Ама не и вие сте у право.Боље ишта него ниша,или у случајов Боље неко него нико. Ма кога ќе размислам...доволно би било само нивните да ги прателе.Ехеее,ете СЕПАК на некој бесплатно му овозможиле. Абе и Иванов е доволен.Ете на него му е бесплатно,што.Замислете и он да плаќал а? ОЗБИЛНИ СТЕ? Никој на сила не ги терал да оргазизираат вакво нешто.Сами си оргазираа сами се посраа. Ако неќеш,боље немој,него да зезнеш луѓе цел ден да го губат ради твој куртешак ,а плус трошок. И ја ко што знам Владата овозможи само бесплатен превоз,т.е. они за ништо пари не дадоа,само одлучија за карти за воз пари да не ни земаат. АД Макстил ги обезбеди картите,а Владата ги делеше.Али мораше процент у свои раце да земе од нив,по се изгледа.
Не само од Гевгелија, ами и од Скопје да си, такси 200 денари ќе ти фати до железничка, и за назад, а притоа си бил известен дека ќе одиш? Логика? Плус гратисите не беа само за Скопје туку за цела држава.
Во име на аргументите, еве го мојот последен збор на темава. Еве го списокот со тие што заминаа... http://ovaemakedonija.mk/index.html Е сега, во делот од 401 до 416 обрнете внимание... Еве ќе копирам... 400. Дарко Ќулавковски 401 Никола Андов 402 Ѓорѓи Апостоловски 403 Мирче Боевски 404 Александар Тодоров 405 Ванчо Јованов 406 Кире Петрушевски 407 Ванчо Тасевски 408 Александар Илиев 409 Марија Тасевска 410 Ангела Арсова 411 Елена Арсова 412 Јордан Цветановски 413 Христина Ивановска 414 Гоце Џамбазовски 415 Уранија Давчева 416 Фросина Маневска 417. bojan cvetkovski Забележувате дека од 401 до 416 нема точка измеѓу редниот број и името? А забележувате дека на 400 и 417 има? Кој кого прави ненормален овдее да видам? Друго, Ангела Арсова Елена Арсова, едно под друго, сите со кириличен фонт напишани по ред. Друго... Ванчо Тасевски Марија Тасевска, исто во овие, додадениве отпосле... Ако вас ова погоре не ви ја вреѓа интелигенцијата, мене ми ја вреѓа. Живејте си со медиокритетот во вас, и задоволувајте се со "Битно некој дава". Ете така, да живее правдата и чесноста. Уште ова... 321. Игор Мавромихаилов 997. Игор Мавромихаилов Овој излези - влези направил во возот? Пошто гледам два пати го има...
1000 луѓе по име и презиме да ги проверувам на фб кои се, што се... не мислите дека е претерано непотребно замарање??? стварно немам зборови.... а за ова што сите се правиме Мајки Терези, па и вие да сте на некоја битна функција сигурно ќе обезбедите карти за роднини, братучеди од тетка итн итн. јас би, еве признавам. да имам на располагање 1000 карти сигурно дека ќе го пратам брат ми, братучед ми, братучетка ми... зашто да не ? ми се може. а светици може да глумиме сите, ама реалноста е таа. и тие луѓе што не се пуштени, претпоставувам дека е така ради тоа што доцнеле. ја гледав емисијата на МТВ1 ноќта пред поаѓање и беше прецизно неколку пати повторено сите да бидат на железничка точно во 4 саат заради проверка, а во 5:00 се трга. возот тргнал во 5:35 баш поради тие причини, и на крај краева никој не им е крив, подобро некои да стигнат на време отколку никој. колатерални жртви увек имало и ќе има. ама не, кај нас не се спомнуваат тие 900 што отишле туку секад се гледа на негативното - тие 100 што останале, кои повторувам најверојатно каснеле, а имало и случаи кај што сакале со туѓа лична карта као мајка ми се пријави неа ја извлекоа ама она не може па јас на нејзино место, имало и малолетници што пробале иако знаат дека беше забрането, со небиометриски исправи, и многу други случаи ама ај сеа да не разглабам. ваквите случаи очигледно не ги земате во предвид. и сосема нормално е од 1000 луѓе да се погодат со исто име и презиме. јас во одделение од 30 деца па имаше три девојчиња исто што се викаа и презиваа не па овде. стварно цепидлачите. а тие што се осеќаат оштетени, нека тужат на крај краева, само не знам кој би тужеле али ајде. и нели баравте дебата? и еве сега кога ја добивте се расфрлата со навреди на сите страни. не ги поддржувам ни од двете страни.
Давал, не давал исти к*рац друго паковање. Едниве делеа кафе и вафли пред избори, другиве карти за ЕП. А и народов до толку прост се пали и јача. Да ми беше толку ќејф да идам, ќе си платев, па ќе клатев. Ако немав дали 1900 или 150 евра, ќе идев во кафич, ако немав ни за пиво и кикирики ќе си седам дома ќе навивам колку ми душа сака. Нема да чекам Грујо или Бранко да ми плати карта, ќе се задоволам со тоа што си го имам. Ова му доаѓа како да отидеш во кафич или да сакаш да одиш, ама да чекаш некој да ти понуди превоз и пијачка, и кога некој ќе ти го приушти тоа, да му кењаш зошто си каснел минути, зошто нема парно во колата и зошто ти платил Бадел а не Чивас. Можеби и не е нешто адекватна компарацијава ама пак има некои точки на врзување. Дале, не дале, организација, реализација, дрн дрн јариња, нека им е на здравје бричење на тие кои си ги фрлија парите за една утринска прошетка до Железничка. Сите се полакомија по карти, исто ко по локумот. Тоа ти е евтин народ, се продава и за 10-20евра, а не размислува подлабоко. Не би да се повторувам Офи ја спомна политичката позадина неколку страни наназад. И уствари бидејки баш сега спремам нешто со ова конфликот со јужниов ни сосед, па ме заинтересира дали во рок од неколку часа во случај на воен конфлик ќе се соберат 20000 доброволци, патриоти да ја подржат својата земја, или истите овие патриоти кои со солзи пеат дека едно име имаме, ќе се скријат во глувчешки дупки и ќе се тепаат да се качат на воз да фатат штивиње од земјава? Чисто онака прашувам, настрана политика, патриотизам е во прашање.
Да не дадоа влезниц, ќе беше ете за кошаркарите имаше за овие нема.А кога има и тогаш не чини. Па и сами сте сведоци дека и членки на Фемина си кажаа дека се избрани(незнам колку прочитав, но за една сум сигурна-убаво се сеќавам).
Абе дека имало преку партија што отидоа, тоа не е спорно, според мене еве што бев таму, повеќето бевме случајно таму најдени... Еве, јас сум жив пример за случаен избор... И познав уште многу такви таму. Како и да е, тоа не можете да го искорените,секогаш некој ќе се бутка негде. Битно вредеше да се оди! ПОБЕДАААААААА!
Баш така. Се залажува народот со ефтини работи. И ја знаеме и позадината, пишав, избори се ближат. Ама сиромашен е нашиов народ, па се пали на вакви работи. Знаат политичариве кај треба и како треба. За жал, некој и 2000 денари нема. Е сега наместо на некој да му текне дека треба друго да се направи, па така место да чекаш некој да ти плати влезница и билет кој кошта само 2000 денари, ти се радуваш што некој ти подарил 2000 денари. Ама кој да гледа на тој начин. Убавата опаковка го продава производот. А за болдираново. Нема да излезат, а знаеме и зошто и јас ги оправдувам. Видовме што се случи со бранителите од конфликтот 2001 и со припадниците на ОНА. Сепак тоа е друга тема.
Леле се чувствувам виновно, што воопшто бев, заради сите коментари. Еве сега ќе ви кажам на кратко како ја гледав целата "организација", а тоа како си поминав во друг пост. Јас стигнав пред 4 на железничка, надвор имаше гужва, имаше и такви и без карти. После буткање турканици, викања, прискања од сите страни, успеав да влезам. Немав посериозни повреди Случајно најдов уште двајца другари вечерта па се израдував што не сум сама. Внатре имаше списоци кој во кој вагон беше, тој дел беше хаос, одвај се најдовме. Ниту редни броеви имаше, ниту по азбучен ред беа. Меѓутоа немав никаков проблем да влезам, си извадив лична карта и ме пуштија, зошто многу пред мене се буткаа да влезат без лична карта. Си се качив таму каде што требаше да бидам качена (си запознав уште две девојчиња). После некое време ги слушнав како премногу бил празен возот да почнат да пуштаа луѓе, зошто мора да тргнеме, и така и беше. Почнаа да пуштатат зошто времето беше кнап (дали наместени пуштија, дали не, тоа не знам) Јас кога бев во четри, па се дур влегов, верувајте немаше 500 души, а не пак 1000. Од што беше празно го прашав тој што не читаше, дали може другарите да се преместат кај нас, и ми дозволи. Значи имаше и преместување од вагон во вагон. Тргнавме што тргнавме, јас стварно не знам што се случувало, се изгледаше толку мирно и како да е без проблеми. Ние ниту со полиција, ниту со алфи со ништо немавме проблем. Барем јас немав. После почнаа да ни стигаат пораки, и да не известуваат што се зборува надвор. Сите се загрижиле да не ни се случило нешто, а ние бевме зачудени кога слушнавме. Фрчеа телефони, да прашаат дали не претепале, дали сме тргнале, дали сме добро. Јас ги разбирам многу добро и јас би прашала. Но барем кај нас, се си беше во ред. Патот си помина мирно. Без никакви тепачки, проблеми. И најбитниот дел. ЗАДОЦНИВМЕ на натпреварот. Не симнаа (не на железничка) и демек ќе не чекаат автобуси за до салата. За сите имаше 2 автобуси со капацитет како Јсп што имаат. Беа преполни, ние од последните вагони додека се симнавме немаше место за нас. И тие стоеа во место а веќе беше 16.05 минути. И тој србинот се дере, ајде ајде терајте па ќе се вратите да ги земете останатите, ние се изнервиравме и тргнавме пешки, па мораше полиција да го стопира сообраќајот и да се движат пред нас, бидејќи не може група организирана сама да се движи. Додека не претресоа, и ни исфрлија се од торбите што имаме, од цигари до дезедоранс, пудра, лабело, до ситни пари, без разлика дали денари или евра или динари, се оставивме... На натпреварот влеговме во 17-тата минута. Не се гледаше кој каде седи (само што не смеевме долу да седиме) горе кај сакавме седевме. Пола сала беше празна. Јас очекував многу повеќе навивачи, зошто на телевизија некако многу повеќе ми се гледа. Како и да е, после тоа се упативме скоро сите кон Хотел Југославија (луѓе баш беше ко од времето на Југославија, еве јас прв пат го видов, ама Белград и хотел некако се на елитно ми идеше, али тоа е тоа), каде што е фан зоната. Таму пристигнаа и ракометарите, се сликавме со нив, во принцип весело беше. И другиот најбитниот момент. За назад сите во 10.30 пред возот да се сместиме за да тргнеме во 11.30. Излегуваме надвор кон девет и нешто да се упатиме (по логика зошто и НИКОЈ не ни спомна каде ќе биде возот) на местото каде што не остави, до таму имаше едно саат време пешки, и дур се собереме почнаа да ни стигаат пораки, како кажале да останеме пред хотелот, ќе има автобус што ќе не однесе до железничката станицата (не на местото кај што не оставија ,туку погоре, која што впрочем и поим немавме каде е). Автобусот требаше да пристигне во 10.15, но не дојде. Српската полиција почна да се буни, зошто тоа било од нашата организација. И што ќе правиме, како ќе правиме, не упатија српските полицијаци на најблиската автобуска да чекаме градска линија (бевме некаде 70 души останати, може и помалку). Дојде автобус, се качивме во автобусот и не однесоа. Имаше уште некоклу минути пешки, а полицијата ни го покажуваше патот. Се сместивме (моравме сите на истите места да си бидеме за да се преброиме) и чекавме возот да тргне. Тргнавме, па повторно се вративме назад (не знаеме зошто). Слушавме муабети дека многу повеќе биле за назад, па да се преброиме, па да не фали некој, па некој бараа со име.. и така.. Битно на крај ни кажаа дека се во ред. За назад брзо стигнавме, за чудо, па еве сеа можеме да кажеме од наша страна како беше. Како и да е, организиацијата не беше добра, навистина,се доцнеше на натпревар, немаше доволно автобуси да не однесат, не ни кажаа кај да бидеме на крај да се чекаме (т.е. многу доцна соопштија и сите веќе беа тргнати), не дојде автобусот да не однесе, па моравме со градски да одиме до железничка) и слични работи.. Но искуството и дружбата што ја доживеавме не се опишува со зборови. Барем за мене. Јас тргнав сама да одам, зошто навистина САКАВ да одам, немав ни врски, нит претпоставував дека можам да бидам извлечена, па го прифатив ризикот кој што знаев дека постои и тргнав. Но ете, испадна дека иамам и другари, се запознав со многу луѓе. Нашето купе, не се двоеше, секаде бевме заедно, имаше вистинска дружба. Впрочем и многу беа тргнати како мене, сами, па запознавањето беше подразбирливо. И како што победивме, сите беа расположени. Јас не знам што се случувало надвор, го кажав само тоа што го видов и доживеав. Ако е така, ставрно ми е жал, се чувствувам виновно, навистина, зошто и јас да бев од другата страна и јас ќе зборував така, дефинитивно, но ете.. И многу е навредливно да кажеме дека се продаваме за карти, јас во ниеден момент не се продадов за карта. Што продадов, гласот? А не, не.. И јас ќе зборев да не одам, знам, но сега нема да кажам дека се каам што сум отишла. Јас впрочем, еве и кога се вратив, се чудам како ме избрале. Се чудам сеуште.. Едит-Морав да го вклучам ова овде, првото девојче со кое што се запознав, беше TeddyGrey, но до пред некоја минута не знаевме дека сме ние. Впрочем и немаше ништо да ни смени, премногу се дружевме, навивавме и се забавувавме. Поминавме незаборавни два дена. Бевме сите неразделни иако повеќето не се знаевме. Е тоа не се заборава, тоа е таа дружба што го напрви цел тој пат, да вреди, без разлика на организацијата.
Не гледав ниту еден напревар на ракометната репрезентација, резултатите и текот на настаните поврзани со натпреварите (вклучувајќи го и овој) ги дознав од фемина или ако некој мој фб пријател постира некој линк. Меѓутоа гледам дека најактивни во оваа тема не се оние кои се вратени од жележничка, туку оние кои прочитале, чуле за тоа, па претпоставувам дека не се сум нешто помалку компетентна да се приклучам на дискусијата. Јас го поддржувам настанот и идејата за доделување на бесплатни влезници. Реализацијата не била совршена, свесни сме за тоа дека некој бил колатерална жртва во случајов а друг среќлија на негова сметка. Ама сега до толку да мешам политика и да верувам дека ако не бил Грујо туку Бранко, и ако не биле врмровците туку другине дека тогаш се ќе беше јупиииии Ма ајде Истите луѓе ќе се буткале таму, со исти менталитет. Оној кој отишол поради случаен избор пак ќе ја имал истата судбина(ќе биде или не), пак ќе има некој кој е за буткање, некој за да спровне свој близок, некој за да има што да каже наредниот ден во медиумите и да удира со камења по власта. Синдромот стадо е во нашиот менталитет. Не знам каква организација да е, не знам кој да бил, џабе е. И да, никогаш не им е на сите погодено
Прочитав мислење на форумџивки за кои сум сигурна дека тврдокорни Македонки.. ова де вмровки. Некоја напишала "само мрчите, па кој ќе успее кај нас да организира нешто за 24 часа" Епа,која и да си драга форумџивке.. зарем ваков настан се организира за 24 часа?.. Ма, ни 24 не беа. Не е потребно секоја работа да ја искусиш за да ја коментираш. Ако е така ни вие не сте во организација, ни во влада па коментирате на нивна страна. Вака подобро е? Секој што го брани овој проект и што слепо верува на Сител и Канал5,а не на искуствата што ги читаат од луѓе кои што биле на натпреварот или воопшто не биле, ги одбегнуваат прашањата кои и јас и росоњерка ги пиша. Зарем не е жално за луѓето надвор од Скопје да бидат вратени?
Ашлинг ќе испадне дека ти се обидуваш да ја претвориш темава во нешто накај политика, а не дискутираш за настанов. Започна од постот кога ме насочи „ излези во Скопје и восхитувај и се на триумфална “ , па за да продолжиш некого да карактеризираш како вмровец. Ако си заборавила се дискутира за гратис влезниците и организацијата, а не за споменици, за партии и слично. А не мора да значи дека ако некој не мрчи за ова ја подржува владата, затоа што јас и јавно ќе се изјаснам дека не сум нивен симпатизер ама од друга страна тоа не значи дека секој за нивен проект уште пред да чујам што и како плукам по него. И те молам немој да ми мешаш порти, капии и не знам што има соодветни теми за тоа таму изјасни се, а уште помалку да мешаш партии и слично не е за тоа темава. Секој си има свое мислење, и убаво да постојат различни мислења, но не се обидувајте да го натерате некој да мисли како вас.
Не сакам да слушам шпекулации за тоа што се случувало и како било. Ги слушам мислењата на тие што отишле, што успеале да се качат во возот. Знам дека сите се сложуваат во едно: организацијата била за никаде. Ама како што разбрав јас од другарка (а истото утрово ми го потврди и другарка ми), тие не ни знаеле дека нешто се случувало, дека некои кои имале карти не успеале да влезат. Исто така, сите што стигнале до кај 4-4:30 и имале карти влегле во возот, а дури потоа, за да не тргне возот полупразен, почнале да пуштаат и луѓе кои немале добиено карти. Што требало да направат? Да ги чекаат нив до 5:15 да дојдат па да одат? И немојте СДСМ и ВМРО. Ваков настан не се организира 7 чаца пред тргнувањето. Кој и да го организираше исто ќе беше. Ама и власта и опозицијата, а и народот наш македонски што се удира во гради за партијата, знаат само да мрчат и да си ја префрлаат вината од еден на друг. И само истите коментари вртат по темата, истите нешта кажани од 100 различни членки. Ја оправивме работата ние тука. Еден толку предвидлив настан,нешто што беше очигледно дека ќе се случи го направивме настан на годината.
Да, така беше ДАнгел... Од кога луѓето од списоците не дојдоа до 5, почнаа да пуштаат. Немаше никакви инциденти, ниту недоразбирања. А јас па и не видов некој надвор да плаче зашто не го пуштиле... А на тие 100 што биле избрани, а не влегле, стварно им се чудам... Значи, најмал проблем беше ако те има на список, немаше шанси да не влезеш... Чудно ми е тоа...
Мило ми е што девојки кои всушност биле присутни и со свои очи виделе како се одвивале работите споделуваат искуства, а не само оние кои некаде прочитале нешто за некого кого воопшто не го познаваат. (колку и да сте само виртуелни ликови за мене, некако поверодостојни ми се вашите изјави од оние кои ги има низ нетов ) Се надевам дека сте имале незаборавен провод
Сестра ми се јави утрово околу 9.30 и едно меѓу првите прашања што и ги поставив беше тоа-дали стварно имало проблеми и она се чудеше зашто толку ја прашувам околу тоа, вика се беше супер, они отишле во 2.30 утрото почекале малку и немало многу народ дури имало и неизвлечени кои дошле со извлечени за да си купат карта. Некои купиле некои се прошверцале не е битно, битно е што толпата луѓе кои "закасниле" се незадоволни. Па јас ако имав карта ќе отидев ако треба саат време порано за да се сместам а не да се буткам, да газам и да се тепам. И вистина е дека на почетокот не се наполнил возот, затоа биле пуштани и неизвлечени но кои дошле порано, пред да се создаде "гужва од шверцери". Од досега кажано, од оние кои беа извлечени и добија превоз и карта за до Белград можеме да заклучиме дека се било ОК и дека целата таа галама што се крена после нивното заминување е од гневни луѓе кои или закасниле или не добиле карта па им е криво или партиски сценарија на кои медиумите им дадоа моќ. Супер им било во Белград, сестра ми е воодушевена од чистотата на градот. Задоцниле некоја минута на натпреварот а за назад возот повеќе се наполнил од тие што разбрале дека е бесплатен превозот и не знаат зошто но возот пошол па по некое време пак се вратил и пак тргнал, малку ми е нелогично Не ја замарав многу, беше под импресии и сакаше да се наспие.
мислам дека со ова се е кажано, и слободно може да се заклучи темава. и само едно ме чуди, како сите се толку незадоволни а се распрашуваат за во среда дали пак ќе има воз како би алплицирале?? хм чудно.
Вечер пак лотаријааааааааааааааааа јееееееа Сестра ми седи дома и оп гледа вести 5торица другарчиња од средно даваат интервју во купе во воз, вајда на сител вести, не знам. Отвара списокот 1000 добитници никој од дечките не е на список. И денеска фино лепо децава си кажале дека они и уште 100тици луѓе, според нивни проценки над 300 биле, не знам, си влегле од друг влез на железничка (некој си влез кај поштата), дури и први си влегле во вагоните, им дале карти, си биле на натпреварот, си прошле супер. Македонска работа. Утре пак планираат да одат така. А утре уште поголема гужва ќе има од луѓе без билети, зашто и јас познавам другари што отишле без билет после 5 часот на место на тие што не дошле, а бесплатен воз и билет, абре топ. Како и да е вечер пак ќе има организација. Јас овојпат не аплицирам. Не сакам да бидам дел од тепачки, плачки и смешни неорганизирани лотарии. Кој сака негово право. Но битно јас вела 70% е неорганизираноста а 30% се луѓето, мафија сме бре, лакомост, секој да му ја земе туѓата среќа. Затоа и хаосот е настанат и затоа луѓе со карти не отидоа, зашто други со карти си се смешкаа во возот. Aли ако има организираност да видам дали некој без карта би отишол. Нема ќе се знае ред и мир, овде нема ништо од тоа. Тука кој стигне искористува.