Додека имаат смисла се уметност. Баш во Софија графитите беа намерно сликани, пред продавници, училишта, кај мврто, се беа тематски, и беа многу убави
Интересна тема Зависи за каков графит се работи. Тие што се со вулгарни или политички пораки ич не ги можам. Ги сметам за урбана уметност оние кои испраќаат некаква порака, кои имаат уметничка вредност. За oва навистина да имаш талент. Spoiler Oсобено ми се интересни тродимензионалните. Spoiler
Доколку зборуваме за ваков графит, е уметност. Талент треба да имаш за нешто такво. Мене посебно ми се допаѓаат овие пораки. Кога ќе видам нешто вакво слично низ град морам да го сликам. Ама за шал ретки се таквите. Повеќе се е без везе, онака кој има спреј во рака ќе „црта“.
Не ме бива за цртање на букви цели такви извртени.. Јас не знам да ги читам тие. Графити сакам, ама да бидат убави, како овие горе што се, а не хероглифи да се мачам да читам.
Нашиот град е ПРЕПОЛН со графити ама ПРЕКРАСНИ графити да ти е мерак да ги гледаш а и плус за цртање графити треба да се има талент.
кај нас во школо на надворешните ѕидови шкртаат без везе се потпишуваат изразуваат љубов бла , бла...
Многу лошо изгледа кога ќе видам некој онака си се потпишал си ишкртал се шо си најдил пред себе и готово,а тоа шо изгледа гнасно не го интерсира нормално.Ако веќе се цртаат графити јас мислам дека тоа би требало да изгледа прекрасно и да биде доста добро.Имам видено доста добри графити што стварно си вредат.Освен тоа ако веќе има графити јас најмногу ги ценам ultras групите и подгрупите.Тоа најчесто го претставува градот. Но графит што сум видела во Будва тоа нешто прекрасно,фасцинантно.Пишуваше дата и под датата со прекрасен ракопис :Na ovaj dan ja sam te prvi put poljubio i u istom trenu zaljubio. Абе од мерак..
во мојот град има прекрасни графити,баш на мојата зграда има графит на навивачи .Еден од водачите на навивачите живее кај мене и побараа согласност од другите станари,дали ке им пречи ако има графит. ми се допаѓа премногу,баш многу време го работеа ама прекрасен излезе. Само ме нервираат што ставаат графити на српски клубови (Партизан и Црвена Звезда). Неколку пати сум видела како едни на други си ги упропастуваат графитите,дури и се тепале неколку пати заради истите графити. И не изгледа убаво еден врз друг графит. Сепак и тоа е уметност,треба да се цени.Не е убаво некој да се мачи да го направи и утре да дојде некој да го упропасти.
Графитите се урбана уметност доколку испраќаат некаква порака. За да се создаде дело со уметничка вредност потребен е талент.Кога се создава нешто треба да се остави впечаток кај минувачите за да остане врежано во потсвеста како квалитетно дело. За жал,на нашиве простори многу ретко се сфаќаат како такви,па затоа на бетонските плочи преовладуваат разноразни чкртаници со вулгарна и политичка содржина.
?? графити со порака art is never a crime Spoiler ^ и да тие со политичка содржина ми иде да ги пречкртам со црна боја и да напишам : не гласајте за никого , никој не ја кажува вистината
Здивот ми застанува кога ќе видам убави графити. Уште ако е силна и пораката, (читај: анти-политичка), се радувам што сеуште постојат урбаните уметници. Исто толку се восхитувам и ако видам некаков убав цртеж. Затоа сметам дека графитите треба да го претставуваат издигнувањето на уличната култура, за да се чуе ,,гласот на анонимните бунтовници'' кои во поголем број ги имаше порано. Освен тоа, не знам дали и вие сте приметиле, ама честопати пред неколку години го сретнував и графитот - ''ВИЗИЈА'' онака низ цела Македонија масовно. Дури и спроти моето живеалиште на една зграда е впишан. Единсрвено ми е жал што никогаш не ја дознав групата на младите кои ги пишува, или со каква намера и цел го прави тоа, бидејќи овој збор може да биде протолкуван на милион начини.
Графити... Ми се допаѓаат вистинските, уметнички графити насликани на некој ѕид кој што посивел од времето... Браво за нивните творци кои што се прави уметници .... Spoiler: Скопје графити
Ништо против графити на право место и во право време. Одлично стојат оние маалскине, по ѕидови или стамбени згради, каде што конвенира. И тука подразбирам убави уметнички цртежи, а не шкрабаници со пцовки или нешто слично. Али не смее да се дозволува да се цртаат графити по државни институции, по фирми и сл. За сѐ има време, место и намена, така и за графитите.
Графитите се уметничка форма на изразување која датира уште од времето на Римската империја. Улична уметност која навистина заслужува почит и внимание. Но од секогаш ги имало и ќе ги има оние НЕ уметници кои не знаат ни како да го држат спрејот во рака а камо ли нешто убаво да напишат или нацртаат на ѕид, истите оние кои без ни малку срам и почит кон некој уметник кој се слободно изразил на некој ѕид со натпис или слика од кој секој минувач останува без зборови, врз истиот да нашкрабаат некоја политика "порака". Како и да е, секоја чест и поддршка за оние кои цртаат графити. Благодарение на нив многу делови од Скопје прекрасно изгледаат. Се надевам дека во иднина ќе имаме многу повеќе ишарани ѕидови низ градов.