Уметност!! Кога може да биде уметност слика на која има шлапнато само боја и не личи на буквално ништо зошто графитите да не се прогласат за уметност?
Како помала цртав графити во тетратка, на некои луѓе дури им се допаднаа и сакаа да им го нацртам името, ама кратко после тоа го забаталив цртањето. А вака ми е многу мерак кога ќе видам некој добро нацртан графит во град, од оние интересните, со боја што се цртани, оној во близина на железничка што е Courage, плашливото куче многу ми е јак. Ама, ич не сакам некој кога ќе извади спреј и безвезно ги шкрта ѕидовите, она кога се напишани "обични" букви, најчесто со пцости и политичка позадина (иако има некои од овие политичкиве што се интересни де ).
Ми се допаѓаат графитите кои се убаво нацртани, графитите кои имаат некаква порака. Не ми се допаѓаат чктаниците во врска со политичките партии.
Графитите не би рекла дека се уметност, едноставо се синоним на слобода, креативност, исмејување, противење на режим, бунтовност-сето тоа илустративно прикажано.
Графитите се уметничка форма во која што спаѓаат сите графички дела на нечија сопственост. За мене се уметност
Зависи од содржината на графитите. "Ана, сака да те дупи Боки" под балконот на дотичната Ана, сигурно не е урбана уметност туку простотилук. Почитувам ваков облик на уметност. Сето она што служи како обид за праќање некаква порака, или општо, нешто во што е вложено време, труд и има естетска вредност е за пофалба. На времето и јас цртав графити по градот, но тоа беше одамна.