како урбана уметност ги сметам! Spoiler имам и другар кој се занимава со тоа и самиот ми има објаснето дека не е никакво недолично однесување или желба за уништување на градот..нормално не зборуваше за оние кои ќе земат само спреј и ќе испочкртаат на сите страни вулгарни и бесмислени фрази! друга работа..кај нас повеќето таа работа ја сфаќаат како хулиганство од проста причина затоа што се црта на ѕидови на згради, и на други места, на кои доколку некој би ги видел како го прават тоа одма би го пријавиле. а, нормално тука се и мислењата како во другите држави младината била поцивилизирана и подисциплинирана, шеташ низ град и не гледаш такво "хулиганство" а притоа не спомнувајќи како таму самата држава има овозможено посебни ѕидови за таа намена..за се има решение, и град без оваа урбана уметност според мене на некој начин би бил мртов град.
Старфиш веќе го спомнала Bansky Восхит! Бидејќи сликите не ги покажува цели, еве http://www.banksy.co.uk/newoutdoors/index1.html#
И нашиве шкртачи ко што гледам стагнираат,активни се помладите,а голем дел од нив мислат дека си кул ако црташ графити,се сликаат до нив и сликите на Сурат Тефтер ги клаваат. Од нашиве графити цртачи би ги издвоил Strajk,Sense,Bne,Nak,Tonyo San,Jazz83,Absolut,Crime,Terk и Dread Head. Oсвен тоа,кој има пројдено кај гаражите кај ЈБТ има видено еден црвен кристален титан од генијалниот Siderni,патем стрит арт,не графит,што ако не се лажам сега е окречен. Рацете да му се исушат на тој шо го укака. А у вези Џез83,ако не се лажам он е графички техничар,така да не е чудо што има толкава прецизност у неговите ствари.
Според мене цртањето графити е еден вид уметност. Само многу ме иритира кога ќе видам дека некој „црта графити“, а всушност тоа се чкртаници. Љубител сум на тие „чудни дела“ само кога е професионално нацртано. Имам еден таков нацртан од професионалец кој е прогласен за трет во Македонија.
Уметност и пол! Секако тука се и глупите чкртаници за да ми го скршат филмот.. Имаше еден ЕПТЕН јак графит кај нас у Куманово, на онаа улица лево од Визија. Прво имаше преубаво срце и пишуваше Мејк Лав Нот Вар. А после го преправија во вистинско уметничко дело! :geek: Не можев да поминам на улицата без да се вртам како ненормална за поубаво да го видам графитот..
Има премногу грди ѕидови кои плачат за графити. Урбана уметност е секако. Ми се допаѓаат и не ги сместувам под категорија вандализам
И јас на ова гледам како урбана уметност.На нашата библиотека имаше еден ѕид кој беше ичкртан и луѓево си организираја и се направи голем убав графит исто така се направи и на едно школо.
Секако дека се урбана уметност, но не оние од типот на навредливи натписи, туку оние кои ќе го разубават sидот, и ќе бидат за воодушевување.
Правам еден проект за графити и сакам да вметнам интересни графити од Скопје. Доколку имате слики од било какви графити (било од овие „уметничкиве“ или од обични, но интересни написи со спреј), или знаете каде низ градов може да се најдат такви, пишете. Веќе сликав неколку, но ми требаат уште. Фала однапред
И јас ги сметам за уметност доколку имат смила, односно ако личат на уметнички дела. Не ми прават кејф оние кои се потпишуваат само со обични букви и ке стават некое рандом знакче во потписот демек многу креативност... Посебно им се доодушевувам, бидејки не е нешто што може да го поправиш ако се згреши, а и фактот што доколку се фатени на дело од полиција ке следуваат казни, ги прави типчињата кои ги цртат, многу храбри.
Колку и да е креативно и убаво, доколку е на лошо место лоцирано,се паѓа во вода. Штом видам дека некој уништил зграда-џабе е колку и да е убаво.
Дефинитивно урбана уметност. Нема што да се дискутира повеќе. Респектирам и интересни пораки, значи се се само не обични шкртаници кои немаат никаква врска ниту пак порака.
Тоа што се потпишуваат со обични букви им е таг. И секогаш под секој графит си го ставаат својот таг, така да за мене тоа не се чкртаници. Има многу добри графити во градов насекаде. Тоа е уметност, треба да умееш да црташ и на лист и на ѕид, требаат години за да се увежба убаво цртање. И воопшто не треба да се забранува да цртаат типциве по ѕидови..уметност е тоа.
Во Аердром имас на секој чекор натписи за МЗТ и такви ствари.Познта ни е општинава по плаво-бела боја