100тина души, а тргнавме во 5 и 40 зашто ги чекавме сите!!! Нема ни да сфатам! Со среќа на тие што одат утре. Ви завидувам. Навивајте за цела фемина.
На мајка ми вчера и се јавија после полноќ а не беше на списокот а аплицираше. И кажаа бараме замена од аплицираните поради тоа што има некои што неможат да дојдат а се на списокот. Мајка ми кажа дали може од ќерка ми да ви дадам број на пасош? Може одма кажете го. Мене ми се спиеше,бев уморна и ги откачи.Ете пак била моја среќа да одам.
Ема беше и се врати? Дај сподели искуство како си помина, ако си била?? Јас влегов во темава мислејќи дека некоја напишала за организацијата овојпат, ама гледам нема ништо..
За утрешниот натпревар ке има ли пак гратис влезници или слабо.. Баш за утре кога најмногу е потребна подршката никои нема да се сети..
Организацијата беше супер. Прво ги пуштија тие со карти, па тие со замена и на крај на тие без карти и рекле да чекаат ако има места ке ги пуштат. Така пуштија 60-70 луѓе од нив . Имаше место за сите ама нашиот народ не е научен на култура. Некои по 4 беа во купе а други стоеја во ходник. Таму беше се убаво организирано, само времето не ни се погоди. На крај кога требало непријавените да влезат, дури тогаш дошла некоја камера во најголемата фрка. да фати сеир да зборат после глупости оти не е организирано, оти некои не влегле и слично. Само да се плука. Ни се случи една лоша работа. Имало некој воз дефетен на пругата прад Белград па на враќање вртевме по друг пат. Плус времето шо не го биваше , требаше во 11 и пол да тргнеме од Белград, ние во Скопје дури во 2 напладне стигнавме. Многу напорно беше.Во два вагона снема парно и сите се напикаа во другите вагони.