Мене ме интересира да беше ти од Струмица да речеме, да дознаеше во 11.30 дека си добитник на карта. Со свој превоз, свој трошок, да речеше од работа дека зимаш слободен ден и да дојдеше до Скопје. Да отидеше на време на железница и некој наш полицаец да те извадеше од вагон и да ти каже неможе да идеш во Белград беај од тука. На твое место да дојде друго дете, нивно дете. Тогаш ќе ќутеше? Ќе си ја запалеше колата и без збор ќе си се вратеше во Струмица? И ќе си навиваше? Кај нас само се мрчи ако на своја кожа приметиме. Додека другите ги ебе државата тогаш гајле ви е. Гајле им е дека полицајците ги бркале и дека алфите им се заканувале. Ко божем големо чудо. Браво нека ни е, како ја прифаќаме анархијава ко нормална работа да е. Среќа ниедно дете не убиле денес во таа гужва, а и да убие, нормална работа бе... Финтата е не дај боже да те извлечат на лотарија од државава, којзнае што ќе дочека.
А бе се тоа е во ред, сфаќам, ама очигледно некој не сфаќа дека не е само ВМРО цела наша инсталација Тоа прв пат се случува? Не! И ќе се случува се додека се лажеме на гратис карти и локум. Испаѓа работава, сите знаат повеќе од добитниците! Ама се прашувам тие што беа што велат
Е добро де, кај што има метеж и можност за нереди мора да интервенира полиција(ако воопшто е така како што се прикажува)...Плус народот без култура, гужва и ете ти девојче се расплакало...е па сега тоа е, и мене да ми се случило ќе плукав по тој што ме симнал, до организатори, до тие што се туркаат преку ред...ама да мешам власт ептен е ниско...
Добро Кате тука се слагам се палиме ко млади мајмунчиња на гратиси, а предвреме знаеме каква е судбината. Зашто е ниско мене не ми е јасно? Кој е организатор на оваа лотарија знаеш? Влада на РМ. Кој ја води владата? ВМРО. Полицијата кој ја командува? Министерство за внатрешни. Кој го води министерството? ВМРО. Се е една алка, едно кругче, едни исти луѓе. Ако ти е крив организаторот, полицијата, алфите тогаш крив ќе ти е и Вмро. Зашто тие ја претставуваат власта. Инаку на младите вмровчиња им било кажано да отидат сабајле на железница и да влезат на место на тие што немало да дојдат да ги подигнат картите. Од една страна е добро зашто ќе се напуни со нив возот. Но од друга страна тоа е и една од причините за хаосот. Кај нас ако еден влезе без карта настанува лудница сите сакаат. И вајда е тоа причината и слабата организација и нашето сељачко однесување, потпомогнато од насилниците т.е алфите и полицијата кои незнаејки на нормален начин да средат една ситуација мора скандал да направат. И решавање на еден проблем не е затварање на врати и тргање на возот оставајки невини луѓе да си дремат со картите во рака.
А кој го избра вмро? Народот Плус народот направил гужва на железничка...така да излегува Народот на квадрат...Еми смешно е како не...
Епа тоа е работата, на повеќето организаторот не им се допаѓа и тој е крив за се, не е битно што барем има некој кој се потрудил да организира нешто. Штета што 70% од избраните немаат никаква култура покрај нив и оние без карта кој незнаат да си застанат на страна и да не се мешаат.. Тешко дека некој ќе успее да се снајде меѓу сите тие збрки.
Сега даваа на вести на Канал 5, имаше видео, имаше сведоци, форумиве се преплавени со луѓе кои се револтирани. Мене не ми изгледа дека е лага или некаква забуна. Јес да народов не ни е баш културен и цивилизиран на моменти ама не верувам дека некој од Охрид, Битола, Струмица би тргнал за Скопје во 4 сабајле ако не бил извлечен. И ако после сето ова некој пак си ги стави розовите очила и не сака да поверува и признае што се случило... немам коментар.
Само што гледав вести, и замислете тие што дошле повеќе, ПАРТИСКИ БИЛЕ ПРАТЕНИ, а.к.а Бранко е крив! Жал ми е за навивачиве, ама имав чувство дека вакво нешто ќе се случи. Имаше некој пишано, во Македонија е организиран само криминалот- потполно се согласувам со ова. Пак ќе кажам греота за тие што останале, тоа пред се е возбуда, спремање, а замислете оние што доаѓале од другите градови..хаос
До кога овој прост народ ќе се пали на трошки и ронки ко мајмун? Битно некој организирал?! Битно? Пу, да ти ебам државата и да ти ебам посраната младина во неа. Ќе фатам патот некој ден одовде и нема никогаш повеќе да се вратам. Ебаве тоа површните, нели гледате дека суштината на проблемот е друго?!?! Не е до толку што некој не отишол, туку овакви работи и неправди константно се дешаваат а никој кур не го боли за тоа! Секогаш едни исти користат, тоа е проблемот! Во се и секаде овоа се дешава! Нели ви е преку кур и вас?! Ебате површните и испрани мозоци ебате. И бан нека јадам за мислењево, многу ми е гајле! Се амеби околу мене, кај и да се свртам. Пу!
Се е политика. Туку не сакам многу да зборувам. Еден многу добар пратеник од Вмро велел кој сака да оде за Србија да гледа ракомет. И секако неговите блиски познаници ситее заминаа, а што се вика немат пари за јадење а камоли за карта за на ракомет. Ама политика е тука во прашење.
Народов ни е крајно нецивилизиран, кога ќе се направи толпа, сите се ко говеда пуштени од штала. Свесни сме сите до една каква атмосфера има пред секој поголем концерт одржан кај нас, сите сакаат преку ред, сите се знаат со ојле-дојле, се туркаат и пцујат и кога парите од свој џеб ги даваат за на концерт во своја држава. А сега можам само да замислам каква била атмосферата сабајле на Железничка, нели е гага, а за нашиов народ кад је гага и кислина је блага, кога слушнале дека ќе може да се протнат без да бидат извлечени сигурно имало и 2000 наместо 1000, секој втор извлечен си земал уште еден или двајца со себе. И кога сите тие млади, стари, средни ќе ги ставиш на едно место, и во прашање е дали ќе се патува на натпревар јасно е каква атмосфера владеела. Незнам зашто народов наш нема ни основна култура, и најтажно е што покрај сета таа некултивирана маса мораш и ти да се претопиш во нив ако сакаш да испливаш, ако седиш мирно на страна никој нема да те рецне ни 2%. Можеби требало да се накрцаат сите тие 2000-3000 во вагоните, да го преоптеретат, и да имаа не дај Боже некој несреќа, тогаш повторно ќе се плукаше на ВМРО како организирале несигурен превоз. Вака кога се труделе да помине во најдобар ред, повторно се плука, имало насилство, па насилен ни е народов во обична дискотека, кафич, ноќен клуб нема вечер а некој да не се срчка, а не па вака. И што требале алфиве и полицијава да ги молат да се смират, да им изиграваат психијатри на тие говеда. Зошто сите извлечени не си дошле културно во 4 саат на станица како им било кажано, а овие вишоков да си седат на страна и да чекаат, фино лепо списокот и еден по еден. Има слободни да речеме 200 карти ајде 200 најбрзи од нив да влезат. Ама па и тие остатокот меѓу себе ќе се испоколат и испотепаат кој да биде во тие 200. Ужасно многу ме нервира ова сериџиствово, само се чека момент момент и одма да се јаде гомна за државата и власта. Ако сте толку паметни не бистрете политики на форум, излезете и јавно кажете го својот став, може и ќе промените нешто. Ако не сте доволно храбри и моќни опашките в газ и одете негде каде ќе ве третираат ко цвеќиња, каде власта ќе биде демократска (ахам, да, доколку вакво нешто постои). Власт ко власт, краде, лаже, суди, ама објективизам барем ние можеме да запазиме, ваљда на 20 и кусур години не ни се испрани и затруени мозоците од ова срање наречено политика. Ниту едните, ниту другите не се сјајни, сите си ги гледаат своите газови кои им навикнале на удобните фотељи, па газат преку мртви тела да стигнат до нив. А башка овој неморален и некултивиран народ ни Тито да воскресне не би го смирил и обединил.
Најубава, не си во право! Немало никаква организација, и не е народот крив. Организаторот е, секогаш вакви срања се случуваат. Еве на кајгана сега пак читам еден пишал, отидов во 5 до 4 на железничка и вратарите не проверуваа ни лични карти ни пасоши, пуштаа по групи така без проверки. тоа нели е неорганизираност? и како смее така неорганизирано некому да се влева надеж?! Зошто на пример, не изорганизираа убаво се како што треба на време, ако сега не успеале можеа гратиси да поделат за Македонија-Србија, па фино да си постават луѓе што по список ќе проверуваат и ќе ги пуштаат ДОБИТНИЦИТЕ. Како што кажав, подобро да речеа одете на железничка кој сака, кој ќе успее да влезе - арно. А не вака. И за во Литванија вака беше. На сестра ми дечко и од Берово се спотера сам си плати се, ден си зема и дневницата му пропадна за таму да му кажат дека нема да оди.
Офи значи доколку се одело и имало можност и луѓе без да бидат избрани да одат, нели е покултурно, понормално, пологично и посоцијализирано да влезат прво тие кои што биле на списоците. Да се пребројат лично сами меѓу себе колку се, а потоа да се придружат другиве кои ги нема на список. Културно, мирно без интервенција на полиција. И нормално влегол т.е. се качил кој стигнал, и тој некој кој дошол 15 минути порано му го земал местото на некој кој задоцнил зошто на пример патувал од друг град. До кога мора редари да не организираат, па во банки и во пошти за најобични ствари се прават скандали заради тоа распрдено однесување, заради немањето култура. Ни ставија жолти линии, јас до сега дали 10-15 луѓе сум видела што ги почитуваат овие ограничувања, да не зборам за други ограничувања од типот на сообраќајни знаци и пешачки премини. Таков распашан народ сме, распашана команда, немаме култура.
Тоа што ти го кажуваш кај нас го нема, и кога сме свесни за тоа, тогаш треба да се превземат санкции т.е. да се влегува по список. Знам јас како е културно и цивилизирано, ама кога реалноста е друга, тогаш постојат начини како да се спречи. Можеше извлекувањето да биде пред 3-4 дена за денешниов натпревар, и за тоа време убаво да организираат што и како, а не луѓе да мрзнат по патиштана од којзнае кој крај од земјава за џабе. А не, во 22.00 часот се дознава дека ќе има лотарија, во 23.00 извлекувањето, во 4 наутро поаѓање. Епа за толку кратко време и Јапонија да бевме немаше да организираме. Крај краева, и компјутерски може да се среди, преку бројот на лична карта/пасош, еден клик е само работата.
Ајдее овде од кинески ѕид се гледа дека не е работата за тоа кој како отишол туку зашто владата на Груевски организирала нешто. Па никој не е крив што наместо 1,000 отишле 10,000 луѓе секој со надеж дека ќе се прошверца. И убаво им кажале на сите да дојдат пред 4, ако дошле пред 4 ќе ги сместеле, нека не лажат некои дека од 3.30 чекале и не им дале да влезат, курци палци работава, како не им е срам. Можеби не влегле тие што задодоцниле, а тука самите се криви. За овој народ ништо не треба гратис, можеби власта им смета ама народот е бетер, секој сака да искористи на сметка на друг. Да сум од Гевгелија на пример немало ни да се пријавувам за гратис, зашто нема теорија да стигнам да се спремам и да отидам до Скопје. Секој град и општина си има свој градоначалник кој во соработка со Владата можеле да организираат превоз до железничка.Ама тоа е нивни проблем, нека си мислат во иднина за таа организација, сега доцна беше извлекувањето и секој што разбрал дали избран или не избран се појавил сабајле на железничка. Народот е крив не само организацијата, во таа гужва никаква организација нема да може да помогне. Да не требаше солзавец да им фрлат за да ја разбијат толпата? Сестра ми се јави околу 23.00, се собрале и тргнале, се поминало во нај добар ред, било многу убаво и прекрасна атмосфера, особено зашто победивме, а оние на кои им е криво што не добиле карти можат да промрчат уште највеќе до недела дена па ќе им помине. Јас не се пријавив и НЕ МИ Е КРИВО што луѓето си добиле гратис карта и превоз, и да се пријавев ќе ми беше сеедно, натпреварувачката атмосфера си ја доживеав и дома пред ТВ со моите.
Офи јас и ти овде до сабајле може да се спориме. Јас тврдам едно, и ти нормално имаш контра аргумент. Но сепак се десил хаос, причини погоре објаснети и како освен со агресивно однесување да се решат? Не дека оправдувам, далеку од тоа, но еве според тебе постои ли поинаков начин тоа да се спречи? Организација, да, ама која црна организација кога се нема култура, кога и да ги читале на разглас пак ќе се нашол некој паметен да направи некој скандал. Не се криви ниту ВМРО, ниту организацијата, туку оваа вештачка еуфорија што се создаде за натпревариве. Да не постигнеа кошаркарите таков успех во Септември, никој немаше ни да знае дека македонската кошаркарска репрезентација учествувала на Европско првенство. Видовме дека имаме квалитетни играчи, па им се навртевме на ракометариве, ги форсираме упорно и имаме големи очекувања. Од сите што заминале во Белград јас тврдам дека 20-30% отидоа да се прошетаат, да го видат градот, 30-40% отидоа да навиваат зошто им е ќејф од солидарност, а остатокот се кој заради пријатели и само мал број навивачи вистински љубители на ракометот. Од оние полни сали што ги гледаме 50% незнаат што е техничка, проигрување, чекори, а сите сме стручњаци, до лани незнаевме еден единствен македонски кошаркар или ракометар а сега ги величаме. Но битно е да се оди, да се дереш, да урлаш и да се курчиш во друштво како ти таму најфаца си им бил. Сите сме патриоти до срж, а на сите да ви се пружи шанса авионот под гз и ауф фидерзен Македонијо. Ова е веќе друга тема, али спонтано ми дојде па се надоврзав.