Искрено, никогаш во животот не сум добила наградна, среќа сум немала. Ниту пак врски. Ама еве сега ми се посреќи и затоа не верувам дека е цело наместено. Можеби мал дел, но не сите. Не сум ни партиски определена, а камо ли книшка... НИШТО од тоа. И ете, добив. Сите што добивме во 4 да сме таму, еве го мејлот што го испратија. Моментот на Песплатен влез ми е најјак!
2,000 е повратна а влезница 9 евра, така јас разбрав, значи кај и да е 10 евра одвој за влезница, се мислев и јас да одам ама не можам утре да не отидам на работа За со Србија не верувам дека ќе има гратиси бидејќи србите ќе бидат мнозинство таму, е сега ако имаме среќа да одиме понатаму може да дадат уште некој гратис. p.s. морав да додадам дека 2,000 е повратна карта до Белград само за сега за натпреваров, инаку редовна цена на повратен билет е околу 3,100 денари.
Да да, песплатен е.... Смешки живи... Идам женски јаааааааааааас... Се опремив со знаме и дрес.... Mене меил ми стигна, ама не ми се јавиле. Како и да е, нешто пред 4 ќе бидам на железничка, знаме ќе носам, ако ме познаете бујрум
Македонска ракометна репрезентација Некој не оди ниеднаш, некој 3 пати Инаку поради незаинтересираноста на србите за првенството ракометниот сојуз одлучил сите што ќе се појават пред арената со некој знак на Србија шал, дрес, знаме ќе добијат бесплатен влез за денешниот натпревар.
Македонска ракометна репрезентација Дали некоја феминка беше на железничка денес? Тоа било скандали!!! Читајте на други форуми,лом било, не пуштале, ги затвориле вагоните, си тргнал сам возот. КРШ. Срамота. превземени од кајгана Очекувам наскоро да известат и медиумиве, мора.
Македонска ракометна репрезентација Ајде не ширете дезинформации нема врска пак политички шират невистини. Сестра ми се јави пред 6 часот, рече дека тргнале во Куманово биле и дека не дошле сите што биле пријавени, 150 места имало не пополнети и тие што дошле а планирале со карта ги пуштиле така. Кој имал среќа и неизбран го пуштиле а сега нормално дека ќе има незадоволни што сакале не избрани да отидат без карти, се направил општ хаос и сега криво им е што не се качиле без карта. Нека се засрамат, само измислуваат проблеми кај што ги нема.
Македонска ракометна репрезентација Ете кој се страсвени навивачи, Србите пред нос им е, не идат....нашиов народ срцки ако требаше ќе се спрегнеа што се вели пешки ќе отидеа. Џабе им е на Србите, што и да прават, пак повеќе Македонци ќе има во салата. П.С. нашиве нека носат Србија шал, нека влезат беспари и после од торба вадиш македоснко знаме хахахаххахахах
Македонска ракометна репрезентација Aбеја си била сабајле ти за да докажеш дека се дезинформации? Плус сестра ти кажала не е полн возот а и имало хаос. Од кај знаеш дека сите тие се без билет? Јас читам луѓе кои не влегле во возот а ги има на список, читам луѓе кои добивале закани од полицијата, луѓе кои биле прелажани и на кои пред очи им тргнал возот, луѓе на кои им биле зимани телефоните. И медиумите почнаа да известуваат http://www.plusinfo.mk/vest/30691/REAKC ... altretiraa
РЕАКЦИЈА ОД ЧИТАТЕЛ: Возот за Белград отиде празен, Алфите не туркаа и малтретираа Објавено: пред 43 минути Прочитано: 3112 Печати Сподели со твоите пријатели! 163 Сакам да ви пишам за скандалот што се случи пред 2 часа ( писмото е добиено во 7 часот наутро во редакцијата на Плусинфо) пред железничката станица во Скопје. Имаше околи 600 - 700 луѓе и полицијата ги блокираше вратите, па пушташе еден по еден со претресување. Од 4 до 5 часот пуштија само 200 - 300 луѓе, притоа имаше многу свирење и пцуење кон полицијата. Веќе во 5 часот набрзинка пуштија уште 100 - 200 луѓе и ја блокираа вратата до 5 и 30 часот, по што се чу како возот замина. Надвор имаше останато 150 - 200 луѓе кои беа извлечени. Имаше и луѓе од Охрид и Струмица, прашуваа што со нив сега, дали ќе има уште еден воз, но добивме негативен одговор. Кога ни рекоа да си заминеме дојдоа 20 - 30 полицајци и Алфи и сите не растуркаа, а почнаа и да се дерат. Две - три деца ги фатија за алишта и ги залепија за ѕид, а ги предупредија и дека кој ќе се прави паметен тешко него. Кога извадија сите мобилни да снимат што се случи, Алфите и полицијата ги фатија и им бараа да бришат се од него што било сликано и снимано. Јас лично снимив клип кој ми го избришаа. Се надевам дека ова ќе го објавите да знае народот како бевме прелажани да дојдеме од Велес со автомобил, а имаше и такви од Струмица, Охрид, Штип и Битола и за сето време од горе не гледаа луѓе од Агенцијата за млади и спорт. По контактот со луѓето кои влегоа во возот дознавме дека вагоните биле половина празни.
Ц ц ц... пак ќе кажам - голема срамота! Ништо не поминува кај нас без местенки и скандали. А од сето тоа кој страда? Народот.
Македонска ракометна репрезентација Сабајле на Канал 5 на утринската емисија во 7ч известуваа за скандалот што се случувал на железничка и за малтретирањето кој некој луге ги преживеале ,срамота невидена е ова ц ц ц ц само тоа можам да кажам :/
Македонска ракометна репрезентација Ти кажав кој бил и кој ми се јави да не се повторувам, сигурно сестра ми нема да ме лаже, ако мислите дека е партиски по прво сестра ми што отиде со уште двајца ќе ја оставеа за да си пикнат партиски членови. А хаосот го прават самите луѓе, односно тие што сакале да влезат без карта. И одма почнуваат со тоа-закани од полиција, снимање, земање мобилни....во секоја ситуација исти приказни. Ова ми изгледа на политички исценирано, нели испаднаа муабети и дека опозицијата е против поддршката на нашите ракометари. Ако возовите биле празни сигурно немале да ги враќаат луѓето, напротив ги пополниле празните места со тоа што пуштале и други. И не кажа сестра ми дека има хаос, туку јас реков дека тие без карти го направиле.
Македонска ракометна репрезентација Па зарем ниту една телевизија не била присутна на испраќањето? Од форумов имаше 3-4 девојчиња што требаше да одат...се надевам дека отишле. Тие ќе ни ја доловат ситуацијата. На наши ќе веруваме А и Абеја веќе кажа... Трпение, спасение.
Македонска ракометна репрезентација Jас само знам дека живееме во насилничка држава, родени сме за скандали и насилство врз народот. Ништо не ме чуди. Но тоа е кога сакаме во 5 до 12 да направиме нешто. Дупли луѓе на списоците и тргање на возот пред да се качат сите добитници на карти. Махери сме бре. Плус за денот да биде бетер знаете ли кои ни се судии денес? Исланѓаните. Оние што ни судеа на мечот против Германија
Македонска ракометна репрезентација Македонска работа целата драма со возовите. Таман некој ти дава надеж, еве им текна на оние кои можат да направат нешто подобро, тие ќе се изглупираат уште повеќе. Па еден воз беше, да му се сневиди, што мајка барале полицајци да исфрлаат луѓе, они да не им ги платија тие карти!? Не ми е јасно, навистина не ми е јасно. Глупирање и само глупирање. И после чуди се Трпе зошто сите си бегаат од тука и се разочарани. Е зошто де зошто? Гратис те тепаат а ништо не си направил. Тоа е тоа што се бара.