Ајде јас да си кажам. Добро беше, со оглед на коментарите кои ги читав претходно. Во 6 часот требаше да се тргне, не закаснивме ниту една минута со поаѓањето и се беше во најдобар ред (барем за мене). Никој не ми направи проблем, го кажав бројчето, зедов карта и културно се качив во воз. Знам дека имаше многу луѓе без карти што влегоја, ама барем кај нас немаше никаква гужва, дури и доволно место за уште навивачи. Таму исто помина се во најдобар ред, и во салата и надвор од неа. Прекрасно беше чувството да се биде дел од публиката Навивање, смеење, забава, нови познанаства... преубаво. За враќање беше малку надвор од планираното, ама сите стигнавме живи и здрави. Возот наместо во 11 и 30, тргна во 12 часот бидејќи чекавме воз од Скопје кој закаснил, и исто гранка паднала на некој од вагоните, имало некаков дефект... така барем ми кажаа. Кај нас во купе имаше греење, дури и премногу топло беше на моменти. Единствено последните неколку часа пред да стигнеме, во ниедно купе немаше ни светло ни греење. Како и да е, се добро се заврши. Задоволна сум и среќна што заминав. А уште посреќна сум што победивме.