1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грашок

Дискусија во 'Рецепти' започната од tessie, 22 јуни 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Дали јадете грашок и дали редовно го приготвувате? Јас лично грашок манџа си се научив да јадам уште во градинка и оттогаш ми е едно од омилените јадења. Го приготвувам на едноставен начин:

    Во тенџере со зовриена вода ставам две коцки супа (затоа што избегнувам запршки со брашно, а не сакам да биде ептен вода, а и коцките се совршена замена за вегета и др зачини, да не мора да му ја мислиш дали многу си ставил или малку), после ставам грашок, сечкан компир на мали коцкички (обично 2 средни), сечкан морков (исто два) и го оставам тоа да се вари додека компирот не омекне (кога мислам дека е близу готово со лажица вадам едно парче од сечканиот компир да видам дали омекнал) и кога ќе видам дека е при крај запржувам малку кромитче, го ставам во манџата и на крај додавам томатело. Оставам малку да отстои да поприми манџата густина од компирите и тоа е тоа.

    Ако некој го подготвува на поинаков начин, нека сподели :)
     
    На MoreNa-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    не го обожавам :rofl: :rofl: ама го јадам под присила на мајками здраво било бла бла бла :$ :$
     
  3. aleksandrappo

    aleksandrappo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Це варат посебно грашак и царевка по своја желба.Од како ќе се сварат се додаваат моркови исечкани на коцкички и се мешаат со грашакот и царевката.Гога сето тоа ќе биди готово се печи во шпорет.Мн е вкусно.Некои оваа смеса ја ставаат во сандак ја замрзнуваат.И кога ќе ја извадат има ист вкус како конзервите со грашак моркови и царевка.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Да јадам,го јадам како манџа и со ориз :D
     
  5. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Го јадам и го приготвувам на следниов начин
    Сецкам кромид,лук,пиперка и морков го запржувам околу 5 мин па го додаван грашокот да се запржи и 1 лажичка црвен пипер сол и бибер и додавам вода ( околу 2 чаши ама да не го залие )го динствувам додека водата целосно не испари сув да биде и на крај додавам магданос .

    вака приготвен се кмбинира со сите видови на месо .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Јас си правам грашок со пилешко.

    Пилешкиот стек се сецка на коцки, се зачинува по желба (вегета, бибер, оригано, кари) се става во матено јајце и се става да се пржи.
    При крај на пржењето му додавам сирење, грашок од конзерва и се пржи уште малку.
    На крај се става рендан пармезан.

    Мене ми е превкусно.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Од толку што го сакам,најчесто не дочекувам да се вари ,па си го јадам од конЅерва :rofl:
    Инаку,најубав грашок ми подготвуваа в студентски ,со многу морков ,не беше мрсен ,ставаа и малку кромитче,колку за мирис ,не беше многу водлест ,повеќе на зрно ,баш каков што го сакам !
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Оооооооо си си си!
    Јадам и тоа како: убаво манџуле со сите мирудии, а грашок во најголем процент.
    Милина!

    Мамо ма, те сакам... кога ги чекам теглите на автобуска.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам грашок, јас најмногу го јадам дома, така да кога има грашок само за мене го придготвувам :lol:
    Баш денес мајка ми купила па се мислам како да го придготвам. :?: Обично правам некоја чорба, додавам зеленчук, или пак салата со мајонез. Дајте ми некоја нова идеја
     
  10. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Грашок јадам само во манџа и еве еден рецепт кој е ептен вкусен.
    На загреано масло пропржувам кромид и пиперка,потоа додавам мелено месо и убаво го упржувам.Откако месото ке биде убаво упржено додавам компири исецкани на мали коцки и грашок.Ставам вегета,бибер,црвен пипер и ловоров лист.Тоа се запржува малку и му додавам врела вода.Го оставам така да си крчка 2-3 часа со повремено промешување.
     
    На mal.ecka, eli25 и tessie им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Грашок манџа на мој начин...
    Во тенџере на зејтин пржам една главица кромид (помалечка)ситно сецкана заедно со две-три морковчиња исто така ситно сецкани, во текот на пржењето додавам малку водичка за да омекне зеленчукот.
    Потоа додавам една пиперка ситно сецкана и пропржувам, додавам свинско месо сецкано на коцки (поголеми), малку водичка и динстам...потоа додавам една лажица вегета и една лажица црвен пипер, промешувам и додавам еден или два патлиџани (зависи од големината) измиксани во блендер, промешувам и додавам и малку кечап или томатело (зависи што имам по дома).
    Залевам водичка и оставам на тивко се` заедно да крчка, ставам ловоров лист и малку оригано за мирис. Откако месото малку ќе се свари додавам компири сецкани на поситни коцки и оставам да се вари се` заедно и додавам вода.
    Откако компирчињата малку ќе се потсварат го ставам и грашокот (од конзерва процеден и измиен) и пак се вари.
    При крај кога месото и зеленчукот убаво ќе се сварат во една чинија вадам од компирите и грашокот и истите ги пасирам (гмечам) со вилушка, така изгмечени ги истурам во тенџерето, промешувам и оставам уште неколку минути да се варат за манџата да си добие густина.
    Инаку сите манџи ги приготвувам на сличен начин и варам на тивко (на 2-ка од ринглата) и отприлика 2-3 саати.
    Бон апетит :)
     
    На pharmacy, eli25 и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Мх мх :mm: :mm: многу го сакам, највеќе го сакам манџа со сите мирудии морков, кромид (ситно сецкан, да не се познава), томатело или патлиџани. Но не сакам пиперка во него, не знам оти ама не ми е вкусен така :)
     
  13. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Ех, грашок, грашок. Самото именце му е одвратно. :)
    Толку мало, зелено и блунтаво зрнце. Ситно, ама динамитно. Колку ли пцовки слушаш од малите деца, колку ли?!
    Никогаш не сум сакала грашок. Кога ќе слушнев дека дома има грашок ми идеше да го истурам во мијалник. Ѕрцките да му извадам. Ама, не! Морало да се јаде. Тао било најздравото зрнесто јадење за добро варење на цревата. Мх,мх, ама јас не сум пиленце. :shake:

    Една јака сторија, во одамнешните(?) години поврзана со грашоков. Грашкооович, така го викавме секој вторник исполнет со "неодолива" миризба од кујната на тетка Мира. Да, беа тоа незаборавни школски денови во дневниот простор. Не бев пребирлива, си јадев од мило помило.. ама кога ќе дојдеше вторник беше време за малку мамење.

    Договорот паѓаше секој вторник наутро, деца поспани, но сепак со разбистрени глави, бидејќи денес е тој посебниот, волшебниот ден. Денес е денот на нашиот неделен злочин, да! ]:)

    Фино, лепо, со широки насмевки на лицето одевме до кујната на тетка Мира, весело довикувајќи ја. Таа фасцинирана од нашите итроштини и умствени способности ни носеше по една врела порција манџичка со грашок, да го кркнеме додека не се излади. Додека да излезе од трпезаријата, сите дувавме во тањирите и изигрувавме најневини дечиња на целиот свет. :wasntme:

    тетка Мира: "А зошто ги понесовте ранчињата со вас бре деца, не ќе ви избега школото."
    Ние(во еден глас) : " За да не закасниме, тетка Миро. :wasntme: "

    Штом гласот и се изгуби во кујната, со брзина на светлинаата ги земавме ранчињата и ги палевме патичињата. :wasntme:

    Аа, да не зборувам и за бонусот кој ни се случуваше многу ретко, но сепак беше доволно. Имаше едно детенце, така пополничко, абе да го утепаш од штипкање. Се си јадеше, мило на дада. Кога ќе го кркнеше грашочето, трчкаше право во веце. Тогаш најбрзиот ќе го истуреше неговиот грашок во тањирот на дебелкото и со крената грава и испрчен нос ќе отидеше да се пофали на тетка Мира, и да улови некоја слатка насмевка од нејзиното задоволно лице.

    Ах, бре, како не и дојде памет на жената да не ни прави грашок постојано. А, можеби и одговараше. Го правеше како ќе и дојде знаејќи дека нема да го пробаме. :D

    Можеби постов не беше за тука, ама таков бран на инспирација ме нападна, што го почувствував миризот на манџичката :smirk: ... Чекај! :| Да не прави мама грашок? :^)
     
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Манџичката со грашок ја правам без запршки, повкусна и поздрава ми е, ја правам на следниов начин.
    500 гр, свински врат со коска го динстовам исецкан на помали парчина едно 20 мин.
    Го вадам мевцето го премивам и во тенџере ставам компир исецкан и мевцето да се врат, кога ке видам дека е при крај компирот, го дадавам грашокот (купувам исклучиво замрзнат, никако конзервиран)
    И кога ке почне да врие водичката пасирам еден компир (некогаш и готово пире) му дадавам црвена пипер вегета солца, ловоров лист , бибер. Порано го правев со брашно на крај за да згусне нели и црвена пипер но го избегавам белото брашно и со пасираниот компир е многу повкусно и поздраво авкорс. ;)
     
    На pharmacy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да јадам грашок и тоа подготвен со телешко месо. Ама дома ретко кога се прави (никој не го сака освен мене), а и дечко ми не го сака.
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе си ја пишам и мојата рецепта :D
    Сега ми текна (па сега додека најдам и сликичката... :D )
    Пред некој ден направив големо тенџере значи,теглата со грашок беше 720 г.

    Прво си ја правев запршката и одма го додадов грашокот со водата со него што беше :)
    За запршката ставив 2 мали кромидчиња со масло нели (јас иначе не јадам свеж кромид,ама за во манџа ок),го насецкав,кога почна да потемнува и запржува,одма брашно,две лажици,мешав додека зарумени брашното,потоа една лажица(или малце повеќе :wasntme: ) пипер :) И ставив уште тогаш и вегета 2 лажици. Значи одма грашакот го додадов и пошто беше многу грашок,додадов две тегли вода,значи околу литар и пол :wasntme: (од око мерките си ги правев) Потоа само додадов кечап,исто од око и манџата ми испадна превкусна :) Се вари 30-тина-45 минути,додека омекне грашокот,брзо,лесно и вкусно :) А иначе уште поубаво ќе е да се додаде и некое насецкано сланинче,онака за вкус да придобие.

    Па пробајте и кажете ако ви се допаѓа :D

    Го обожавам грашокот :inlove:

     

    Прикачени фајлови:

    • HPIM2455.JPG
      HPIM2455.JPG
      Големина на фајлот:
      92,5 KB
      Прегледи:
      840
    На eli25 и vickyy90 им се допаѓа ова.
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ја кога правам грашок обично го правам со свински врат,колбаси и најново нешто пред некој ден го правев со виршли :D може звучи чудно ама преубав беше
    Го ставив грашокот (смрзнат) во тенџере со вода ситно исечкав 1 главица кромид,1 морков,2 компира,неколку чешниња лук(обавезно го ставам во грашок) ловоров лист,вегета,бибер... па ги ставив виршлите,откако беа сварени компирите и грашокот ставив запршка(зејтин,2лаж.брашно,1лаж.црвен пипер) и готовооооо за пола саат имав вкусен ручек ;)
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Грашокот со пилешко ми е најубав иако и со свинско го готвиме.
    Најубаво нешто до сега што сум јадела е манџа од грашок со пченка и батачиња, мх, мх...
     
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Грашак неможам да смислам,оној па конзервиран што е ауф :puke: .Мајка ми го готви со телешко месо но,јас не го јадам.Неможам да му го поднесам ни мирисот ни вкусот.
    Единствен начин да се излажам да каснам грашак е во оривче на тавче,турлитава или руска салата но исклучиво да е од замрзнат и да нема премногу,односно јас да не му го осетам вкусот многу.
     
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Пред тоа не сакав гршок да смислам, но на работа гледајќи го малиот како си јаде ме привлече и мене и пробав и искрено ми стана едно од омилените јадења, мајка ми ме научи како да го правам и сеа за одлично ми оди...
    Рендам кромид, морков, компир и ги потпржувам така колку да заруменат, потоа ставам помали прчиња пушено месо и тиа ги пржам а потоа и грашокот мешам и оставам 5-10 мин да се пржи потоа со кутлач постепено ставам совриена вода во зависнот колку сакам да биде густ се вари 20-30 мин и го потпржувам.... :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.