1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гратис влезници за ракометното првенство во Белград

Дискусија во 'Спорт' започната од happygirl, 22 јануари 2012.

  1. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Ако имало нерегуларности и вакви нереди сигурно нема да известат ниту на еднава ниту на другата,или пак ќе кажат дека тоа е дело на СДСМ. :D
    Многу се предвидливи,затоа не очекувајте реално да кажат ако била таква ситуацијата.
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Леле вие не сте со сите бре :angel: Влезниците биле финансирани со пари од буџетот, а што сакате вие некој од џеб да извади и да плати :tmi: Па за тоа се тие пари, за такви работи да се користат поарно него ли во нечиј џеб да завршат.

    Одма да се плачело не било фер, не знам што.. Кај нас најубаво е ништо да не се дава, зашто кога и да се даде нешто секогаш некој ќе мрчи и замерки ќе бара. А турканици имало и ќе има, затоа што нашиот лекоумен народ е таков како што е.. ете се буткаат тие што не добиле влезници, ако нема некој да воспостави ред колку што покварени и без срам имаме ќе се изнакачат сите што виделе и чуле.

    И не ми реплицирајте, толку од мене на темава. Поарно ништо да не се дава така се сите среќни и задоволни , оти секој си збори како нему му чини.
     
    На simoncelicius, andromedae, Rozich и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ја бре, народот крив а? Така велиш?
    А за кој кур имаше лотарија?! М? можеа да речат, одете на железничка тие шо саакате да одите, ако се качите - арно! А не некој да се спотерува од којзнае кој крај на земјава и да лупа пари на овоа ладново време!
    Ако имаше лотарија требаше и да има организација, претрес и проверка по име презиме и број на лична карта!
    Незнаат еден пувлив список да проверат кој што и како, па попис ќе ми прават, оф мори муко моја |(
     
    На JuLleE, SunFlower94, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Мрчење е еден исти човек по 3-4 пати на листа да го има?
    Мрчење е.
    Зошто е за мрчење.
    Кој губи има право да се лути.
    А, во случајов сите го губиме достоинството.
    Зошто далековидноста ви е до носот.

    Сега излези во Скопје и восхитувај и се на триумфална.
     
    На Offspring, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ма знаев дека ќе се деси вакво нешто. Уште вчера кога прочитав дека некои од ,,среќно избраните,, се Самоил Малчески, и таму некој си претседатели на УМС од некои градови на Македонија, веднаш ми стана јасно колку е саат и какви луѓе ќе одат.
    Искрено жал ми е за оние кои отидоа во Скопје од Охрид, Битола, Гевгелија... Греота се луѓето, по ноќ на вакво време да одат за да навиваат за својата држава и на крај да ги вратат назад бре. Срамови живи сме.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    За кој к*р ? :clap: :x За илјада среќни к*рови и пу*ки што ќе добијат влезници за натпреварот ;)


    Јас тие што ги знам што си добија гратис си влегле во возот без проблем и сега се во Србија.
    Можеби имало непријатности не велам не, а и не се замарам многу ама вие само мрчите одма кога нешто вакво ќе се објави. Се е наместено, се е заради нечија реклама, се е со задна намера, што и да се направи се е узалуд. И секој со свое мислење и став, џабе од се циркузи правите ништо нема да промените а далеку од тоа да е сјајно ама вие па ептен сте песимистички настроени.

    Очигледно некои луѓе имаат главна преокупација да се бунат и да негираат се и сешто.. Никој нека не си го сфаќа ова лично ;)
     
    На simoncelicius, Rozich, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  7. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Не се карајте.... зарем не ви е јасно кој е виновен...... БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ.........ха..ха...ха....Karina8 без нервоза и навреди....остави ги преокупациите на другите, ти преокупирај се на нешто што нема да те нервира, а со самото тоа нема ни да навредуваш......
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Секогаш сум пишела опуштено на форум,ама во моментов драга карина до тој степен ме имаш напнато што да бев до тебе ќе ти залепев еден сочен шамар.

    Прво и основно кога се јави Котевски во живо вчера на МТВ *малку изменет цитат "Да не се грижите, нема потреба од никакви турканици, ви треба само бројчето и сите ќе влезите. Значи нема потреба од никакви гужви,затоа што доколку сте извлечени во име на безбедноста што ја уживаат граѓаните во оваа држава, вие сите ќе бидете безбедно однесени во Белград и вратени"

    И добро дали ја виде листата воопшто?
    Имаше по случаен избор, имаше такви и по неслучаен кои ги пишува на листа по 3-4 пати, имаше и такви кои воопшто не беа на листа.
    Сметаш дека е фер таквата игра?
    Сметаш дека е фер да бидат брутално вратени и од вагон извлечкани луѓе кои биле извлечени?
    Луѓе кои се надвор од Скопје, луѓе од Гевгелија, Струмица можеби. Кои дознаа во 11 часот навечер дека Скопје треба да се во 4,за на крај да ги вратат?
    Добро бе луѓе, по кои црни партии го оставате здравиот разум?

    Ќе цитирам мислење што го прочитав на друг актуелен форум "Кај нас организиран може да биде само криминалот"
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Како прво и не ги почитувам баш тие што дебатирањето го завршуваат со сочни шамари. Ако не сфати добро ти драга, јас се изјаснив дека ми пречи тоа што беше напоменато уште пред извлекувањето дека се трошело пари за глупости и слични искази на некои поединци, ако нашата репрезентација е глупост тогаш немам коментар повеќе.

    Работата беше што само што објавија за влезниците, се појавија фаци кои шират негативни коментари од типот види на што се дава пари. А доколку имало неправилности при извлекувањето или пак вратени од тие што добиле гратис, никаде не реков дека ги подржувам.. Проблемот е што вие доколку некој каже нешто позитивно во врска со ова веднаш го етикетирате како член на некоја партија..

    Интересно ми е што секаде мешате политика, кога нешто е за поздравување за поздравување е , доколку е точно дека извлечени добитници биле вратени не сум јас идиот, да не кажам дека не е во ред тоа.. Ама да збори некој дека е глупост да се дава карти за првенството е тоа ме нервира страшно.

    И оладете малце не се дувајте како крофна на зејтин.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ја па ви се чудам што од рекла казала си правите дебати тука.
    Да бевте на лице место ај ќе речев има и зошто да се расправаат, ама од рекла казала муабети ? :rofl:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Сител се махери за извртување на вистината.
    Пази богати, ама само еден или двајца не успеале да се качат :D Сите други биле (998) биле во воз со Директорот на агенцијата за млади и спорт :rofl:
    Ова да незнаеш дал да плачеш ил да се смееш.

    На крај ќе излезе дека стварно Бранко е крив :lol:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Богами мирно беше на железничка!

    Но како и да е ни го упропастија денот, место за натпреварот да се зборит, сите за карттие зборат!
    Ни упропастија еуфорија срамота. :swear:
    Што и да било, било. Со 1000 луѓе и + 2000 кои не биле добитници, нормално не може да помине се регуларно! Ми се гади од народов. :puke: Некултура!
    Ај мрш сеа на навивање, доста упропастивте еуфорија со тие карти главата од сабајле ми пукна, на секој еден втор збор му е „виде што се случило на желлезничка“ ма идите бе сви у... Одам да си навивам јас! :hai:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На JuLleE, Dushica-sk и perlaa им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Три пати пиша мислење и три пати различно кажуваш.



    Како и да е, очигледно ги избегнуваш клучните прашања врз кои се заснова оваа дискусија,така што со секое твое мислење се повеќе и повеќе се бега од поентата за која биле наменети овие билети.

    Anyway почна ракометов, добро е да ги бодриме играчите и од малите екрани,а за не/организираноста на нашата Македонија има многу да се говори, но тоа е комплкесна тема која нажалост одзеде многу животи.
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Леле не ми се верува па не се нормални па што делат грстис влезници кога не се способни да организираат како што треба :x :x
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Било како било, мене ме интересира дали за среда ќе се делат гратиси?? :D
     
    На Alanna и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па организацијата беше катастрофа уште од почетокот. На страната на МТВ имаше многу кои пишуваа дека се сигурни дека се тие, а не се известени по меил. Нели ќе се јавеа на телефон на сите и ќе ги исконтактираа по меил?! Ни другарка ми не доби меил, беше решена да не иде, мислеше дека не е таа, ама откако добро и се развикав по телефонот стана, се спреми и отиде. Кога стигна во 4 и 15 за железничка ми се јави и ми рече дека нема скоро никој. Нели требаше во 4 да бидат сите на железничка? Што чекале во 5? И нормално, после настанала таа збрката.
    Ама од друга страна, ајде да гледаме реално. Извлекувањето се објави во последен момент. Толку доцна обично и нема автобуси или пак дури и да има, од некои места во Македонија не ни може да се стигне за толку време. Значи, како прво, не сите што се пријавиле можеле да идат, а сигурно некој што не можел да иде бил извлечен. Тука се и малолетните. Исто така, имаше многу луѓе што аплицирале и со лична карта и со пашош и верувајте, има такви што добиле 2 пати, не е се наместено...
    Значи, многумина очекуваа дека ќе има некоја влезница вишок. Еве што објавија МТВ на нивната страна синоќа Многумина отишле со надеж дека ќе има вишок карти, а уште повеќе отишле со некој свој близок со намера да се сменат, затоа што нели, за тоа треба да се договорат на железничка. Познавам случаи што кога прашале за смената им рекле да се качат и двајцата. И нормално, се качиле. Зошто се тие криви тука? Тие не ни биле свесни дека го земаат местот на некој друг. Вината е пред се на организаторот, не плукајте по народот.
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.JPG
      Capture.JPG
      Големина на фајлот:
      17,2 KB
      Прегледи:
      130
  18. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Абе ајде сите сдсм-овци се бунат.

    Во еден мал град има луѓе со исто име и презиме, зошто во цела држава да нема?! Не велам дека можеби не е наместено, но се наоѓаат 3ца луѓе со исто име и презиме во држава од 2 милиони.

    А и нормално дека ќе има турканици и слични глупости, таков народ сме си, некултурен, сите сакаат да поминат први да не се во гужвата а 1000 луѓе па и не се малце. Особено кога на железничка има уште три пати повеќе луѓе без карти кои се буткаат каде не им е местото.
    Ама владата е крива, малку ни е што ни обезбеди карти, на нас се ни е малку. Само вмро-вци оделе, да беа сдсм на власт немаше да пуштат некои нивни? Секако дека не! Си се знаеме кој каков е, сите сме исти.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    ^^ За в среда нека организира СДСМ не се буниме ние :lol:
    Само да се оди е работава :lol:
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Не ви се чини дека претерано мрчите?
    Или ако, и Гордан беше можда во право?! :emo: :fubar:
    Дај не ја тупете работава,мене искрено ме боли к** кој организира, битно е што некој тргнал работа, а за 24 часа со купишта неваспитани не знам кој воопшто ќе успее да организира |(
    Битно е само да се мрчи, и како секогаш да се смешаат сите можни видови баби и жаби што шетаат по парламентон |( Ајт таму, ќутете и навивајте :)
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.