Јас грашок несакам да смислам ама нејќам многу да пребирам и така со затнат нос во рекордни 2 мин со 4 кришки леб го јадам и станувам од маса среќна и задоволна додека не се зготви пак.
Грашакот ми е едно од омилените јадења.Еве како јас го подготвувам. Прво запржвам кромидче,морков,па го турам и грашакот-кој да се вари.Во зависност од густината која сакам да ја постигнам турам и вода.Во меѓувреме ставам компир исечкан на коцки и сето тоа заендо се динста на тивко отприлика 1 сат или сат и пол.При крајот правам запршка но не со брашно туку пасирам компир и лажичка црвен пипер,па заедно се динста уште 10 минути.Најчесто вака го спремам,а ако ставам и месо најчесто свинско прво тоа се вари околу еден сат.
Денеска имав грашок за ручек и каков сум си го направила... Петка. Мислам дека почнав сите овие зрнестиве храни да ги владеам, јас сама поубави си ги правам од мајка ми и баба ми. Два кромида, ги исечкав, со морковче, магдонос, ги пропржив. Претходно испеков една пиперка за да нема лушпи внатре (мразам лушпи), излупив домат и го исеков на коцкички, и половина тиквичка. Е сега тиквичкава е ПОЛН ама ПОЛН погодок внатре. Нели обично се става компир, као демек да пополни, ама со тиквичкава е фантазија. Многу нормално тиквичката ја сечкате на коцкички. Сите овие работи плус чаша вода ги крчкав некои што знам 15тина минути, го истурив грашокот после внатре, му ставив уште 3-4 чаши вода. Додадов ловоров лист, лукче и го варев. Потоа нели запршка со малку брашненце и повеќе црвена пипер (јас сакам повеќе) и зачини на крај ставам, две лажици вегета, малку сол и црн бибер. Прееееееекрасно!
Го обожавам премногу ми е вкусен.Најчесто го јадам во компир манџа,рецептот е сличен како од Лолита затоа нема потреба да го пишувам Иначе грашок од конзерва немам пробано,туку домашно одгледуван.Баба ми на село одгледува
Јас обожавам грашок,а за правење вака го правам Пред да се стави со останатата содржина грашокот го варам половина час и ја истурам првата вода. Во друг сад сечкам кромид,лук 2 чешниња,морков,домат,пиперка и пашканат.Сето тоа се пропржува со малце масло и црвена пипер.Му ставам и едно компирче и потоа во зависност од тоа како сакам д ами биде во густ му ставам вода и го варам околу еден час.Половина час пред вадење му ставам една мала лажичка брашно тастворено во млака вода.Сето тоа се вари додека не се соедини и се сервира подоладено малце,не жешко да не се изгорите Бон апетит
Обожавам грашок посебно манџа грашок, во скробен ден обавезно го јадам. Инаку порано не го јадев, а сега го обожавам.
Ауууу грашок ми е нешто нај нај...убаво! И никогаш нема да ми здосади макар и секој ден да го јадам. А го јадам секако и како манџа и потпечен со многу морков.
запршка со пасиран компир ?? ако мозе малку подетално , ме инересира ептен , иц некам со брашно ама друг начин незнам
Грашок со батаци или пилешко мевце најчесто правам ,и утре ми е на мени . Најпрво запржувам кромид па додавам морков ,патлиџан,пиперка (тие ми се во тегла обарени и за секој вид манџа си отварам по една тегла )и динстам се заедно ,додавам пилешко ситно сецкано или батаци обарени претходно оделени од коска само мевце и пржам убаво ,го додавам гражокот најчесто смрзнат и пак пржам помалку додавам водичка во која имам растворено коцка пилешка супа и оставам на тивко да се крчка .Бидејки сакам погуста чорба растворам 1 лаж брашно со малку сенф и вода колку да се разреди и го подметнувам во манџата зачинувам со вегета ,бибер и кари .
Ние грашакот го сакаме повеќе без месо. Прво запржувам кромид, потоа додавам морков, домат и грашакот и се да се продинста малку. Потоа постепено долевам вода, а на крај кога ќе се свари зачини и магдонос. Грашакот си бара запршка, но јас не ја сакам многу, па затоа во варењето додавам еден помал компир. Кога ќе се развари го пасирам, и така манџата си добива во густина.
Обожавам грашок, посебно кога мајка ми во класична грашок-манџичка, става чаша кечап, и чаша бело вино. Каков шмек даваат, неверојатно. Ќе го пишам деновиве и целосниот рецепт, моментално не знам се до детал... Ама нема грешка, најубав е така.
Вчера правев грашок и тоа вака: се пржи еден кромид (исецкан), ама колку да омекне само. додавам рендан морков и рендан целер (корен) и им ставам малце водичка за да се издинстаат. им ставам една коцка за супа за да може таа смеса да се згусне. Потоа го додавам грашакот (или замрзнат или од конзерва) и ставам 2 домати од кои еден рендан, а другиот исецкан ситно на коцкички. Оставам да се свари грашокот и додавам неколку ливчиња лорберт. Сол, бибер нормално. И имаме прекрасен ручек.
Еве го мојот рецепт за грашок Пропржувам кромидче , морковче заедно . После додавам мелено месо и се се пржи заедно . Потоа го додавам грашокот со павлака и се заедно во стаклен сад се пече во рерна некаде 30 мин. Најомилено јадење
Дечки освен манџичка некој др рецепт за грашок ?? Ајде ја денес ке експериментирам малку со него, па ке вииме шо ке биде ама нема да го правам како манџа, ке му смислам... Ама ако знае некој др начин на подготовка нека сподели
Правам разни комбинации, но пробајте со испечени џигери, па при крај на варењето на грашокот, иситнете го и ставете го внатре+водата и мрснинката што останала при печењето. Мераци...
Грашок манџа правам со пилешко или свинско,ама преферирам пилешко. Прво запржувам кромид,морковче потоа месото на парчиња,додавам малку вода да се динста,потоа го додавам грашокот претходно убаво измиен и уште вода и едно томатело(или домашни домати во шише).Ставам зачини вегета,бибер,сол за едно 40-50мин е готов.10мин пред да биде готов правам запршка со 2л брашно и 1 црвен пипер,па го оставам да се докркчка. Исто правам и плехче,на сличен начин. Истата постапка само се става во плехче,се пече и на крај останува и сос од томателото со грашокот,превкусно.Обично го правам кога печам кокошка и пире,тие трите работи ми одат во пакет