не можев да најдам слика од култниот графит. Еден од најсмешните што сум ги видела, стварно безвезен, ама страшно интересен. Галсеше: Кинези мрш во Јапан!
Леле Спичлес се пресмеав на она со мандарините... Инаку да ги сметам графитите за урбана уметност... ама графитите а не чкрабаниците, а посебно политичките... ужасно ме нервираат.
Урбана уметност дефинитивно! Во последно време кај нас има стварно интересни графити. Е сега оние политички и вулгарни натписи не можам да ги ставам во уметност, графит е начин на изразување, може да биде и со цртеж и со текст, али не се начин за комуникација од тип ајде сите на митинг или сл. Тие се начин за покажување на некој социјален проблем и изразување на нечија машта.
Од самите почетоци, во 60те години на минатиот век во Њу Јорк, па се до денешно време кога наоѓаме прекрасни вистински уметнички дела на возови, згради, стари пристаништа - па дури и камиони во некои земји, графитите биле дел од урбаната хип хоп култура. Израз на протест, на внатрешни нагони, на адреналин, на маргиналното општество. Натписите кои ги гледаме во Скопје или пак низ многу други градови на Македонија и Балканот се пред се друг вид на графити, вербални пораки со сосема поинаква цел. Ако добро се сеќавам потекнуваат од Англија во времето кога панкот беше во подем... Ги сакам и едните и другите, ама додека првите ги сакам заради тоа што за такво кратко време авторите успеваат илегално и со голема доза на адреналин да создадат прекрасни цртежи на ѕидовите, кај другите обожавам да ги читам заради честиот сарказам и отсликување на нашето секојдневие, и секако за изразување на протест против некоја сегашна состојба. Пица - НЕ! Бурек - да! ; Ветерот дува - зошто не и ние?! ; Новата (де)генерација. и легендарниот графит со Лела и мандарините се само дел од она што знае секогаш да ме насмее Имаше еден смешен од некоја гимназија во Белград. Некој пишал на ѕидот. (не ми текнува точно на името, ќе карикирам) Срџан је педер! Е није! Е јесам! Ау да и има еден политички од времето кога ВМРО ги заменија СДСМ на власт и за тој до ден денес се смеам. Снеже, живти се дај му на Љубе, оти ни ја по*ба државата! Не ме тепајте за мешање на политики, ама стварно ми е смешен графитов
Графитите се урбана уметност! Ги сакам. Но често луѓето ги мешаат графитите со шкртаниците. Графити се слики кои го красат цел ѕид и кои се убаво нацртани. Може да имаат значење или да немаат, но сепак асоцираат на нешто. А оние шкртаници на партиска основа најчесто, тоа не се графити. тие се цртаат со обичен маркер или фломастер. А графитите се цртаат со специјални бои. Spoiler мене ми нацртаа еден графит на ѕид во близина на мојот дом, во моја чест. хеххехе
На еден друг сајт видов еден графит на тазе искречена зграда и пишуваше - Убаво искречено. own: own: own: own: А тие што се визуелно убави, кои не бодат во очи од негативен аспект ми се баш интересни и сметам дека се вистинска улична уметност.
Секако дека е урбана уметност... се‘ додека не е нацртан на некоја куќа или зграда која претставува нечив дом или работно место. И башка, не е лоша идеја да се изградат специјални вакви блокови за таа намена.
Мене воопшто не ми сметаат графитите..дури и ми е поубаво да ги гледам нив отколку празни (немалтарисани) ѕидови, затоа и ги сметам како уметност
Oбожавам графити,им се восхитувам на оние кои ги прават. Кај нас во Струга кај киното имаше неколку,прекрасни беа сега ги ишкртаа со глупости. Струга-албанска,Струга-македонска,политички глупости. Инаку беа навистина убави,имаше еден графит со око, колку убаво беше направено,друг со кула(тој беше совршенство како да е реален како да гледаш кула пред себе.) Имаше еден со Париз и една француска дама . Ај ќе ги фотнам некогаш, има навистина добри. Убаво би било да има посебни простори каде што можат да се цртаат графити,но не некои политички,туку слики навистина интересни и креативни. Еве некои од на Интернет: (ајде нека речат не било уметност.)
Секако дека се урбана уметност што се докажува и со сликите кои си ги ставила, се додека тоа не премине во чкртање со спрејови по ѕидови кои ги нагрдуваат улиците со вулгарни и навредливи содржини.
Уметност е навистина. Јас кога гледам интересен графит, се насмевнувам, можам само да замислам колку време и трпение треба. Графити кои ми се допаѓаат (во Скопје) се тие што ги гледам што ги прави еден мој другар. Тој е дел од една рап група, и тој на некаков начин им прави реклама, навистина е добар. Еве за што станува збор:
Според мене дефинитивно урбана уметност, само многу ми е криво на некои места каде што порано имаше многу добри графити сега тие се ишкртани или ѕидот е офарбан
Добрите графити низ градот што се направени од раце на луѓе кои се разбираат во својата работа секако дека претставуваат урбана уметност и ми се допаѓаат.Но кога ќе видам некое дерле со спреј во рака што се замислува дека е уметник е за тоа едно големо НЕ! Најдобро е секој да си ја работи својата работа.А графитите оставете им ги на уметниците, не ни ги уништувајте ѕидовите.
урбана уметност, како сликите кои погоре ги имате прикачени, ама не и сенекој да земи пипс и да си прска каде сака и што сака. низ град има многу безврска графити, ако може така да ги наречам (политички, некој си се потпишал, навреди на назионална основа итн.), кои само го нагрдуваат градот.
Абе малку се мешаат баби и жаби - графитите како натписи немаат врска со графитите како уметност, и тоа е сосема друга категорија. Додека првите се вербални пораки вторите се вистински уметнички дела најдени на ѕидовите, возовите, во некој случај и на оџаците или на комбињата. А некои од цртежите кои сте ги постирале не се ни графити туку слики направени со спреј. За да се нарече графитот графит - мора да има букви а обично тоа е потписот на crew во која спаѓа уметникот или неговото графити име под кое обавезно се става tag - потпис Spoiler десен клик помага тука, голема е сликава Као на пример Инаку има голем број на уметници кои пред да почнат да цртаат на платно ги шарале улиците по светските метрополи - Jean - Michel Basquiat или таткото на графитите, Keith Haring. И ред други. Значи графитите - да, дефинитивно урбана уметност. Ете ни доказ